Легалност на внесување на македонски град како мапа за видео игра

Член од
22 февруари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
6
Се извинувам ако ви се чини малце чудна темава, дека е за видео игри, но ми треба мислење од правни лица, оти барав на неколку македонски портали, но сето тоа беше безуспешно. Би се консултирал лично со правно лице во Македонија, но моментално сум вон државата.

Ме интересира колку е законски дозволиво да се изработи одреден македонски град како мапа за видео игра (за профит)?

Која ми е целта? Целта ми е да создадам копија од одреден македонски град, може да е само одредена општина, или неколку комшилука, не е важно, и со тоа независно да издадам игра за профитни цели. Сличноста нема да биде хируршки-прецизна, но сепак би сакал да задржам одредена автентичност со изработката, познатите улици, куќи и згради, комшилуци и културни објекти. Имиња на клубови, дуќани, фирми и претпријатија, сите тие нема да бидат внесени, и ќе бидат заменети со нешто фиктивно. Претежно сите можни внесови ќе бидат видливи само однадвор и нема да има пристап до интериерот, освен за одредени внесови.

Листав по разни теми и се распрашував од разни луѓе, од Македонија и пошироко, и сите до еден ми дадоа сосема различни мислења, и уште толку ме збунија.

Од една страна добив:
- Google може да слика и снима се живо, и истото е достапно за секој да набљудува. Зборуваме за Google Street View.
- Во Google Earth веќе се внесуваат модели од станбени објекти, без никакви барања и без никаква дозвола, од секој крај на светот, па дури и од локации каде тоа би било забрането.
- Се додека не се дизајнира интериер, кој би можел да се експлоатира, никој не ми бранел да пра’ам што сакам.
- Досега имало мали-милион инстанци кај ш’о некое дете (или возрасен човек) издал виртуелна реплика на својот комшилук за сите да ја превземат и уживаат мапата, па никој ниш’о не им рекол...
Епа баш на таква работа налетав, и еве ш’о се случило, а еве и уште една работа!
- Ако отстранам сé што спаѓа под регистриран заштитен знак, брендови, имиња на дуќани, фирми и слично, тогаш имам слобода да работам што сакам.

Од друга страна добив ретки коментари кои ми рекоа дека одредени популарни згради се заштитени со авторски права и за нив треба посебна дозвола. Ако тоа е вистина, кај да барам подетални информации за такво неш’о?
Исто така се и регулациите кои велат дека е забрането фотографирање на приватен имот, без разлика дали е куќа и двор, но тоа денеска со телефони секој го прави, свесно или несвесно, и Google Earth има профитабилна верзија во која наши сограѓани внесуваат точни реплики од згради без никаква дозвола.

Се извинувам на должината и би ги ценел вашите мислења. Благодарам :)
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.266
Поени од реакции
8.293
Ке мора да правиш апдејт на играта секој месец, if you know what i mean.
Не го зафркавај сега дечкото, за озбилна намена прашува и ако не можеш да помогнеш... барем не ја носи дискусијата накај мајтап и играње курташак. Многу ме нервираат вакви „второпостирачи„ кои расипуваат цели дускусии заради лов на лајкови. Посебно кога темата е озбилна и од соодветно голема важност за ОП (првопостирачот).
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
6.652
Поени од реакции
10.683
Зошто да не можит ?

Никој град не е во приватна сопственост.:toe:
 
T

templar55

Гостин
Не го зафркавај сега дечкото, за озбилна намена прашува и ако не можеш да помогнеш... барем не ја носи дискусијата накај мајтап и играње курташак.
Не играм мајтап сериозен бев со муабетов, иначе не гледам зашто да има правни проблеми со внесување мапи...гугл на големо го злоупотребува тоа па сега за една игра не би било страшно. Ама само ке му препорачам да смени имиња на улици и институции да не бидат БАШ како што се реални. Тоа е сигурно подобра варијанта.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.266
Поени од реакции
8.293
Има разни закони во разни држави, прашањето на човеков е сосема на место. Подобро да си сигурен, отколку да плаќаш пенали. Инаку и јас сметам дека би требало да е легално користење на мапите и на екстериерот на објектите (нормално, освен кај објекти од исклучетелна државна важност: брани, важни индустриски и владни објекти, итн). Ако ништо друго гугл мапите и гугл улиците веќе направија преседан, и детални мапи и детални сателитски фотографии веќе се јавно достапни.
За ентериерот се согласувам, не би смеел да се објавува и користи (заради очигледни причини).
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
6
Не гледам зашто да има правни проблеми со внесување мапи...гугл на големо го злоупотребува тоа па сега за една игра не би било страшно.
Google го злоупотребува тоа, ама оди па допри го Google. Им требаше на EFF 800 и кусур адвокати за да почнат да ги заматуваат лицата и регистарските таблички на Google Street View.
Може па баш кај нас има неш’о, а нашите правни тимови немаат допир/надлежност до Google.

Ама само ќе му препорачам да смени имиња на улици и институции да не бидат БАШ како што се реални.
Одредени клучни работи секако ќе мора да бидат модифицирани, како на пример воена база, затвор и слично. На местото на тие работи оди нешто друго, или едноставно изгледот ќе биде сосем друг, за да не дојде до експлоатирање на истите информации.
Што се однесува за имиња на улиците, тие се некаков си вид на културно наследство и не се под некакво си авторско право, оти многу улици се всушност имиња на историски личности, но сепак, ако постои потреба, комотно истите можат само да се сменат во цифри.

Подобро да си сигурен, отколку да плаќаш пенали.
Многу јасно :)

Инаку и јас сметам дека би требало да е легално користење на мапите и на екстериерот на објектите (нормално, освен кај објекти од исклучетелна државна важност: брани, важни индустриски и владни објекти, итн). Ако ништо друго гугл мапите и гугл улиците веќе направија преседан, и детални мапи и детални сателитски фотографии веќе се јавно достапни.
Со тоа што Google веќе го воспостави, немам ја никаков проблем, оти објектот на Владата на РМ е веќе изработен во Google Earth ако не се лажам, и многу други објекти. Сепак, да ми се рече кои објекти да не ги чепкам, не ги чепкам воопшто.

За ентериерот се согласувам, не би смеел да се објавува и користи (заради очигледни причини).
За интериер кој е јавно пристаплив од сите, како на пример интериер од Црква или од слободен музеј или културен центар и неш’о слично, такви работи ми рекоа можело, али подобро да се консултирам со истите прво нели.

Најголема грижа ми се куќите и нивните дворови. Сега куќата нема може хируршки да ја погодам, секако ќе утнам неш’о, ама дали смеам пример дворот да го дизајнирам? Значи не хируршки, ама кај што им е патеката, кај што им е тревникот, тие работи да ги погодам, па ќе бапнам автомобил у дворот, наместо на тротоар (како ш’о се знае кај нас) и разно разни работи...

Ш’о повеќе работи ми кажете, кога ќе дојдам пред адвокат, да знам што да прашам :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.077
Поени од реакции
658
Најубаво да си прашаш адвокат, но се додека не користиш реални имиња на локациите и сл и не правиш комплетни идентични копии, би требало да можеш да се покриеш со истиот закон за пародија. Сите знаеме дека Бранко на Еднооки е Бранко Црвенковски, но на почетокот или крајот некаде назначено е дека сите сличности се случајни.

Колку игри има што работат на овој начин, ГТА ти е најпознат пример,
"Las Venturas and San Fierro, based on Las Vegas and San Francisco, respectively"
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
6
А за кој град станува збор?
Сега за сега, не би сакал да одговорам на тоа прашање и се надевам дека ќе ме разберете :).
Најубаво да си прашаш адвокат, но се додека не користиш реални имиња на локациите и сл и не правиш комплетни идентични копии, би требало да можеш да се покриеш со истиот закон за пародија.
Па цел ми е тоа, откако ќе се запознаам со сите можни делови од моево прашање и вашите реплики, а и наведов дека баш моментално сум вон државата, така да немам некоја можност да се консултирам со правен застапник лице-во-лице.
Темата би била пародична, ама баш ќе ми беше задоволство да беше по-прецизна реплика на вистинска локација... Сепак, не може сé ја ш’о сакам :)
Како и да е, ти благодарам многу, не бев запознаен со „Закон за Пародија“
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.868
Ako mene me prasas, odi do vladata moze i nekoja subvencija ke lapnes. Ako pa isprogramiras na razni mesta vo igrata vmrovski i makedonski znaminja moze i ministar ke zavrsis. Kako tyzee lapna paricki.
:icon_lol:
 

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Ако ставиш име на град кој има повеќе од 20% немнозинско население, тогаш мораш двојазично да го пишеш градот, во согласност со уставните одредби.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.265
Поени од реакции
8.226
Не се замарај, од легален аспект.
 
На врв Bottom