Лаптоп со i5 8ма генерација или со i7 7ма генерација на Intel процесор?

Член од
6 декември 2017
Мислења
33
Поени од реакции
5
Во план сум да купам лаптоп, буџет некаде околу 40000 денари. Па би сакал да знам ваше мислење, која опција е подобра? Дали понова генерација со i5 процесор или да се оди со малку постарата 7ма но со помоќен процесор i7. Цените се тука некаде
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624

Поважно е да кажеш за што најмногу ќе се користи.
Ако гејмаш -> https://www.anhoch.com/product/17207/notebook-lenovo-330-15ikb-i5-8250u-12gb1tbgtx-1050-4gbdvdrw156-fullhd-ipsbacklitkbdos
Ако не гејмаш -> https://www.anhoch.com/product/44481/notebook-lenovo-v330-15ikb-i7-8550u8gb1tb-hddradeon-530-2gb156-fullhdfingerprintgraydos
 
Член од
6 декември 2017
Мислења
33
Поени од реакции
5
Не е за гејминг. Повеќе е за софтвер алатки како фотошоп, autocad и слични дизајнерски алатки. А дали вреди уште некој денар плус па да се земе плус со SSD диск? Ви благодарам за одговорите на сите!
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Не е за гејминг. Повеќе е за софтвер алатки како фотошоп, autocad и слични дизајнерски алатки. А дали вреди уште некој денар плус па да се земе плус со SSD диск? Ви благодарам за одговорите на сите!
Тогаш земи го вториот и секако дека вреди да земеш ссд би требало анхоч да ти излезат во пресрет и да ти го извадат оптичкиот диск и на негово место да стават ссд
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Хмм, кога станува збор за програми за графичка обработка, мислам ти треба количински повеќе работна меморија. Јас би одел и на помоќна графичка картица. Што се однесува до процесорот, мислам нема многу разлика да осетиш 7ма од 8ма генерација Интелови процесори.
Нека ме поправи некој ако грешам за процесориве.

ССД драјв користат за оперативниот систем да ти се покрене побрзо, бидејќи нема механички делови како класичен диск драјв со плочи и оска.
Само знам дека по трајни се тврдите дискови.

Башка повеќето програми сигурно работат на Виндоус, така да и тоа ќе треба да снабдиш, вака или онака.

А да, и поголем екран ;)
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Во план сум да купам лаптоп, буџет некаде околу 40000 денари. Па би сакал да знам ваше мислење, која опција е подобра? Дали понова генерација со i5 процесор или да се оди со малку постарата 7ма но со помоќен процесор i7. Цените се тука некаде
Не е за гејминг. Повеќе е за софтвер алатки како фотошоп, autocad и слични дизајнерски алатки. А дали вреди уште некој денар плус па да се земе плус со SSD диск? Ви благодарам за одговорите на сите!
а кои лаптопови ти ги гледаше, што цените се тука некаде? или немаш ништо во предвид?
ако е за фотошоп некој со ips екран ако се најде во тој ценовен ранг ќе ти биде многу од корист и РАМ минимум 8ГБ.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Пред еден месец купив лаптоп како што бараш, го користам за програмирање.
https://www.asus.com/Laptops/ASUS-VivoBook-S15-S530UN/

i5-8250U
8GB RAM
1TB HDD
Nvidia MX150 2GB

Додадов уште 250GB SSD диск, крајната цена дојде околу 40000.
Баш оваков гледам и на друго место беше спомнат, инаку и мене ми треба за програмирање.

Па се заинтересирав го разгледував, мене највеќе ми треба добар кристален екран(пошто повеќето се само пиксели на хартија).
Процесор гледам има 8ма генерација, графичката не е лоша.

Е сега останува да ми потврдиш од искуство дали навистина екранот е добар, и дали до сега за некоја позахтевна програма имаш осетено да подзакочи или сл.?
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
349
Поени од реакции
350
Баш оваков гледам и на друго место беше спомнат, инаку и мене ми треба за програмирање.

Па се заинтересирав го разгледував, мене највеќе ми треба добар кристален екран(пошто повеќето се само пиксели на хартија).
Процесор гледам има 8ма генерација, графичката не е лоша.

Е сега останува да ми потврдиш од искуство дали навистина екранот е добар, и дали до сега за некоја позахтевна програма имаш осетено да подзакочи или сл.?
Извини за задоцнетиов одговор.

Досега во однос на перформанси немам забележано проблеми.
Oбично меморијата (8GB) ми е на 80%, ама тоа е заради тоа што во секој момент имам отворено најмалку 50 таба во Chrome, заедно со 3 IDE и уште неколку други алатки.
Сеуште немам тестирано како е за игри, па не можам да кажам искуство за графичката.
Екранот е добар (IPS панел), чиста слика, добри бои, добра читливост, но ретко го користам како примарен дисплеј, работам на 24" монитор.
Имам замерки за тастатурата во однос на поставеноста на копчињата, можеле да ја направат подобра. На пример Up/Down стрелките се мали, а се користат често при програмирање. Друг проблем е со нумеричката тастатура, копчињата се многу без врска поставени, ја направиле скоро неупотреблива (или треба долг период на навикнување). Затоа користам друга тастатура.
Плус кај тастатурата е што е backlit (неколку степени), па добра е за ноќе или при слабо светло.

Севкупно, задоволен сум од лаптопов.
 
I

INFECTED

Гостин
Да се приклучам на дебатата, јас пред некој ден налетав на ова

https://m.anhoch.com/product/42954/notebook-lenovo-320-i5-8250u12gb1tb156-hd-led-touchdvd-rwbtwin10

Но и тие од анон не се лоши. Што би ми предложиле, првиот од неговите линкови или овој јас што го загледав?

Ќе го користам за учење, уште веднаш ќе му инсталирам андроид 8 емулатор и на емулаторот би имал десетина апликации кои на таблет секоја би зафаќала по 700 до 1300 мегабајти, што значи добро би дошол екран на тач. Препорака ве молам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom