Лаптоп за игри

Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
Добар е МСИ-то али за таа цена Гејтвејот е каде каде подобра конфигурација.
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Добар е МСИ-то али за таа цена Гејтвејот е каде каде подобра конфигурација.

Ако е подобар Гејтвејот, купи си го од kupilaptop.com, репариран од Америка со една година гаранција.

Ova ako e dobra graficka...
9600 и 8600 се тука некаде, ама читав во весник пред неколку месеци дека 9600 била тотален промашај на Geforce, така што ја повлекле таа серија, а ние во Македонија уште си ја купуваме и се радуваме на неа.

Ova ako e dobra graficka...
Ти каков лап-топ имаш и каква е графичката?
Читам претходно на постовите се фалиш со desktop, со Ati Radeon ... таа графичка е 20.000 ден. тука, па ако мислиш да одиш во чекор со технологијата времето ќе те изеде.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
Дали е репариран или не е, јас тоа незнам бидејки до сега немам купено ништо од тамо. Баш ме интересира мислење на некој што купил лаптоп од www.kupilaptop.com , а не мислења од типот јас сум чул од вамо, од тамо?

А 8600 во споредба со 9600 се тука некаде. Ако 9600 вади 100 фрејма тогаш 8600 вади околу 40.:pos2:
Погледај кое било ривју на интернет и самиот ке се увериш во тоа.

А тие информации дека 9600 била промашај каде си ги прочитал во Enter? :kesa:

Ако некоја серија на Geforce била промашај тоа е 8600 серијата која има очајни перформанси за цената по која се продава. 9600 за Nvidia беше полн погодок во однос цена/перформанси.
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Скраја да е за Ентер, јас не сум рекла казала и се што напишав е точно.

Секој како што му одговара така си ја разбира вистината, а гледам тебе така ти одговара.
Јас зборувам за лап-топ, а не за Desktop.
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Јас зборувам за лап-топ, а не за Desktop.
Делумно си во право. За лаптопи, Нвидија ја повлекоа 9600М серијата, но не заради тоа што е послаба од 8600М (всушност спротивното е), туку затоа што Нвидија најде грешки во производниот процес на нивните чипови, и одредени серии на графички чипови и чипсети за матични рикнуваа за 1-2 месеца.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
Дали цела серија на 9600 беше повлечена или само одреден број што биле фалични? Бидејки тоа нонстоп се случува кај кој и да е производител на некој дел.

А и реално е да се очекува 9600 да биде појака од 8600 и кај лаптопи бидејки не е логично тука да биде обратно отколку кај десктоп компјутери.

Баш сега гледав некое ривју на интернет и не е разликата драстична како кај десктоп но сепак е доволна за некоја игра да биде игрива или не, и разликата беше во граници од 30 до 60 проценти.
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Јас нереков дека 9600 е послаба од 8600, туку дека е мала разликата и повеќе од 1.000.000 графички GeForce 9600 се повлечени заради некој дефект, а тоа не е мала бројка. Дали ние обичните граѓани можеме да ја следиме технологијата и да купуваме секој втор месец нов лап-топ заради тоа што излегла подобра графичка, а секој втор месец излегува нова серија на графички?
Еве ти на пример кажи каков лап-топ имаш?
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
356
Поени од реакции
18
Па во секој случај тука кај нас е луксуз да се има лаптоп бидејки еден просечен лаптоп чини две до три процечни плати, така да неможе секој да си го дозволи а камо ли да го менува на некое одредено време.

До пред некој месец имав Toshiba Tecra A4 со ATI x600 64mb, но моментално немам лаптоп бидејки и немам некоја потреба а и десктопот ми е доволен за се, а планирам да купам некој од Асус еее 1000 серијата онака ради преносливоста, за гледање по некое филмче и слично.

Ти случајно да не го имаш МСИ-то? :wink:
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Го имам GX-700 го земав пред пет месеци,тогаш немаше подобар од него и многу сум задоволен, затоа ги кажувам овие работи, не кажувам ништо на празно.
Имам и Asus x58c-ap007d go nadogradiv samo do 3gb ram и од него сум задоволен.
 
Член од
21 април 2019
Мислења
145
Поени од реакции
116
Имам конфигурација 12гига рам, и7 осма генерација, 4 гига графичка но ми сецка на некои игри кога не е на пуњач. Дали се оштетува батеријата ако вклучам игра кога е на 100% и гејмам три четири часа?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Имам конфигурација 12гига рам, и7 осма генерација, 4 гига графичка но ми сецка на некои игри кога не е на пуњач. Дали се оштетува батеријата ако вклучам игра кога е на 100% и гејмам три четири часа?
Ти сецка кога не е на полнач зошто тогаш се менува power модот на работа, штеди батерија.
Батеријата не се оштетува, само и се намалува животниот век во однос на циклусот на празнење/полнење (при гејминг секако побрзо се празни), што важи за било каква батерија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom