Лед Сијалици

Дискусија во форумот 'Архитектура, дизајн и уредување' започната од WiniaMKD, 5 декември 2018.

  1. WiniaMKD

    WiniaMKD

    Член од:
    28 септември 2018
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    3
    Во мојата куќа имам ЛЕД сијалици Осрам на 2700К што по мој вкус е идеално за дневен простор. Вчера купив од Анхоч ЛЕД на 2800К од производител Омега и нема допир со 2800К -Катастрофа!. Измерив со келвин метар и добив резултат од 3900К. По закон за потрошувачи во РМ мислам дека можам да ги вратам со фискална и да ми се вратат парите ?!?. Каде можам во Скопје да купам навистина квалитетен производ со точна односно прецизна спецификација? Осрамот што ги имам се купени од странство пред неколку години. Ви благодрам
     
    На Turrican му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.863
    Допаѓања:
    8.288
    Не чинат, и јас имам купувано неколку пати и побрзо прегоруваат дури од обична сијалица, нема светлина да осветли една соба плус коштаат ѓавол ипол.
     
  3. nekojtamu

    nekojtamu

    Член од:
    27 декември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    225
    Винт во Тафталиџе, кај гимназијата Ѓорѓи Димитров.

    Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
     
    На WiniaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EDCer

    EDCer No Kitty, this is my pot pie!

    Член од:
    19 ноември 2015
    Мислења:
    875
    Допаѓања:
    623
    Јас сум задоволен и од Philips што се наоѓаат по маркетите.
     
  5. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    24.735
    Допаѓања:
    29.191
    Ја купив еден куп и отпосле прочитав на интернет дека се штетни и ги баталив, по влезови, подруми...ги испоставав.
    То ти е, интернет ко ќе каже нешто, нема трте-мрте.
     
    На kicodarker му/ѝ се допаѓа ова.
  6. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    897
    Допаѓања:
    857
    а зошто се викаат лед, затоа што не греат и се ладни како лед?
     
    На alekjov му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Knoppix

    Knoppix El Patrón

    Член од:
    16 април 2012
    Мислења:
    563
    Допаѓања:
    1.719
    Ставив у дневна али ќе ги мењам многу ми некако мрачно, убаво светат да али класика си е класика плус лед трака.
     
  8. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    17.576
    Допаѓања:
    38.550
    Чудно е првите 2-3 дена, потоа се навикнуваш на светлината... од Филипс се најдобри сијалиците
     
  9. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    897
    Допаѓања:
    857
    јас мислам за осветлување со osran i philips не може да се згреше
    оние кинеските лед има некои чудно светвло даваат, со многу сенки, додека има и поприродно што светат
    а за спецификации, па денеска секој си пише што сака на пакувањето
     
  10. WiniaMKD

    WiniaMKD

    Член од:
    28 септември 2018
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    3
    Зависи кој бренд се и колку луменси имаат. Побарај појаки во зависност од просторот. За боја на класика сијалица ти треба 2700 келвини и гледај да биде бренд Филипс или Осрам (што ми е проверено) во точна јачина на светлост и боја и ќе бидеш задоволен
    --- Споено дупло мислење, 7 декември 2018 во 08:42 ---
    Најдов Осрам во Нептун по цена на 3 за 450 ден. (што е ОК). Јачина каква што ми треба 470 лумена што е еднакво на 40 вати класика сијалица, на 2700 келвина. Потоа го прочитав постот за Винт (Филипс) се јавив исто имаат екстра цени и голем избор. Инаку за штетноста целата работа е мит, штетноста е во бојата која ја гледаме односно претстојуваме. ЛЕД е технологија која намалку зрачи ЕМ. Проблемот односно штетноста е во плавиот спектар на боја. Кај ниска келвинажа не е присутна но кај повисоките е пристуна. Организамот преку плавата боја во спектарот разликува ден и ноќ. Мелатонин-от не се лачи кога има плава светлина а он е неопходен за сон, одмор и имунитет. Значи во текот на денот на пр. работите под плава (неон) светлост и тоа е ок бидејки е ден, но кога ќе се стемни организмот се подготвува за одмор и потребно му е мелатонин. Кога е присутна плавата светлина се спречува неговото лачење и тоа не е здраво за подолг период. Пред стемнување имаме многу мала количина на плава светлина, бидејки таа се расплинува во атмосферата, затоа сонцето тогаш е црвено а небото сино. Затоа 3300+ келвини е за преку ден ОК додека -3000 за ноќно време. Јас дома имам 2700 келвини (жолто, како што се старите сијалици). Поздрав
     
    Последно уредено: 7 декември 2018 во 08:57
    На artweb и Bafra им се допаѓа ова.
  11. artweb

    artweb

    Член од:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    1.595
    Допаѓања:
    818
    Во електроелемент има Hyundai led сијалици, добри се, евтини и гаранција една или две години, не ми текнува точно.
     

Сподели преку: