Лазар Поптрајков - македонскиот Хомер

Член од
13 декември 2005
Мислења
134
Поени од реакции
0
Бог да го прости Лазо Попотраjков!
Поемата jа научив, кога бев на 3г.
Пра-пра дедо беше там, кога Попотраjков jа писа.
Наj-чистиjот револуционер, исто како Левски!
Кажи си дека си ја научил уште пред да проодиш, немој да си скромен.:icon_lol:
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Ти да не прооди на три?:smir:

Сериозно, таа се предаа от татко на син. За прадедо ми нај-големите комити во востанието беа не Гоце, или јане, а Лазо Попотраjков и Костадин Протогеров. Мегу другото, Попотраjков е бил против тоа востоние, дека не е било добре подготвено. Некои му синови (мои дедовци) се крстени на нив.

Абе историjа, скапана работа!
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Оргиналот е

Македонци, ние без среќа сме биле
во ова борба со душманот пален,
но венец на слава пак ние сме свиле,
пред светот на подлост и гнасен и кален..

А овој текст што го стави ти незнам од каде го извадил Гане Тодоровски зашто во поемата го нема..изгледа го парафразирал..
Ниту едниот, ниту другиот текст се оригинални. Тоа се 2 различни преводи на македонски. Оригиналот е на бугарски jазик и е:

Колко нештастни сме ние, македонци,
в тази борба с душманин' народен!
Но и какви герои, о момци,
стоим пред света кален, изроден!

Блаже Конески има статиjа "Коментар кон преводот на поемата на Лазар Поп Трајков"

http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=513

Тој преведува поезија од германски јазик (песни од Фридрих Готлиб Клопшток, Јохан Волфганг Гете, Фридрих Шилер, Фридрих Хелдерлин, Хајнрих Хајне), од руски јазик (песни од Александар Блок, Владимир Брјусов, Владимир Мајаковски, Едуард Багрицки, Леонид Мартинов, Сурков), од српско-хрватски јазик (Горски венец и други текстови од Петар Петровиќ-Његош, потоа песни од Десанка Максимовиќ), од чешки (Карел Јаромир Ербен, Карел Хинек Маха, Јан Неруда, Петар Безруч, Јиржи Волкер, Витеслав Незвал), од полски (Адам Мицкијевич, Јулиуш Словацки, Зигмунт Крашињски, Казимјеж Пшерва-Тетмаер, Леополд Стаф, Јулијан Тувим, Тадеуш Ружевич), словенечки (Франце Прешерн) и бугарски јазик (Лазар Поп Трајков, Н.Ј. Вапцаров).
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Локвата и Вињари

Пак доаѓам при вас, о врвови вишни,
по планини жедни, низ безводни спили,
да видам јас скрки и долинки скришни
што крвта ги багри на јунаци мили.

Да останат вечно спомените тешки
за војвода тука што остави снага,
за честа што тука во часови жешки
бој водеше страшен за слобода драга.

Блазе си ви, велам вам присои ладни,
што чувте кај грми на пушките екот,
пет векови гласат премрежиња страдни,
вик јуначки сега прогласува векот!

Сте честити сега, ве разбуди ете
на штикови ледни дрнкањето остро
и громкото ура, и Турчин се смете
млад војвода дека командува просто.

Неодамна тука потерата клета
ја чекавме да ја уништиме ние,
ја обзеде радост дружината сета
што може да бие, а не да се крие.

...

http://documents-mk.blogspot.com/2012/05/blog-post_30.html
.
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
Eве го душманина.Германос Каравангелис co турски офицери.






И другиот коj предаде Л. Поп Траjков. Гркоманот Коте Христов co децата си од с. Рулjа.


Не само што го предал туку и заедно со Павле Киров се директните физички убијци на Лазар поп Трајков
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Личност од Македонската Историја која посебно му се восхитувам за нековите дела !! Неговото убиство е доказ дека нашата држава секогаш видела поголема мака од домашните изроди предавници отколку од окупаторите. Таквите како Котевци ги имаме и денес не ме зачудува ич.
Вечна ти слава Војводо !!!
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Ниту едниот, ниту другиот текст се оригинални. Тоа се 2 различни преводи на македонски. Оригиналот е на бугарски jазик и е:

Колко нештастни сме ние, македонци,
в тази борба с душманин' народен!
Но и какви герои, о момци,
стоим пред света кален, изроден!

Блаже Конески има статиjа "Коментар кон преводот на поемата на Лазар Поп Трајков"

http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=513
Бугар, тој убаво си кажал кој е и што е.

Не било шија туку врат. :facepalm:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Прекрасна песна,испеана на типичен костурски македонски дијалект:

http://uk.youtube.com/watch?v=Ry8lBEQ5J1E

Ај да кажим Бог да прости Лазар Папа-Трајков...
првио и најголемио костурски началник !
Видеото е недостапно, па препостирам уште едно со истата песна.


http://www.youtube.com/watch?v=l6QsQBJ88tA


Исто така. ќе го замолам Martyr (is no good) да ги освежи скеновите што ги направил.

.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
...Нестаната уште од ноќните сништа
јуначката чета, во раните зори,
пред сонце да пекне, — рој куршуми пиштат
и пукот ги стресе високите гори

Се истури грмеж од стражите предни
и купишта Турци попаѓаа тука,
се прснаа сите, исплашени, бедни,
штом ура се зачу, штом четата спука.

И наскоро оган се отвори, вџашен, —
од едната страна комитите смели,
бестрашните чеда во животот страшен,
од другата Турци на булуци цели.

„Удирајте право, да не мине никој
од овие наши насилници клети!"
И целата чета го подзеде викот,
пред тешката сила без уплав да сети.

За одмазда жедна сплотената чета
со куршуми бие, со зборови гласи:
„Тиранството долу! Co слобода света
македонска земјо, прославена да си!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Локвата и Вињари

Пак доаѓам при вас, о врвови вишни,
по планини жедни, низ безводни спили,
да видам јас скрки и долинки скришни
што крвта ги багри на јунаци мили.

Да останат вечно спомените тешки
за војвода тука што остави снага,
за честа што тука во часови жешки
бој водеше страшен за слобода драга.

Блазе си ви, велам вам присои ладни,
што чувте кај грми на пушките екот,
пет векови гласат премрежиња страдни,
вик јуначки сега прогласува векот!

Сте честити сега, ве разбуди ете
на штикови ледни дрнкањето остро
и громкото ура, и Турчин се смете
млад војвода дека командува просто.

Неодамна тука потерата клета
ја чекавме да ја уништиме ние,
ја обзеде радост дружината сета
што може да бие, а не да се крие.

...

http://documents-mk.blogspot.com/2012/05/blog-post_30.html
.
Ремек дело :cuc::cuc::cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom