Легална борба против ЕВН и Топлификација

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Oдлично...

Планирам да ги нападнеме членовите: член 9 во ставовите 2,4 и 5; член13; член 53; член 56 став 3 и член 66
се’е ОК, но мислам дека подобро би било преку ПП да се контактирате/ме во врска со горенаведеното- причината ти е позната(се надевам) :) а и темава да се избрише
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
за оваа математика ние во другата тема дискутиравме уште пред 2 дена :)

Најпаметен потег е делот од предлог законот со кој секој стан треба да има калориметар и да си плаќа онолку колку што ќе потроши (исто како вода, струја и слично). Но овде се јавува друг проблем кој ги засега топлификација и поради тоа вршат притисок , Што се случува со топлината која се губи низ инсталациите , доколку се користат калориметри никој нема да ја плати и ќе испадне на товар на топлификација т.е тоа е нивна загуба. До сега овие загуби ги плаќаа станарите затоа што калориметрите беа постравувани на влез во подстаницата на објектот и потрошената енергија беше делена по квадратура на становите. Заради ова топлификација одбиваше да инсталира калориметри кај секој потрошувач посебно затоа што загувиде во системот ги плаќаа корисниците, а од сега ќе ги плаќаат исклучените корисници... (јбг монопол си е монопол едноставно им се може...)
Со цел да се намалат овие загуби и да нема никакви проблеми и сите да бидат среќни и весели потребно е да се постават нови инсталации во 90% (ако не и повеќе) од објектите со што би се намалиле загубите на топлина при транспорт, но сепак повеќе им се исплати на топлификација да си ги бричи муштериите отколку да инвестира.
А за тоа дека исклучените корисници преку ѕидовите добивале топлина од корисниците и од инсталациите кој поминуваат непосредно е проблем на топлификација која дозволила да се користи топловодно греење иако објектот има слаба изолација и инсталациите не се изолирани.
Друг проблем на топлификација е тоа што нивна е само инфраструктурата до стамбените објекти (не е нивна туку им е отстапена на користење од државата), а додека инсталациите во објектите, пумпи топлино изменувачи и се останато се на сопствениците на објектот.
Има уште милион ситници поради неправилности, нестручност, лоша изведба, дупки у закон поради кој има загуби во системот на топлификација и бидејки топлификација е многу повлијателна врз регулаторна комисија затоа сите овие трошоци ги покриваат граѓаните...

А кога сме кај загубите на енергија кој ние ги плаќаме од џеб тука е и инсталираната моќност која евн ни ја наплаќа секој месец како +33% од сметка само поради тоа што електричната инфраструктура е застарена и место да инвестираат во модернизација на истата со цел да ги намалат загубите они ни лупаат +33% на сметките и ич не им чуе, но ова е друга тема , пред некој ден најдов еден многу добар пост на еден блог за оваа тема па деновиве ќе пробам да отворам нова тема и овде (послабо сум упатен во електрична енергија па ми треба некое време да ја разработам темата :))
Правиш една суштствена грешка, бидејќи сметааш дека мерењето со калориметри е точно.
Таква идеја застапуваат Регулаторна и Топлификација. Тие велат, сега мерењето не е сосема О.К, но кога ќе се стават „распределители “ наводно ќе биде О.К. А колкава штета до тогаш ќе претрпат граѓаните тоа не зборуваат, ниту гарантираат дека подоцна со тие „ распределители “ ќе се добие точно мерење
Секое мерење не е точно и од секогаш со мерењето се правеле најголеми измами во прометот. Затоа од секогаш државите ги контролирале мерењата. И ние имаме Закон за метрологија и Биро за метрологија
Начинот на мерење кој сега го користи Топлификација не е предвиден со закон или некој пропис за задолжителна употреба и затоа Државата не гарантира за точноста на таквото мерење.
Едноставно, во грејната сезона 2007/2008, Топлификација, за да се си ги зголеми приходите, без било каков правен основ, го наметна овој начин на мерење.
Дури на крајот на март 2009 Регулаторна, со одобрување на Мрежните правила го „ легализираше “, овој начин на мерење. „ Легализираше “ е во наводници, бидејќи Регулаторна нема таква надлежност.
Регулаторна има пет члена, од кои еден е економист, а еден правник, јас се сомневам дека тие било кога слушнале за поимот начин на мерење, а вршеле „ легализација “и ако Регулаторна нема таква надлежност.
Инаку одредувањето на начинот на мерење е многу одговорна техничка работа, бидејќи според така одбраниот начин илјадници граѓани треба да плаќаат. Таква надлежност нема ниту Бирото за метрологија. За такви работи, Државата формира комисии од врвни експерти, кои ги анализираат сите можни начини на мерење, анализираат искуства од земјата и странство, вршат проби, тестови и потоа предлагаат најпогоден начин на мерење кое Собранието го одобрува со закон.
А кој нас гледаш што се случи, Топлификација сама си одбра начин на мерење кој нејзе најдобро и одговара.
А последиците од тоа се очигледни....
Затоа немој да веруваш во мерења кои не се одобрени од Државата и за чија точност не гарантира Државата

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Oдлично...
Јас утринава почнав да ја подготвувам иницијативата за пред Уставен суд во врска со Правилата за снабдување со топлинска енергија.
Те молам ако сакаш стави го овде и поднесокот за Државен Пазарен Инспекторат - за ЕВН, кој го постави на другана тема. Мислам дека добро ќе ни дојде.

Еве го Законот за заштита на потрошувачи.

А ова е Организација за заштита на потрошувачи, планирам да ги посетам и да се информирам дали можат околу нешто да ни помогнат (макар советодавно).
http://www.opm.org.mk/

Што се однесува до поднесоците и сите други правни документи, мислам дека не би било лошо кога ќе направиме финална верзија на документот, истиот да има што повеќе подносители, нешто во вид на документ - петиција, да не биде во стилот "секој сам свој поднесок си прави", а на крајот пак ништо. И се знае, потоа шерувајте каде ќе стигнете;) Само да не има што повеќе;)
 
Attachments

Член од
3 август 2012
Мислења
6
Поени од реакции
9
Oдлично...
Јас утринава почнав да ја подготвувам иницијативата за пред Уставен суд во врска со Правилата за снабдување со топлинска енергија.
Правилата се достапни на интернет страницата на Регулаторна:
http://www.erc.org.mk/Uploads/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
Планирам да ги нападнеме членовите: член 9 во ставовите 2,4 и 5; член13; член 53; член 56 став 3 и член 66
Во оспорување на овие членови, потребно е да се повикаме и на човековите права, како би можело, евентуално да се вложи жалба во Стразбур ( Судот во Стразбур прима жалби исклучиво за повреди на човековите права )
Како ќе напредувам во составување на оваа иницијатива ќе се консултирам со Вас.

Тоа што плаќаш енормно високи сметки на АД Топлификација се должи на две работи:
1. Системот на Топлификација е вештачки поделен на три дела, производство, дистрибуција и снабдување. Секој од овие делови има лиценца и добива одобрување од Регулаторна и на тој начин ги „ ѕидаат “ цените.
2. Почнувајќи од грејната сезона 2007/2008, Топлификација самостојно наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Овој начин на мерење не е точен и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Тој плус е се движи од најмалку 14% , па нагоре....
Благодарејќи на ова Топлификација испорачува астрономски сметки.
Сметката која ја плаќаш е три до четри пати повисока !, од колку што би требала реално да биде. Така да тие десетина посто што ги спомнуваш не се ништо во однос за тоа колку реално треба да плаќаш. Реалната цена е околу 18 денари месечно за квадратен метар загревана површина, па сам пресметај колку повеќе плаќаш
За високите сметки Топлификација, најнапред ги обвинуваше „ диво приклучените “, а подоцна, кога огромен број граѓани се исклучија, ги обвинуваше „ исклучените “ кои наводно со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “ добивале топлина, која „ неисклучените “ ја плаќале.
Тоа е далеку од вистината. Со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “ не е можно да се пренесе некое позначајно количество топлинска енергија. и ова Топлификација го прави само во стилот „ држете го крадецот “
Во тоа можеш и сам да се увериш. Кога ќе почне грејната сезона, со вентилот, исклучи ги радијаторите, па ќе видиш колку ќе се стоплиш со „ поминување на цевки “
Да не го задржуваме вниманието на другите учесници во дискусијата со ова, во прилог ти праќам дел од мојата изјава подготвена за Јавниот обвинител во која е прецизно објаснето и пресметано, колку топлина на овој начин може да се пренесе[/quotе

Се регистрирав само за да можам да се приклучам на оваа иницијатива. Немам никакви правни познавања околу топлификација но би сакала доколку се покренува некаква правна регулатива околу ова прашање активно ќе лобирам за потпишување на дали ќе биде тоа тужба за човекови права до Салзбург или друг вид ве молам контактирајте ме. Голем поздрав за иницијативава.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
се’е ОК, но мислам дека подобро би било преку ПП да се контактирате/ме во врска со горенаведеното- причината ти е позната(се надевам) :) а и темава да се избрише
Во право си, ми текна на ова уште на почетокот. Белјата е во тоа што ако идеме undercover, многумина кои сакаат да се вклучат нема ни да знаат за акцијава.Од друга страна па сме ептен на нишан.
Изгледа ќе мора некако да проверуваме кој се има роднини во ЕВН, да не биде после "неко овде меѓу нама није наш". ;)
Имаш некој предлог како да го решиме проблемов? Пиши ми на ПП.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
А кој нас гледаш што се случи, Топлификација сама си одбра начин на мерење кој нејзе најдобро и одговара.
А последиците од тоа се очигледни....
Затоа немој да веруваш во мерења кои не се одобрени од Државата и за чија точност не гарантира Државата
Јас само кажав како би требало, односно како би функционирало доколку сите се држат до правилата :)
а за тоа дека калориметрите дека треба да се калибрираат од страна на некој кој ќе е овластен од страна на биро за метрологија (или пак од истото) и да нема никаква допирна точка со топлификација, и пред почетокот на секоја грејна сезона да се повтори истата постапка така би било најдобро.
сепак мене не ми одат баш правните работи јас сум повеќе по техничкиот дел.

а за прецизноста и калибрирањето на мерачите е сосема друга приказна, не е само до калориметрите, а што е со струјомерите, водомерите, пумпите на бензинските (кој според мене највеќе не крадат ), па се до обичните ваги на пазар или пак во локалните продавници.
многу работи не функционираат како што треба затоа треба да се почне со поправките од некаде :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Знам дека ова иде многу далеку али може ли со референдум да се бара либерализација на целиот пазар на енергенси и укинување на регулаторните комисии и мешањето на власта ?

Дека јас како што го гледам ова ако се иде само по ова покачување и да изгубат на суд они пак ќе најдат некој друг начин да ги дигнат цените како еве со укинување на ефтината тарифа и за вечер после 22.
--- надополнето: 3 август 2012 во 15:36 ---
Во право си, ми текна на ова уште на почетокот. Белјата е во тоа што ако идеме undercover, многумина кои сакаат да се вклучат нема ни да знаат за акцијава.Од друга страна па сме ептен на нишан.
Изгледа ќе мора некако да проверуваме кој се има роднини во ЕВН, да не биде после "неко овде меѓу нама није наш". ;)
Имаш некој предлог како да го решиме проблемов? Пиши ми на ПП.
На каков нишан ?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
На каков нишан ?
Секој кој работи во правна служба на Топлификација или ЕВН може да се приклучи и да чита што стратегија подготвуваме, со што автоматски се здобива со тактичка предност.

Затоа луѓе, пишувајте овде поопшто, а сите конкретни предлози, документи и ваши поднесоци праќајте ги по ПП. Или кај мене, или кај Смрт за зони и пајак возила.
 
Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Абре мои мили Кајганаџии незнам ова вака не се трпи ние можиме се да подготвиме али ништо нема да постигниме. Кој ќе стои зад нас. Одма ќе не згазат. Јас сум многу изреволтиран ми иди да одам да го заплам то ЕВН. Кај нас што и да ни прават ние ќутиме. Никој не се буни.
 
L

.Lost Angel.

Гостин

Да ги викнеме Браќата наши и да ни помогнат да видиш како све ќе си биде у реду :D
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Абре мои мили Кајганаџии незнам ова вака не се трпи ние можиме се да подготвиме али ништо нема да постигниме. Кој ќе стои зад нас. Одма ќе не згазат. Јас сум многу изреволтиран ми иди да одам да го заплам то ЕВН. Кај нас што и да ни прават ние ќутиме. Никој не се буни.
Ако имаш априори ваков негативен и малодушен став, не придонесуваш воопшто за дискусијава.
Од каде таа потреба некој друг да стои зад тебе?! Не ли можеш лично ТИ да стош зад твоите зборови и дела? Каде ти е самодовербата?
Сфати дека токму поради таквата малодушност не газат и експлоатираат. И ќе продолжат се додека им дозволуваш.

Чудо како и држава имаме со вакво размислување, стварно чудо:facepalm::facepalm::facepalm:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Абре мои мили Кајганаџии незнам ова вака не се трпи ние можиме се да подготвиме али ништо нема да постигниме. Кој ќе стои зад нас. Одма ќе не згазат. Јас сум многу изреволтиран ми иди да одам да го заплам то ЕВН. Кај нас што и да ни прават ние ќутиме. Никој не се буни.
Се прашувам кога ќе дојде тој момент кога веќе на македонците нема да им е гајле дали ќе ги згазат или не зошто веќе не се трпи.

Впрочем тука не се планира револуција се планира или да се иде на суд ( што јас мислам нема шанси да успее ) или да дојде да каже Зона за Пајаци дали може за оваа тема да се иде на референдум.

Ако се иде на референдум тогаш навистина ќе стане интересно.
 
Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Се прашувам кога ќе дојде тој момент кога веќе на македонците нема да им е гајле дали ќе ги згазат или не зошто веќе не се трпи.

Впрочем тука не се планира револуција се планира или да се иде на суд ( што јас мислам нема шанси да успее ) или да дојде да каже Зона за Пајаци дали може за оваа тема да се иде на референдум.

Ако се иде на референдум тогаш навистина ќе стане интересно.
Да да ама гледај ова стварно беше нечовечки што го направија ЕВН. Ова кај сите пробуди револт кај некој малце кај некој повеќе. Значи треба темава да ја промовираме да го пробудиме тоа револуционерското кај граѓаните да го гртиме треба лавот македонски. Па тогаш да видиш како ќе се плашат.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Ако се иде на референдум тогаш навистина ќе стане интересно.
Референдумско Прашање:
Дали сакате да се поскапи парното и струјата?
Да Не
Баш се чудам кој би бил исходот...:)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Во право си, ми текна на ова уште на почетокот. Белјата е во тоа што ако идеме undercover, многумина кои сакаат да се вклучат нема ни да знаат за акцијава.Од друга страна па сме ептен на нишан.
Изгледа ќе мора некако да проверуваме кој се има роднини во ЕВН, да не биде после "неко овде меѓу нама није наш". ;)
Имаш некој предлог како да го решиме проблемов? Пиши ми на ПП.
Предлагам лустрација да се спроведи на форумов, почнувајќи од почетокот во 2005-та, да трае до датумот на стапување на сила на законот, потпишан од севишнио Acid
 
Kajgana Shop

На врв Bottom