- Член од
- 29 јуни 2014
- Мислења
- 25.799
- Поени од реакции
- 42.423
Читајќи го форумов човек ќе заклучи дека 90% од народот е за Левица, но изгледа 90% од нивното членство е на форумов па затоа делува така.
Друже за оваа би гласал со двете раце, нозете и со курот.
90% од младите неопределени, што главно се по интернет редит форумиЧитајќи го форумов човек ќе заклучи дека 90% од народот е за Левица, но изгледа 90% од нивното членство е на форумов па затоа делува така.
Сегде на Балканот се како куртони, ги боли кур за државата. Ок да е некоја земја каде се е средено, па да ги боли кур кој настапува на изборите и кого треба да изберат, ама во ваква ситуација е безобразно да не пратат барем малку од малку политика...90% од младите неопределени, што главно се по интернет редит форуми
Девојче ти правник ли си? Вака ми стоиш како у канцеларија адвокатска да работиш?Врз основа на член 35, став 2, алинеја 23 и чл. 53, ст. 1, ал. 2 од Статутот на
Политичката партија Левица (2019) – Президиумот, на својата редовна седница
одржана на 16 август 2021 година, го донесе следниов
П Р А В И Л Н И К
ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОНАЦИИ
Член 1
Предмет на уредување
(1) Со овој Правилник се уредува собирањето финансиски средства за
делување на Левица по основ на задолжителни донации – како редовен и
статутарно предвиден прилив на парични приходи на Партијата.
(2) За сè што не е предвидено со овој Правилник, важат соодветните
одредби од Статутот и другите општи акти на Левица.
Член 2
Основи за задолжително донирање
(1) Обврска за задолжителни донации имаат сите избрани или именувани
лица на јавни функции преку Партијата.
(2) Како избрани или именувани лица на јавни функции преку Левица, во
смисла на овој општ подзаконски правен акт, се сметаат:
- Претседателот на РМ;
- пратениците во Собранието на Р. Македонија;
- советниците во советите на општините и градот Скопје;
- градоначалниците во соодветните општини;
- премиерот, министрите (со или без ресор) и замениците-министри во
Владата на РМ;
- државните секретари во соодветните ресори;
- раководители на сектори или други административни службеници;
- шеф или член на кабинет на државен/локален функционер;
- надворешен или внатрешен советник на јавен функционер;
- портпарол, член на протокол или лице за односи со јавност;
- членови на управни или надзорни одбори во јавни претпријатија и
институции;
- директори или раководители на јавни установи, државни органи или
локални институции; како и
- други јавни функционери (општински или републички) кандидирани или
вработени во јавната администрација преку Партијата.
Политичка партија ЛЕВИЦА
ПРЕЗИДИУМ
________________________________________________________________________________
2
Член 3
Висина на задолжителната донација
(1) Стапката на задолжителната донација ја утврдува Президиумот.
(2) Лицата од членот 2 на овој Правилник задолжително донираат
најмалку 10% од целокупните свои месечни приходи кои ги добиваат како плата,
хонорар, паушал или каков било друг дополнителен надоместок или трошок за
извршување на функцијата.
Член 4
Задолжителна уплата на донациите
(1) Задолжителното плаќање на донациите на избраните или именуваните
членови на Левица на јавни функции се извршува на месечно ниво, како утврден
вообичаен временски интервал на уплата и тоа во рок не подолг од седум дена по
примањето на платата/надоместокот/хонорарот.
(2) Задолжителната донација, по правило, се плаќа преку уплатница/налог
за пренос – на банкарската трансакциска сметка на Левица.
(3) Избраните или именувани лица од Левица можат да ја плаќаат
задолжителната донација и преку „каса–прими“ кај партискиот благајник [т.е.
лицето задолжено за материјално-финансиското работење], кое води посебна
евиденција на ваквите донации.
Член 5
Контрола над редовната уплата на донациите
(1) Контрола и надзор над редовното намирување на задолжителните
донации врши партискиот благајник, односно лицето овластено за материјално-
финансиско работење на Левица.
(2) Лицето одговорно за материјално-финасиското работење, на
Президиумот, му реферира со доставување месечни извештаи за извршените
задолжителни донации.
(3) Првите три месеци од изборот или именувањето на јавна функција
преку Партијата се сметаат за т.н. „грејс-период“, во кој јавните функционери се
ослободени од плаќање на задолжителната донација спрема Левица.
Член 6
Санкции за неплаќање донација
(1) Редовното и навремено намирување на задолжителната донација спаѓа
во основните законски, статутарни и правилнички членски обврски на секој јавен
функционер избран или именуван преку Левица.
(2) Со потпишувањето на Изјавата за прифаќање на кандидатура која се
поднесува во Државната / Општинската изборнаа комисија се воспоставува
несоборлива правна претпоставка дека лицето е запознаено со условите во овој
Правилник и со другите интерни акти на Левица и дека истите доброволно,
безусловно и неотповикливо ги прифаќа.
Политичка партија ЛЕВИЦА
ПРЕЗИДИУМ
________________________________________________________________________________
3
(3) Нередовното плаќање на задолжителната донација, во временски
период од три месеци, кои не мора да бидат последователни, ќе се смета за тешка
дисциплинска повреда и основ за поведување дисциплинска постапка против
членот – по службена должност, како и за иницирање на соодветна судска
постапка за намирување на членскиот долг кон Партијата.
Член 7
Преодни и завршни одредби
(1) Правилников влегува во сила со денот на донесувањето и истиот ќе
биде објавен на официјалниот веб-сајт на Партијата.
(2) Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи
Правилникот за задолжителни донации (од 19.10.2020 година).
(3) Овој интерен Правилник ќе важи и за актуелните избрани или
именувани лица кои освоиле мандати на претходните избори (претседателски,
парламентарни или локални
*********************************************************************************************
...до тука, ќе коментираме ли?
ајде вака, што значи „Доанција“?
Што е донација?
Донација е доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не
создава директна корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот
на донацијата. Донацијата може да биде дадена за:
• цели од јавен интерес, или
• за поддршка на активностите на примателот.
...како тоа во Правилникот на политичка партија на Левица постои „задолжителна донација“ и како тоа „за иницирање на соодветна судска постапка“ кога донација е ДОБРОВОЛНА, лидерот ДА како експерт по кривично право измислува закони???
Достоен, ае шо плукаш, плукаш по Левица, кажи ни за тебе коа е алтернативата, шо, зошто, оти, како итн итн.Овие сите што стискаат цепки во Политички случувања да ти биле тешки активисти на Левица, па по секоја цена им ги перат глупостите на професорот. Хаос, ова е само почеток
Задолжителна донација е инаку легален рекет, како сакате речете, за тоа што те ставиле на функција. Ако постои задолжителна донација, на партијата и е од интерес да вработува членство на Левица за поголема добивка, што оди у неповрат она дека Левица се бори против партиско вработување. Абе, нездрави реално треба да се врати данок на живот, ко у турско, може нема да раѓаат идиоти ко вас за штета, па ќе се роди желбата за слобода на македончето, вака си го креваме курот со пцовки на професори кои не палат и уживаме како не шамараат дури ни ја кројат иднината.