Лезбиски спор

Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
Лезбиски спор

Атинскиот суд го одби барањето на жителите на Лезбос женската хомосексуална популација во Грција (и пошироко) да престане да го користи терминот лезбијка. Судот не покажа сенс за фактот дека тој термин го навредува нивниот идентитет и ликот на поетесата Сафо од седми век п.н.е. која пишувала за љубовта меѓу лица од ист пол.

Подобро ќе беше Атина да ги подучи жителите на Лезбос како да го заштитат својот идентитет, а особено да го зачуваат името... (Сличноста со еден спор околу име што го наметна Грција на еден сосед е само случајна, но искуството на Грција е полезно).

Значи, Лезбос треба да се обрати до ОН, од каде што ќе побара посредник во преговорите за разликата на името што го користат лезбијките, зашто јасно е дека „копирајт“ за тоа име имаат само граѓаните на Лезбос. Со преговори, кои нема да бидат ниту брзи ниту лесни, ќе се дојде до заемно прифатливо решение во форма на „горни“ и „долни“ лезбијки (според местоположбата), но решение би било и „нови лезбијки“ кои ќе ги разликува нив од „старите“ проверени лезбијки од Лезбос, кои имаат историско право на тоа име. Не е лошо наместо географска или историска одредница пред името, решение да се најде со варијантата во заграда: како, Лезбијки (хомосексуалки).

Така, првата страна, граѓаните на Лезбос, ќе можат да се заштитат од втората страна која користи термин со иредентистички претензии кон територијата на Лезбос, но краде и дел од историјата на овој остров стара повеќе од 2.700 години.

Треба да се има разбирање за чувствата на жителите на Лезбос кои бараат изнаоѓање друго име кои лезбијките би го користеле не само за внатрешна, туку и за меѓународна комуникација со слични групации низ светот. Наедно, веднаш треба да престанат лезбиските (и геј) парадите низ светот кои претставуваат отворена провокација спрема Лезбос...




Е денеска кога го прочитав ова не можев да се изнасмеам и изначудам на нашиве јужни соседи (не бе, по никоја цена не ги именувам...). Неверојатни се, наместо да се гордеат со тоа, тие сакаат промена на терминот за женско-хомосексуалец...а баш е светски прифатен. Имате вие некој коментар?
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Мислиш јужни соседи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom