Легализација на странски документи во македонија со апостиле (TEFL, IELTS)

Член од
6 септември 2020
Мислења
10
Поени од реакции
0
Здраво, имам една дилема околу легализација на два странски документи кои се на англиски:

-TEFL сертификат (не TOEFL, ова е само сертификат за тренинг на наставници)
-IELTS сертификат

Порано имам правено легализација на документи со апостиле (диплома) и го знам процесот за кога документот е издаден од македонска институција. Е сега проблемот е што најдов работа во странство и бараат документите да се стриктно со апостиле за да бидат прифатени како легални документи во таа држава. ТЕФЛ сертификатот ми е издаден од Англија, пратен на домашна адреса. ИЕЛТС сертификатот ми е од центар за странски јазици во Скопје но и тој е на англиски.

Дали некој има искуство со тоа како може овие два документи да се нотаризираат и потоа легализираат со апостил со оглед на тоа дека немам македонски оригинали од нив?

ПС- знам дека IELTS i TEFL се меѓународно признат сертификат, ама ете во Виетнам ми го бараат легализиран со апостиле и него, не се дел од хашката конвенција.

Благодарам.
 
Член од
21 јуни 2022
Мислења
14
Поени од реакции
15

Здраво,
Легализацијата на документ со апостил значи дека со апостил печат (Хашка конвенција) се потврдува веродостојноста на печатот на документот кој се легализира.
Тоа значи дека документот од Англија треба да биде легализиран со апостил печат таму.
Македонскиот документ, би можел да биде легализиран доколку овластеното лице на Центарот за странски јазици депонирало свој потпис во судот. За тоа е најдобро да се праша во суд и во Центарот за странски јазици.

Било каква друга заверка на нотар, па легализација, не ја потврдува авентичноста на документот.

За Англија, нотарите и други фирми даваат како услуга посредување и легализирање со апостил печат. Сигурен сум дека можеш преку веб да најдеш ваква услуга, да го испратиш документот па да го вратат.

За Македонија, мораш да провериш суд и Центарот за странски јазици.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom