Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
Се кладел кутриот, на форум, за политика :pos: :pos:
Влог: своето виртуелно присуство на одредена платформа :pos: :pos:
Kladbata e baska, slikata Anon, slika ima vo potpis.
Inaku kladbata e od pred tri godini i ja dobiv. Toa e ona sto ja pravi razlikata pomegju kolku jas razbiram a kolku vie mislite deka razbirate. Imas ti nekoj post koj go izdrzal zabot na vremeto?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Многу работи се кажаа и изнапишаа за Шарената револуција последните години, и што треба и што не треба. Некои упорно се обидуваат да мешаат баби и жаби, да ги поврзуваат протестите од тоа време со сегашните настани. А тоа главно го прават исфрустрирани вмровци кои уште не можат да се помират што Грујо не е веќе на власт.

Еве и јас одев на неколку протести на Шарената револуција во мојот град. И не се срамам да го кажам тоа, дури сум и горд до некаде. Заборавате изгледа каква беше ситуацијата тогаш. Имавме власт споулавена од моќ која веќе не бираше средства да си ги оствари целите и која газеше и уништуваше се’ што пробуваше да им се спротивстави. Кога веќе доаѓа нож до коска редно е да се каже сиктер на една таква власт. Никој што излезе на улица во 2016 година немаше на ум промена на име или некакви геополитички игри. Мотивот беше внатрешни промени и подобар живот а целта беше пад на до тогаш (а според мене и се уште) најлошата власт што владеела со државата.

Па уште некои се дрзнуваат да прашаат дали да се врати времето пак би учествувал во такви протести. Апсолутно дека би учествувал. Секогаш би протестирал против Груевски и неговите фрикови. Тоа беше нужно за државата во тој момент. И да, гневен сум на Заев и крајно разочаран што тие луѓе останаа неказнети за нивните криминали. Што и да направи оваа влада во иднина тоа за мене нема влијание на мојот став за тие протести тогаш. Тоа беше една убава идеја да се избориме за подобар живот пред се за младите луѓе.
Каде беа тие шарени „револуционери“ (и ти со нив) кога се менуваше името со газење на уставот и референдумот? Зошто повторно не излеговте на улица да ја рушите хунтата како што го рушевте режимот? Некако ги преспавте сите случувања после падот на режимот, а Македонија настрада баш во тоа време.
Нема никакво оправдување за куртон-револуционерите, сносат директна одговорност за сите премрежија на Македонија и Македонците.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Kladbata e baska, slikata Anon, slika ima vo potpis.
Не ја гледам. Веројатно е нешто крајно ретардирано и ја имам одамна блокнато со адблокер. Чек да видам.
Дап, потврдено. А потврдено е и за тебе дека сакаме да заборавиме па ете сум ја блокирал :pos:
Imas ti nekoj post koj go izdrzal zabot na vremeto?
Скоро сите.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.654
Поени од реакции
7.550
Многу работи се кажаа и изнапишаа за Шарената револуција последните години, и што треба и што не треба. Некои упорно се обидуваат да мешаат баби и жаби, да ги поврзуваат протестите од тоа време со сегашните настани. А тоа главно го прават исфрустрирани вмровци кои уште не можат да се помират што Грујо не е веќе на власт.

Еве и јас одев на неколку протести на Шарената револуција во мојот град. И не се срамам да го кажам тоа, дури сум и горд до некаде. Заборавате изгледа каква беше ситуацијата тогаш. Имавме власт споулавена од моќ која веќе не бираше средства да си ги оствари целите и која газеше и уништуваше се’ што пробуваше да им се спротивстави. Кога веќе доаѓа нож до коска редно е да се каже сиктер на една таква власт. Никој што излезе на улица во 2016 година немаше на ум промена на име или некакви геополитички игри. Мотивот беше внатрешни промени и подобар живот а целта беше пад на до тогаш (а според мене и се уште) најлошата власт што владеела со државата.

Па уште некои се дрзнуваат да прашаат дали да се врати времето пак би учествувал во такви протести. Апсолутно дека би учествувал. Секогаш би протестирал против Груевски и неговите фрикови. Тоа беше нужно за државата во тој момент. И да, гневен сум на Заев и крајно разочаран што тие луѓе останаа неказнети за нивните криминали. Што и да направи оваа влада во иднина тоа за мене нема влијание на мојот став за тие протести тогаш. Тоа беше една убава идеја да се избориме за подобар живот пред се за младите луѓе.
Едно е да протестираш против Груевски, друго е да протестираш против Груевски како дел од група чија цел е да го донесе Заев на власт. На почетокот кога полтроните на СДС и невладините уште си ги немаа отворено картите е сосема разбирлива желбата за протест против таа веќе комплетно изгубена власт на ДПНЕ.

Али да одиш на протести чија цел е да го донесат Заев и СДС на власт беше комплетно предавство.

Сите што излегоа да си гласаат на тие избори и ги заокружија СДС ја предадоа државата. Тука нема нешто многу за дебата ж. Комплетно наивни или луѓе без капацитет можеа само да веруваат на бајките на СДС за правна и цивилна држава. Се друго е перење на сопствената совест.

А ако толку ви беше гајле за правната и цивилна држава како што тврдите како што ви кажа другиот член каде бевте на протестите против двојазичност и промена на името?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
Не ја гледам. Веројатно е нешто крајно ретардирано и ја имам одамна блокнато со адблокер. Чек да видам.
Дап, потврдено. А потврдено е и за тебе дека сакаме да заборавиме па ете сум ја блокирал :pos:

Скоро сите.
Zatoa jas pamtam, ne se srkiraj.
A za drugoto ete cim ti velis taka, taka neka bidi. A i da ne e fino lepo ke zaboravis i pu pu nevazi.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Каде беа тие шарени „револуционери“ (и ти со нив) кога се менуваше името со газење на уставот и референдумот? Зошто повторно не излеговте на улица да ја рушите хунтата како што го рушевте режимот? Некако ги преспавте сите случувања после падот на режимот, а Македонија настрада баш во тоа време.
Нема никакво оправдување за куртон-револуционерите, сносат директна одговорност за сите премрежија на Македонија и Македонците.
А каде тоа ти виде протести? Се организираше нешто? Излезе масовно народ на улица? За жал не. Да имаше чесни и искрени протести зошто да не излезам? Јас како што знам имаше само смешни обиди за протест од маргинални ликови за кои не вреди ни патики да врзам камо ли да излезам на улица. Ако ме прашаш мене зошто немало вакви протести тоа не знам да ти кажам, и јас сум изненаден.

Е сега една друга работа... Некогаш заборавате и дека не секој човек како индивидуа мора да има ист став со другите. Еве јас немам став дека треба да бутам глава со ѕид, да одам да викам да се врати името а цена да биде пропаст на државата. И мене ме боли промената на името ама од друга страна гледам реално на работите дека тоа беше масло на меѓународната заедница, дел од грда геополитичка игра на наш грб. Ама за жал беше нужно зло. Мој став е дека како држава немаме подобра алтернатива од ЕУ и НАТО, колку и тие да не се совршена алтернатива. А мене можноста за напредок на мојата земја и со тоа моите можности да напредувам како поединец во неа ми се најбитни. Извини ама не се палам на комити, војводи и фаланги и не живеам од историјата. Сакам да живеам сега и денес.
Автоматски споено мислење:

Едно е да протестираш против Груевски, друго е да протестираш против Груевски како дел од група чија цел е да го донесе Заев на власт. На почетокот кога полтроните на СДС и невладините уште си ги немаа отворено картите е сосема разбирлива желбата за протест против таа веќе комплетно изгубена власт на ДПНЕ.

Али да одиш на протести чија цел е да го донесат Заев и СДС на власт беше комплетно предавство.

Сите што излегоа да си гласаат на тие избори и ги заокружија СДС ја предадоа државата. Тука нема нешто многу за дебата ж. Комплетно наивни или луѓе без капацитет можеа само да веруваат на бајките на СДС за правна и цивилна држава. Се друго е перење на сопствената совест.

А ако толку ви беше гајле за правната и цивилна држава како што тврдите како што ви кажа другиот член каде бевте на протестите против двојазичност и промена на името?
Скоро сите што беа во Шарената револуција гласаа за Заев, тоа е факт. Причината сепак е едноставна - СДСМ беше единствена опција која можеше да го сруши режимот на Груевски. Секој глас за некоја од другите помали партии одеше во пропаст и само му ја зајакнуваше позицијата на Грујо. Еве во тоа време мене Левица ми беше супер симпатична партија ама знаев дека нема моќ да го сруши режимот. Тоа што Заев не ги исполни очекувањата е веќе друга работа.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
А каде тоа ти виде протести? Се организираше нешто? Излезе масовно народ на улица? За жал не. Да имаше чесни и искрени протести зошто да не излезам? Јас како што знам имаше само смешни обиди за протест од маргинални ликови за кои не вреди ни патики да врзам камо ли да излезам на улица. Ако ме прашаш мене зошто немало вакви протести тоа не знам да ти кажам, и јас сум изненаден.
Па каде беа истите тие „револуционери“ да излезат повторно на улица? Со месеци фрлаа куртони со боја по фасадите, ја демолираа канцеларијата на претседателот, а потоа ги немаше никаде. Требаше повторно истите да излезат, после февруарската револуција во Русија се случила нова во октомври. А овде немаше никој од шарените куртони, иако нивните барања не беа исполнети. Можеби нивната цел беше да се случи баш она што се случи. Продадено име, продаден идентитет, продадена историја, продадени сонародниците во соседните земји. Згора на сè, предавниците и понатаму продаваат, а патриотите гнијат во зандани.
Ете тоа е таа шарена куртон-револуција, тоа се куртон револуционерите. Дел од нив дебело наплатија, другите се трансформираа во политичка партија и сега ќе го враќаат (мало сутра) назад она што самите го предизвикаа.
Е сега една друга работа... Некогаш заборавате и дека не секој човек како индивидуа мора да има ист став со другите. Еве јас немам став дека треба да бутам глава со ѕид, да одам да викам да се врати името а цена да биде пропаст на државата. И мене ме боли промената на името ама од друга страна гледам реално на работите дека тоа беше масло на меѓународната заедница, дел од грда геополитичка игра на наш грб. Ама за жал беше нужно зло. Мој став е дека како држава немаме подобра алтернатива од ЕУ и НАТО, колку и тие да не се совршена алтернатива. А мене можноста за напредок на мојата земја и со тоа моите можности да напредувам како поединец во неа ми се најбитни. Извини ама не се палам на комити, војводи и фаланги и не живеам од историјата. Сакам да живеам сега и денес.
Сакаш да живееш сега и денес, ама дали ти е подобро од вчера? Се подобри ли нешто освен ситните ронки фрлени за замачкување на очи? Што ќе им оставиш на идните поколенија? Нашите предци крвавеле за Македонија, вие ја предадовте.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Па каде беа истите тие „револуционери“ да излезат повторно на улица? Со месеци фрлаа куртони со боја по фасадите, ја демолираа канцеларијата на претседателот, а потоа ги немаше никаде. Требаше повторно истите да излезат, после февруарската револуција во Русија се случила нова во октомври. А овде немаше никој од шарените куртони, иако нивните барања не беа исполнети. Можеби нивната цел беше да се случи баш она што се случи. Продадено име, продаден идентитет, продадена историја, продадени сонародниците во соседните земји. Згора на сè, предавниците и понатаму продаваат, а патриотите гнијат во зандани.
Ете тоа е таа шарена куртон-револуција, тоа се куртон револуционерите. Дел од нив дебело наплатија, другите се трансформираа во политичка партија и сега ќе го враќаат (мало сутра) назад она што самите го предизвикаа.
Пишав во претходниот пост ама ај пак - појма немам зошто немаше протести за името. Еве и јас бев изненаден. Низ годините очекував кога ќе дојде до моментот да се смени името да има големи протести кои ќе ескалираат можеби и во насилство. А ништо од тоа не се случи. Имаше некои јалови обиди само. А битно е и кој ги организира тие протести. Нема сигурно да излезам да поддржам протест организиран од Бачев, Солза Грчева, Тодор Петров или некој сличен. Ова се луѓе кои не заслужуваат никаква почит и внимание.

Кои бе патриоти гнијат во затвор? Мислиш на оние од 27-ми април? Тоа што некој ги нарекува нив патриоти е една од работите што покажуваат што не чини во државата. Најголем дел од тие луѓе беа изманипулирани граѓани. Ама фронтмените на настанот кои и беа судени се обична криминална багра. Класични тепачи и рекетари најмени да повредат некого и ако можат да предизвикаат дури и граѓанска војна, и тоа само за личен интерес на уште поголеми криминалци. Тој настан е срамен чин и како таков треба да се памети. Во Шарената револуција барем никој не беше повреден.
Автоматски споено мислење:

Сакаш да живееш сега и денес, ама дали ти е подобро од вчера? Се подобри ли нешто освен ситните ронки фрлени за замачкување на очи? Што ќе им оставиш на идните поколенија? Нашите предци крвавеле за Македонија, вие ја предадовте.
Ако под ова „вчера“ мислиш на времето на Груевски одма ќе ти одговорам - ДА. Живеам подобро од тогаш. Имам слобода на мислење, не се плашам за реваншизам кон мои блиски ради моите ставови (нешто што го имам осетено на своја кожа во време на паторот), можам да барам работа во приватни фирми без некој да ми бара црвена книшка (исто искусено лично) и конечно, не живеам веќе во држава за потсмев каде народот се задојува со антички бајки додека мала група луѓе ограбува се по ред.

На моите поколенија сега можам да им оставам многу повеќе поради тоа што сега имам поголема можност за личен напредок.

За ова „вие ја предадовте“ не знам што да ти реплицирам пошто не знам кој сме тоа „ние“. Ниту работам во владата ниту имам некоја врска со политичките одлуки.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Јас на пример, не живеам ни подобро ни полошо од претходно.
1. И тогаш и сега за вработување требаат дебели врски
2. Тогаш ќе ти ја нападнеа фамилијата заради искажани ставови, сега може во затвор да заглавиш
3. Тогаш ограбуваше мала група, сега малку поголема, но ограбувањето не престанува
4. Тогаш народот се палеше на антика, сега на придавките
5. Тоа што можев тогаш а и сега да им оставам на моите поколенија е она истото: наследство добиено од моите претци
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Пишав во претходниот пост ама ај пак - појма немам зошто немаше протести за името. Еве и јас бев изненаден. Низ годините очекував кога ќе дојде до моментот да се смени името да има големи протести кои ќе ескалираат можеби и во насилство. А ништо од тоа не се случи. Имаше некои јалови обиди само. А битно е и кој ги организира тие протести. Нема сигурно да излезам да поддржам протест организиран од Бачев, Солза Грчева, Тодор Петров или некој сличен. Ова се луѓе кои не заслужуваат никаква почит и внимание.

Кои бе патриоти гнијат во затвор? Мислиш на оние од 27-ми април? Тоа што некој ги нарекува нив патриоти е една од работите што покажуваат што не чини во државата. Најголем дел од тие луѓе беа изманипулирани граѓани. Ама фронтмените на настанот кои и беа судени се обична криминална багра. Класични тепачи и рекетари најмени да повредат некого и ако можат да предизвикаат дури и граѓанска војна, и тоа само за личен интерес на уште поголеми криминалци. Тој настан е срамен чин и како таков треба да се памети. Во Шарената револуција барем никој не беше повреден.
Автоматски споено мислење:



Ако под ова „вчера“ мислиш на времето на Груевски одма ќе ти одговорам - ДА. Живеам подобро од тогаш. Имам слобода на мислење, не се плашам за реваншизам кон мои блиски ради моите ставови (нешто што го имам осетено на своја кожа во време на паторот), можам да барам работа во приватни фирми без некој да ми бара црвена книшка (исто искусено лично) и конечно, не живеам веќе во држава за потсмев каде народот се задојува со антички бајки додека мала група луѓе ограбува се по ред.

На моите поколенија сега можам да им оставам многу повеќе поради тоа што сега имам поголема можност за личен напредок.

За ова „вие ја предадовте“ не знам што да ти реплицирам пошто не знам кој сме тоа „ние“. Ниту работам во владата ниту имам некоја врска со политичките одлуки.
Сериозен си за болдов?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
За ова „вие ја предадовте“ не знам што да ти реплицирам пошто не знам кој сме тоа „ние“. Ниту работам во владата ниту имам некоја врска со политичките одлуки.
Под „вие“ ги подразбирам учесниците во протестите кои го донесоа Заев на власт.
5. Тоа што можев тогаш а и сега да им оставам на моите поколенија е она истото: наследство добиено од моите претци
Не ќе можеш. Ти наследи име и идентитет, веќе го немаш ни едното ни другото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom