Лајкни ми ја сликава

Ч

Чај

Гостин
НЕзнам дали на некој од вас му се случило,али мене ми се случува постојано и не можам да ја разберам глупавштината и идиотизмот кој е во највисока фаза моментално кај народот. Ми стигнува порака на фејсбук, со линк од некоја слика (која по некоја случајност беше најнова во неговиот фото албум) и типот ми вели : Плс лајкни ми ја сликава.Кога ја отворив сликата под него пишуваше “ Ми се допаѓа“ значи ако ми се допаѓа би стиснала лајк. Што е поентата со ова глупирање никогаш не ми е јасно, кога беше актуелен hi5 ми стигна еднаш порака, плс коментирај ми ја сликава, а кога искоментирав “Ружна слика“ коментарот беше отстранет и добив ново барање за повторен коментар овој пат убав.

И да е вирус, мислам дека би пронашле лек побрзо за сидата него ли за оваа глупавштина што се случува. Никогаш не успеав да ги разберам тинејџерските хормони на фејсбук.:toe: :toe:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има две бесконечни работи: Универзмот и човековата глупост. А кога ќе размислам подобро, универзумот можеби и има крај. Ајнштајн убаво го срочил тоа.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Мислам дека ќе му дојде крај на Фејс како на Hi5.Прашање на време.Мислам дека и MSN-то отиде во историјата (за некои може не).Поглупа работа од Фејс немам видено.Ставаш слики аднуваш пријатели и толку што има повеќе да се губи време на сајтот незнам?
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Мислам дека ќе му дојде крај на Фејс како на Hi5.Прашање на време.Мислам дека и MSN-то отиде во историјата (за некои може не).Поглупа работа од Фејс немам видено.Ставаш слики аднуваш пријатели и толку што има повеќе да се губи време на сајтот незнам?
MSN 4ever! Мсн никогаш нема да замре :D Моментално е демоде дека сите се на фејсбук, иначе понатаму ќе си се вратат на старо :D
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
MSN 4ever! Мсн никогаш нема да замре :D Моментално е демоде дека сите се на фејсбук, иначе понатаму ќе си се вратат на старо :D
мало сутра.... и да отиде фејсбук во историја мсн-то нема да се врати од таму. има многу по квалитетна замена на пример скајп или јаху месинџер... мсн немам уклучено па добри 5-6 години...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Мислам дека ќе му дојде крај на Фејс како на Hi5.Прашање на време.Мислам дека и MSN-то отиде во историјата (за некои може не).Поглупа работа од Фејс немам видено.Ставаш слики аднуваш пријатели и толку што има повеќе да се губи време на сајтот незнам?
На човечкиот идиотизам никогаш нема да му дојде крајот!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
И да е вирус, мислам дека би пронашле лек побрзо за сидата него ли за оваа глупавштина што се случува. Никогаш не успеав да ги разберам тинејџерските хормони на фејсбук.:toe: :toe:
Па не оди на фб и hi5 или исклучи тие опции и решена работа...соу симпл. Без везе прашањава
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Типичен популизам. Ставање провокативни слики и статуси со цел истите да бидат лајкувани. Гревчиња!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
НЕзнам дали на некој од вас му се случило,али мене ми се случува постојано и не можам да ја разберам глупавштината и идиотизмот кој е во највисока фаза моментално кај народот. Ми стигнува порака на фејсбук, со линк од некоја слика (која по некоја случајност беше најнова во неговиот фото албум) и типот ми вели : Плс лајкни ми ја сликава.Кога ја отворив сликата под него пишуваше “ Ми се допаѓа“ значи ако ми се допаѓа би стиснала лајк. Што е поентата со ова глупирање никогаш не ми е јасно, кога беше актуелен hi5 ми стигна еднаш порака, плс коментирај ми ја сликава, а кога искоментирав “Ружна слика“ коментарот беше отстранет и добив ново барање за повторен коментар овој пат убав.

И да е вирус, мислам дека би пронашле лек побрзо за сидата него ли за оваа глупавштина што се случува. Никогаш не успеав да ги разберам тинејџерските хормони на фејсбук.:toe: :toe:
На Facebook не ми стигнала порака со такво барање, но усно, преку СМС, повик и MSN, Skype, GTalk ми има стигано и тоа многу, уствари сеуште ми стигаат. Уште кога излезе Facebook знаев дека луѓето кои трошат по неколку часа ( 24 часа ) на овој сајт ќе станат зависници и фрикови, и не сум згрешил.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Чичко Марфи убо кажал... Направи апликација шо можи секој идиот да ја користи, и САМО ИДИОТИ ќе ја користат.

Па сега, вие пресудете си и одценете си од каде вакви пораки и коментари.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Мене па никој не ми кажал да му лајкнам слика, видео или статус. Ваљда затоа што често праам чистка на фејсбук па ги нема идиотите у мое окружување. И стварно тапа е веќе фејсбук, се откажав јас оддамна, сеа го користам ради малку мои причини. А емесен нема да умре, не му давам. Само лошо е шо многу луѓе веќе се откажаа од емесен и се префрлија на глупавион чат на фб шо кочи.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Мислам дека ќе му дојде крај на Фејс како на Hi5.Прашање на време.Мислам дека и MSN-то отиде во историјата (за некои може не).Поглупа работа од Фејс немам видено.Ставаш слики аднуваш пријатели и толку што има повеќе да се губи време на сајтот незнам?
Како и сите други социјални мрежи што беа атрактивни порано, така и Фејсбук за некое време ќе замине во историјата. Сите тие работи се минливи, за брзо време ќе дојде нешто друго што ќе го прегази Фејсбук.

MSN 4ever! Мсн никогаш нема да замре :D Моментално е демоде дека сите се на фејсбук, иначе понатаму ќе си се вратат на старо :D
И на MSN ќе му пројде времето, моментално најголем број го користат помладите х - 17/18 години. Не дека ги нема и повозрасни што уште користат MSN, али главно комуникацијата на нив се одвива преку Скајп. Исто и компаниите го користат Скајп за контактирање.

Типичен популизам. Ставање провокативни слики и статуси со цел истите да бидат лајкувани. Гревчиња!
+ Репоставување на профилска слика по 100 пати на ден само за да се појавува на почетна и лајкови да и стегат. „Лајкни ме, лајкнувај ме бескрајно“.

Чичко Марфи убо кажал... Направи апликација шо можи секој идиот да ја користи, и САМО ИДИОТИ ќе ја користат.

Па сега, вие пресудете си и одценете си од каде вакви пораки и коментари.
Баш и не се сите идиоти што идат на Фејсбук. Ги има многу што ги користат за маркетинг и промоција и поголем дел од трафикот го влечат токму од фејсбук. Но, многу се ретки таквите случаеви кај нас.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Вака сега, ФБ е многу добра работа но....... Кој ни е крив како што напоменавте дека човековата глупост нема крај. Намената на Фб како што кажува е социална мрежа за контакти и сл. Со помош на таа мрежа сум во контакт, а и најдов многу стари пријатели со кои исгубив контат (бидејќи се од други градови и држави) и со тоа приателството си останува. Лично мене ФБ ми има помогнато и тоа многу за некои работи. Значи во глобала замислата и намената на ФБ е одлична, проблемот е што денес секоја будала има пристап до интернет и компјутер а незнае ни која е намената на компјутерот воопшто.

Кога излегоја мобилните еден пријател убаво кажа тогаш "пред некој да земе телефон треба прво да го проверат на психијатар", бидејќи тогаш се земаа или стварно да ти треба или од чалами, а тие за чалам купуваа скапи телефони а кредит имаа 10 ден колку за титкање и само досаѓаа. Е сега ситуацијата е подруга и менталитетот е променет. Моментално со ФБ е слична работа и тоа лијк и слично мислам дека е тренд кај нас кој се надевам дека ќе замре и ФБ ќе се користи за онаа цел која е наменет (доколку не излезе нешто ново).

Инаку мене ми има стигнато два пати да притиснам лајк од една девојка (која несакам да звучим со понижување) која не е ни најмалку атрактивна а далеку од убава. Е сега во општествово таа девојка убеден сум дека таа се чуствува со ниска вредновст а со "помош" на ФБ се залажува со тоа што ќе и стават лајк дека вреди повеќе. Со тоа само си ја става цената многу пониска но тоа ти се комплекси, неиживеаност, одсуствување од социални случки со другари и пријатели и сл. Вториот пат беше од истата особа и едноставно не и одговорив и веќе не ми прати.

Така да уживајте и не се замарајте со тоа доколку некој ви стави лајк по ваша желба бидејќи со тоа не сте поголема личност туку само уште еден предмет на исмејување
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Речиси секој ден ми се случува тоа и баш заради изборите за најубаво момче или девојче на месец Септември...оr whatever.Па и плус грда сум на сликата и ја ставиле,ај те молам лајкни ја сликата или пак уште полошо објавата,на непознати луге кои прв пат ги гледам.Следен пат кој стори така бришам од пријатели и уч уво не ми чуе.Фејсбукот не расиипа бре!
Ама некој како што спомна погоре ке му дојде крајот и на Фејсбукот исто ко на Хи5.Многу луге имaм приметено како почнаа да го бришат профилот.
Jeс да се поврзуваме со пријатели со кои сме изгубиле контактов но ова е претеризам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom