Условно кажано лоша работа кај Апасиев, ако може така да се каже, е тоа што со неговата појава и јавни настапи им поставува високи нивоа на своите сопартијци, во очите на гледачите се очекува секој од нив да биде како Апасиев, да настапува со иста реторика. Чоекот просто кажано е ексцентрик, привлекува внимание со неговата појава и настап. Крмов е батката од соседството на кој што му викаш здраво секој ден и си продолжуваш со животот, не се замараш. Не дека ова е лоша особина, на дечкото му фали само поголема самоувереност, не дека треси глупости.
Шекеринска пример е стара лисица, треси глупости сто на саат ама кога говори задржува внимание врз себе. На овој му фали завршеток, ептен е некако праволиниски од почеток до крај, ако тоа воопшто има некаква смисла.