Мислам дека не сум единствена којшто се соочува со имотно-правни проблеми што се пречка за легализација. Ќе го наведам мојот пример. Се надевам дека некој знае како да се постапи во ваков или слични случаи.
Ве молам, ако некој може да ми помогне околу проблемот со легализација на објект, ќе му бидам многу благодарна.
Купивме парцела на којашто изградивме викендичка, прилично оддалечена од оградата помеѓу нас и соседите. Инаку, оградата е таму многу пред да ја купиме парцелата и сметавме дека е на меѓата. Барањето за легализација го предадовме навреме, а веднаш потоа и елаборатот. Но, испадна дека со едно ќоше од градбата сме навлезени 25 цм во парцелата на соседите (се на се, станува збор за 5 м2). Сопственикот на парцелата е умрен, а не е направена физичка делба на имотот. Прво прашање е како може да се реши овој имотно-правен проблем (верувам дека не сум единствена што го има), а второ - дали со тоа што го запазив рокот за пријавување и го предадов елаборатот, ми останува уште време да го решам некако проблемот со навлегувањето од 25 цм (ненамерно) во соседната парцела? Уште еднаш однапред благодарам за секоја информација.