Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Да не се лажеме, сегашнава Левица е финансиски потпомогната од ДПМНЕ со цел да откине гласови на СДСМ.
После ако им се создадат околности може ќе влезат во влада со ДПМНЕ.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.847
Патетика е спотов.
Но ваша работа си е тоа кого сакате подржувајте.

Смешен е Апасиев кога на почеток од спотот зборува: Ова беше земја во која си бевме другари, пријатели......

Кој му е крив што сега пример Апасиев со пола и повеќе од старото членство на Левица не е другар?
Да не му се криви за тоа останатите соосновачи на Левица? Баш се безобразни тие останатите основачи на Левица кои се дрзнале да му се спротивстават и да му противречат на Апасиев, кога овој се обиде и за жал успешно презеде контрола над Левица.

Да не се лажеме, сегашнава Левица е финансиски потпомогната од ДПМНЕ со цел да откине гласови на СДСМ.
После ако им се создадат околности може ќе влезат во влада со ДПМНЕ.
Прво ќе го плукаат на улица, а второ му завршува автоматски она шо може да се нарече политичка кариера поради специфичното гласачко тело кое го поддржувa ако отворено изигра со жмро.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Прво ќе го плукаат на улица, а второ му завршува автоматски она шо може да се нарече политичка кариера поради специфичното гласачко тело кое го поддржувa ако отворено изигра со жмро.
Со никого Левица нема да игра, а ќе ремети доста.
Единствен борец за работникот и обичниот граѓанин е само Левица како опција на овие избори. Сите останати се про ЕУ или про РУ. Ниедна од партиите коишто ќе имаат можност да имаат мандатар нема да ги сака у влада. Боље си проаѓаат со албанците за праење влада.
 
Левица не влезе во коалиција со СДСМ 2016 и наведе неколку причини зошто го прават тоа, од истите тие причини не смее да влезе во коалиција со жмро, поддршката која ја добиваат е поради тоа што се гледа на нив како трета опција, алтернатива на Курто и Мурто, не дека се сјајни политичари со беспрекорна политичка структура позади нив. Прво залетување во пиздарии и ќе биде љетив на кров за нив, заради како што реков специфичната целна група која ги поддржува.

Сега гледам одат на се или ништо се секакви понуди за укинување на се и сешто како и со покренување на разно разни законски иницијативи, шо по мое мислење делува несериозно, толкав обем на понуди паушално нафрлани никој нема да го земе здраво за готово. Во секоја актуелна тема избираш цел и тоа е она со кое настапуваш, не расфрлање на секаде и создавање контрапродуктивен ефект.

Толку силни пораки, секоја пооделно дискутабилна до небо и назад. Ако излезат на дебата и почнат да им поставуваат прашања околу сево ова погоре^ се надевам имаат конкретни одговори и сето тоа е добро анализирано како би го спровеле.

Јас ги поддржувам иницјативите во поглед на верските заедници, само проблемот е шо тие имаат влијание врз 2/3 од гласачкото тело кај нас, така да за почеток не би го гибал тоа осило. Кога Курто и Мурто играат ептен дипломатски со нив...

Најмногу замерки имаат шо оставаат несериозен впечаток, а настапуваат со идеи од кои дел беа во претходниот систем, на шо наидуваат автоматски на отпор и негодување, или пак нешто неконвенционално за наше поднебје, сепак е ова едно лицемерно кобајаги конезервативно опшество.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Сегашниов систем ни е куршлус, треба од корен менување. Дечкиве се млади, чисти ко солза со CV веќе објавено и достапно. Ќе реметат во парламент, на следни избори ќе си напраат влада.
Треба крај да се стави на ова политичко богатење, продавање се што е македонско, губење идентитет, држава и што уште не.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Левица не влезе во коалиција со СДСМ 2016 и наведе неколку причини зошто го прават тоа, од истите тие причини не смее да влезе во коалиција со жмро, поддршката која ја добиваат е поради тоа што се гледа на нив како трета опција, алтернатива на Курто и Мурто, не дека се сјајни политичари со беспрекорна политичка структура позади нив. Прво залетување во пиздарии и ќе биде љетив на кров за нив, заради како што реков специфичната целна група која ги поддржува.

Сега гледам одат на се или ништо се секакви понуди за укинување на се и сешто како и со покренување на разно разни законски иницијативи, шо по мое мислење делува несериозно, толкав обем на понуди паушално нафрлани никој нема да го земе здраво за готово. Во секоја актуелна тема избираш цел и тоа е она со кое настапуваш, не расфрлање на секаде и создавање контрапродуктивен ефект.

Толку силни пораки, секоја пооделно дискутабилна до небо и назад. Ако излезат на дебата и почнат да им поставуваат прашања околу сево ова погоре^ се надевам имаат конкретни одговори и сето тоа е добро анализирано како би го спровеле.

Јас ги поддржувам иницјативите во поглед на верските заедници, само проблемот е шо тие имаат влијание врз 2/3 од гласачкото тело кај нас, така да за почеток не би го гибал тоа осило. Кога Курто и Мурто играат ептен дипломатски со нив...

Најмногу замерки имаат шо оставаат несериозен впечаток, а настапуваат со идеи од кои дел беа во претходниот систем, на шо наидуваат автоматски на отпор и негодување, или пак нешто неконвенционално за наше поднебје, сепак е ова едно лицемерно кобајаги конезервативно опшество.
Избегнав безброј пати да ги критикувам, ама ова е ептен без врска. Ќе укинувале казина, чачкаат во религија, па глупостите за Баскија да не ги споменувам. Најискрено ми е жал, но со оваа несериозност губат гласови.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Левица е потребна во парламент со најмалку 5 пратеници за да одржи каков таков баланс во поглед на одржување на некој национализам, и да го замрзне барем прашањето на договорите со Бг и гејците привремено. Во меѓувреме да се истражат сите правни мерки и криминалот(предавствата) кои беа направени за да се дојде до гнасното потпишување на договори и промена на устав. Ако испливаат гомнариите и ако оди во добар правец политиката во светов за година дена можеби ќе имаме поместување во враќање на тоа што е наше.
За да се случи тоа ни треба мнозинство помеѓу ВМРО и Левица без можност да им паламуди никој.
Другата опција е СДС и премиер албанец и тотален распад на системов, повеќе од очигледно е.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Да бе како не, затоа повеќе десничари ќе гласаат за Левица него ли за дпмне.Ако е сателит партија на дпмне тогаш нема да настапува со овие тези, нели гледаш како настапуваат оние "десничарски" партии на сдс.

Левица е единствена партија која го заслужува гласот на овие избори.
Кажа човекот зошто веќе не се во Левица тие.

Партијата е смешно повеќе да ја именуваме како " Левица ".
На оваа партија сега повеќе и стои да ја именуваме како " Десница ", и онака се магацин партија на ДПМНЕ.

Ќе пробаат ако успеат на таквите како тебе да ги убедат за гласање, да им земат гласови на избориве и после да прават коалиција со ДПМНЕ.
Но за несреќа на Левица / Десница изборниот систем во државава не им оди во прилог на помалите партии и голема е веројатноста во неколку изборни единици Левица/Десница да имаат по неколку илјади гласови без пратенички мандати.
Автоматски споено мислење:

Прво ќе го плукаат на улица, а второ му завршува автоматски она шо може да се нарече политичка кариера поради специфичното гласачко тело кое го поддржувa ако отворено изигра со жмро.

Нема да успеаат да земат пратеници, овде многумина сметаат дека Левица/Десница ќе освои најмалку 5 пратеници, но изборниот систем во државава не оди во прилог на таквите партии.
Максимум 1 мандат ако освојат и тоа во 1 изборна единица, во Скопските централни градски подрачја.
Автоматски споено мислење:

Со никого Левица нема да игра, а ќе ремети доста.
Единствен борец за работникот и обичниот граѓанин е само Левица како опција на овие избори. Сите останати се про ЕУ или про РУ. Ниедна од партиите коишто ќе имаат можност да имаат мандатар нема да ги сака у влада. Боље си проаѓаат со албанците за праење влада.

Токму од болдираното, затоа и ќе си гласам за ГДУ.
Они се проЕУ, а вие форумџиите на форумов без врска ги сметате за Бугарофили.

А вие кои сте инаети како магариња, па сте против ЕУ интеграција, што мислите ако го вратите ДПМНЕ на власт дека тие ќе ги поништат договорите од Преспа и со Бугарија?
Прво ќе кажат од ДПМНЕ откако ќе се вратат хипотетички на власт дека немаат двотретинско мнозинство во Парламент, второ немаат Бадентер за промена на уставот.

Луѓето од ГДУ се за правда во општествово, за ЕУ интеграција, се за намалување на бројот на пратеници во Собрание на 90 ( според мене максимум 50 пратеници во Собрание да има).

Додека оние од Левица/Десница кокетираат со ДПМНЕ, и никаде ги нема да се за намалување на бројот на пратеници, ниту да се за една изборна единица, спомнуваат некои глупости во нивната кампања, ги наведе дел од глупостите членот на форумов Клин во неговиот коментар погоре.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Прво ќе кажат од ДПМНЕ откако ќе се вратат хипотетички на власт дека немаат двотретинско мнозинство во Парламент, второ немаат Бадентер за промена на уставот.
Враќањето на уставните промени не мора преку парламент да оди.
Уствари уставот не можеше ни да се смени без референдум, затоа што се што оди контра референдумот 91 не може собрание да го менува. Тоа се прости работи во правото, и може да се поништи цела таа глупост. Да не зборам за други прекршувања, а и уцените и сл. ако се најдат докази за тоа.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Левица е потребна во парламент со најмалку 5 пратеници за да одржи каков таков баланс во поглед на одржување на некој национализам, и да го замрзне барем прашањето на договорите со Бг и гејците привремено. Во меѓувреме да се истражат сите правни мерки и криминалот(предавствата) кои беа направени за да се дојде до гнасното потпишување на договори и промена на устав. Ако испливаат гомнариите и ако оди во добар правец политиката во светов за година дена можеби ќе имаме поместување во враќање на тоа што е наше.
За да се случи тоа ни треба мнозинство помеѓу ВМРО и Левица без можност да им паламуди никој.
Другата опција е СДС и премиер албанец и тотален распад на системов, повеќе од очигледно е.

Ти си барем отворено самиот напишал дека Левица/Десница е сателит слуга на ДПМНЕ и дека нивната цел е да се пикнат во коалиција со ДПМНЕ.
Нешто што го успешно остварија некои ситни борании од партии во минатото како Социјалистите на Ѕинго или Стевче Јакимовски со неговите громови.

Ова ако се оствари ќе биде катастрофа, нема да има Евро интеграции, туку ќе имаме Афро интеграции со ликови од типот н а Субрата Рој, ќе ни доаѓаат повторно такви инвеститори.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ти си барем отворено самиот напишал дека Левица/Десница е сателит слуга на ДПМНЕ и дека нивната цел е да се пикнат во коалиција со ДПМНЕ.
Нешто што го успешно остварија некои ситни борании од партии во минатото како Социјалистите на Ѕинго или Стевче Јакимовски со неговите громови.

Ова ако се оствари ќе биде катастрофа, нема да има Евро интеграции, туку ќе имаме Афро интеграции со ликови од типот н а Субрата Рој, ќе ни доаѓаат повторно такви инвеститори.
Не постои договор, туку ова јас што го пишувам природно се наметнува и е наша најдобра шанса. Евро интеграции ќе има од причина што ВМРО е бајаги поспремна со кадар и подисциплинирана барем во тој дел. СДС ти е багра на неписмени идиоти.....нема еден саглам човек, а верувај ми знам многу луѓе во СДС.
Пак ќе речам, не е лесно да браниш политичка партија....компромитирачки е до ѓавола, ама јас сакам невозможни мисии. Ако не биде така како што викам и сакам џабе ќе биде и име и репутација не само на форумов туку и во реален живот. Ќе мора секако да се бара чаре надвор од тука....овие се докажани недомаќини, не дај боже уште една шанса да им се даде!

Иначе Субрата Рој беше политички маркетинг, а можеше да пропере некоја пара он од Индија што на крај немаше да биде лошо по државава.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Партијата е смешно повеќе да ја именуваме како " Левица ".
На оваа партија сега повеќе и стои да ја именуваме како " Десница ", и онака се магацин партија на ДПМНЕ.

Ќе пробаат ако успеат на таквите како тебе да ги убедат за гласање, да им земат гласови на избориве и после да прават коалиција со ДПМНЕ.
Но за несреќа на Левица / Десница изборниот систем во државава не им оди во прилог на помалите партии и голема е веројатноста во неколку изборни единици Левица/Десница да имаат по неколку илјади гласови без пратенички мандати.
Автоматски споено мислење:

Нема да успеаат да земат пратеници, овде многумина сметаат дека Левица/Десница ќе освои најмалку 5 пратеници, но изборниот систем во државава не оди во прилог на таквите партии.
Максимум 1 мандат ако освојат и тоа во 1 изборна единица, во Скопските централни градски подрачја.
Автоматски споено мислење:

Токму од болдираното, затоа и ќе си гласам за ГДУ.
Они се проЕУ, а вие форумџиите на форумов без врска ги сметате за Бугарофили.

А вие кои сте инаети како магариња, па сте против ЕУ интеграција, што мислите ако го вратите ДПМНЕ на власт дека тие ќе ги поништат договорите од Преспа и со Бугарија?
Прво ќе кажат од ДПМНЕ откако ќе се вратат хипотетички на власт дека немаат двотретинско мнозинство во Парламент, второ немаат Бадентер за промена на уставот.

Луѓето од ГДУ се за правда во општествово, за ЕУ интеграција, се за намалување на бројот на пратеници во Собрание на 90 ( според мене максимум 50 пратеници во Собрание да има).

Додека оние од Левица/Десница кокетираат со ДПМНЕ, и никаде ги нема да се за намалување на бројот на пратеници, ниту да се за една изборна единица, спомнуваат некои глупости во нивната кампања, ги наведе дел од глупостите членот на форумов Клин во неговиот коментар погоре.
Одјеби, сите те знаеме дека си татар со лажен профил
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Враќањето на уставните промени не мора преку парламент да оди.
Уствари уставот не можеше ни да се смени без референдум, затоа што се што оди контра референдумот 91 не може собрание да го менува. Тоа се прости работи во правото, и може да се поништи цела таа глупост. Да не зборам за други прекршувања, а и уцените и сл. ако се најдат докази за тоа.

Да бе, како некое дивјачко племе, па нема уставните промени да одат преку Собранието.

Признај си самиот, десничар си, десно си ориентиран, а твојата десница ако се врати на власт нема да го врати името, ем нема да имаат доволно пратеници од две третини за такво нешто и Бадентер кај малцинствата, ем им стиска стравот од ЕУ државите, нема да сакаат да се замерат со ЕУ и САД и да го вратат името назад, нема ниту да пробаат.

Сега само се силат и глумат врќање на името, за гласови сега предизборно глумат малуомност, која за жал им поминува кај доста од народот.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Леле еден куп вмровци и комуњари во темава. Спамаат ли спамаат.
Се повеќе ми се чини дека Левица ќе има повеќе од очекуваното на избориве чим од штаб ги тераат тука да пишуваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom