Лаптопот сеуште ја има overheating миризбата дури и после негово чистење

Член од
26 мај 2018
Мислења
26
Поени од реакции
9
Здраво дечки...

Поминав бајаги време пребарувајќи некои објаснувања на интернет, но не најдов ништо конкретно... се надевам дека овде ќе најдам некој одговор... од некој паталец :)

Имам ACER Aspire лаптоп. Последен пат го чистев кулерот пред 3-4 години. Чантата за лаптопот ми се искина и едноставно го имав оставено на полица (да збира прашина... најголема грешка што некогаш сум ја направил). Чат-пат го подкористував, но во глобала ми беше оставен да "одмара" по макотрпните работи кои ги вршев на него изминативе години и скоро 99% од времето сум на PC-то.

Пред неколку дена започнав повторно активно да го користам. Свесен бев дека морам што поскоро да го зачистам, затоа што ми загреваше премногу, беше спор како трактор, а претходно бил брз како стрела :) Арно ама... ај денеска, ај утре, де немам време, де ајде ќе турни уште денеска, малку само да завршам работи и ќе го исклучам... се додека минатава недела не ми затреба во неколку наврати. Имав online средби, кои што морав да ги одржам дури и во моментите кога осеќав дека ми прегрева. Свесно... имам и дополнителен надворешен кулер кој што се поставува на решетката, при што помага да го исфрли надвор жешкиот воздух. До душа исфрлаше жежок воздух, ама по се изгледа недоволно. Еден ден осетив миризба, гнасна... и мислев дека е од надворешниот кулер, пошто и тој бајаги време не ми е користен а и прави некој звук. Си реков ајде, та бил та не бил... е арно ама не било од него :)

Ја проверив температурата на CPU-то и беше 100 степени. Што у ствари е максимална работна температура за Intel Core i5-2430M процесорот.

До душа, не било прв пат да крева 100 степени... После тоа, си реков МОРА да го зачистам. Оставив се' и го направив тоа што требаше многу одамна да го направам... и резултатот беше овој :

IMG_20200905_005515.jpg

ЗАТКА!!! :eek:

Џам го направив, му ставив термална паста... сега преди како маче. Пак е стрела :) Работна температура 50 степени... НО!! Секогаш има едно по**ано НО!

Откако го зачистив, не го имам вклучено 2 дена... одам до него и ако го помирисам, сеуште смрди, да не речам копа o_O

Мислев дека му треба време да се проветри малку. Вечерта кога го зачистив, го вклучив, супер си работи, како што кажав температура на CPU-то 50 степени. Мислев дека му треба малку време да се проветри, да излези нечистотијата... арно ама не е така.

Батеријата е крш, не држи ни 15 минути, така да постојано ми е вклучен на полнач. Ги проверив и полначот и батеријата, нема никаква миризба на нив. Миризбата доаѓа од центарот на тастатурата, каде што у ствари е лоциран процесорот. Значи пак ќе повторам, супер си работи, НО, и понатаму мириса. Го има истиот мирис што го имаше во моментот кога ми прегреа. И исклучен да е, воопшто да не го работам, пак мириса.

Дали некој може да ми каже што е всушност работата? Нешто имам сјебано? Треба да очекувам проблем со CPU-то во иднина? Или можеби станува збор за некоја друга компонента од матичната што има мака видено од прегревањето. Можда некој кондензатор... до душа не знам како изгледаат кондензаторите на лаптопов :)

На PC-во, пред да ми рокни напојувањето имаше таква миризба од надуените кондензатори.

Ве молам за совет, искуство... кој знае, кој го има истово осетено. Фала.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Друго ми беше прашањево :D
Колку време помина мор, не разбрав, 2 дена? Можи требит поќе.
Отвор го уш еднаш и набрцај носо убо да виш од кај корнит.
Термални падови?
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
И сега кога no using пак oherheating мириса? Ај trouble работа. Доближи го nose кај цедеромот и write овде шо намириса.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Треба и процесорот да се исчисти и нова термална паста


Sent from my iPad using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom