За да нема такви непродуктивни препукувања, смени го начинот на обраќање и не провоцирај... И дискутирај за темата, а не да делиш квалификации кој имал и кој немал појма!
Значи вака... Која е најекстремна ’десна’ одеолошка форма? Одговор: фашизмот...
А што ни кажува историјата на Македонија... Подвоеното ВМРО имало и свое фашистичко крило со кое што раководел Тодор Александров... Тоа крило ја претставувала десницата на таа организација. Според мене, имало и подобра алтернатива од таа на Александров...
Ајде да се приближиме малку. со времето.. До периодот на НОБ и Ченто... Дали Ченто бил лево или десно ориентиран? Одговор: лево ориентиран... никој со сила не го натерал да стане комунист? Во однос на политиката на Колишевски се разликувал во идеите што да се прави со Македонија, а не и во врска со идеологијата...
Ајде сега да стигнеме и до самостојна Македонија... Која влада досега имала “најлев“ начин на владеење? Одговор: Груевски!
Леле што ме насмеа. Абе, ти си немал врска. Дај прелистај некоја социологија да ти се разјаснат елементарните работи. Да почнеме од ред.
1. Ако ја кажуваш најекстремната форма на десницата- фашизмот, биди коректен па кажи ја најекстремната форма на левицата- а тоа е комунизмот, кој ние, за жал, го живеевме 50-ина години.
2. Што ти знаеш, жити бога за Тодор Александров, еден од најголемите синови на Македонија. Каков фашизам сврзуваш со него? Па, тој кога е убиен ( 1923 год.) фашизмот топрва почнал да се јавува во Германија и Италија. Агендата на Тодор Александров не содржела идеолошка компонента. Само национално ослободување, т.е. Независна и Обединета Македонија.
3. Многу Македонци влегле во НОБ не да креваат револуција, т.е. да го менуваат системот, туку да се ослободи македонија. Е, што комунистите при крај на војната, и посебно по војната ги ликвидирале или маргинализирале за да ја наметнат комунистичката диктатура( и да имаат монопол на власта)- второ лице на фашизмот, тоа на сите веќе е позната работа. Ченто никогаш не бил комуниста, тој е бил, просто македонски патриот. Да е бил комунист зошто комунистите би го убиле, како и другите патриоти што зеле учество во војната.
4. Гледам дека не го сакаш Груевски. Кога не го сакаш Груевски, значи дека не ги сакаш ниту поголемиот дел од Македонците кои гласале или сега го подржуваат Груевски. Твојата омраза кон Груевски ниту на него ниту на нас , неговите подржувачи, не значи ништо. Причината што не го сакаш е определбата на Груевски, дефинитивно,да раскрсти со минатото и сите вредности системи што одеа со минатото.За тебе, и други како тебе, тоа ке направи голема празнина, која со ништо повеќе не може да се пополни.