Лажни пророци

  • Креатор на темата alf
  • Време на започнување

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.613
Поени од реакции
3.725
И шо вели цитатов?...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
И шо вели цитатов?...
Погледни на последниот дел каде вика...
„О, ти, кој си полн со секаква лага и злоба, сине ѓаволски, непријателу на секаква правда, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?"

Син ѓаволски, кој ги искривува господовите патишта.
Овие ги бараме.Кој се?
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Конкретно за пророците дефиницијата вика..пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.

А од друга страна се вели..Телесниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух: за него тоа е безумство; и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита.
Toa се вика издрогираност или транс.Хај. Или преку наркотични субстанци, или преку индуцирање хемиски дисбаланс.
Сетоа е чад и огледала како што велат американците.
Религија за робови, манипулатори да водат слабоумници со ветување на задгробен живот полн со блаженство.
Сите до последен се одговорни за небројна смрт и страдање во реалност, а невини и пофални според нивната релгија. Затоа секти земаат замав, пошто слабоумниците имаат потреба да веруваат дека има нешто побитно и поголемо од нив.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Toa се вика издрогираност или транс.Хај. Или преку наркотични субстанци, или преку индуцирање хемиски дисбаланс.
Сетоа е чад и огледала како што велат американците.
Религија за робови, манипулатори да водат слабоумници со ветување на задгробен живот полн со блаженство.
Сите до последен се одговорни за небројна смрт и страдање во реалност, а невини и пофални според нивната релгија. Затоа секти земаат замав, пошто слабоумниците имаат потреба да веруваат дека има нешто побитно и поголемо од нив.
Поназад напишав...

Едни кон телесното од кој произлегуваат разни политички партии,а други кон духовното од кој произлегуваат догмите и филозофиите.
Секој следи нешто, односно верува во тој политичар или во тој пророк.

Да ги замениме зборовите во твојот пост....

Toa се вика издрогираност или транс.Хај. Или преку наркотични субстанци, или преку индуцирање хемиски дисбаланс.
Сетоа е чад и огледала како што велат американците.
Партија за робови, манипулатори да водат слабоумници со ветување на идеално општество.
Сите до последен се одговорни за небројна смрт и страдање во реалност, а невини и пофални според нивната партија. Затоа политичарите земаат замав, пошто слабоумниците имаат потреба да веруваат дека има нешто побитно и поголемо од нив.

Религиозните би рекле...
Секоја власт од бога е!:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.667
Една идеја/патоказ ако сакате и можете да го применете:

Убаво е прво да се дефинира поимот пророк и тоа не само преку христијанската библија (да, најмногу има христијани на подфорумов), ами и од други учења и верувања да се види што е што (ете исламот е најблизок, може да пробате и евреите и Индија и далечните источни философии и религии)... така ќе имаме слика за тоа што луѓе се пророците, колку се луѓе, колку го разбираат човештвото и дали се за човештвото и зошто имало/има пророци денес (ако има такви).

А потоа со паралели и расправи (мислам на дискусија не да се расправате ко баби на чешма) помеѓу разните учења да се најде што е тоа лажното кај било кој пророк... и кој фактор сме било кој од нас тука на форумов да одлучуваме за нечија пророчка работа, со сето непознавање на разните религии и учења кои го прекопуваат човештвото со еони?

Вака како што ја терате, имаме еднострана слика и всушност се расправате колку кој да биде последен во муабетов.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Партија за робови, манипулатори да водат слабоумници со ветување на идеално општество.
Сите до последен се одговорни за небројна смрт и страдање во реалност, а невини и пофални според нивната партија. Затоа политичарите земаат замав, пошто слабоумниците имаат потреба да веруваат дека има нешто побитно и поголемо од нив.
Христијанството и исламот. Очајници.
Едни кон телесното од кој произлегуваат разни политички партии,а други кон духовното од кој произлегуваат догмите и филозофиите.
Секој следи нешто, односно верува во тој политичар или во тој пророк.
Хех.Комично. Потребата да се ДЕЛИ на духовоно и световно.
Филозофијата Е световна. Макијавели, ниче, конт, питагора, сан цу итн.
Се е интерконектирано- од брашното во лебот, до водата што ја пиеш, од хартијата што поганите религиозни текстови , до американскиот воен индустрик комплекс, до прекопулацијата во кина, до гасовите што ги прдиш.
Проблемот е што целата таа перцепија и разбирање преферирате да ја замените со нешто неопипливо-ДУША. Се со цел за да "ja сум подобар од животно, ја сум побитен од неверник, мене блаженство ќе ма фати откако ќе цркнам. Небеска љубом и пис аут итнЌ. И потоа доаѓа потребата за афторитет - пошто земскиот афторитет не бил праведен, морало да има некој бесконечно помудар и попаметен и што не. И ад инфинитум, комплексот на инфериорност ширена од догма кое го сере светот.
Реалниот проблем никад не се ни манипулаторите и политичарите и свештениците и што не. Проблемот се глупите маси догматски овци што следат слепо и шират духовноста како зараза.
Додека не се докаже , измери и види душата, не постои. Кога човек умре, тоа е тоа. Когнитивните способнисте се исклучуваат, хемијата се пореметува, и евенутално скапува назад до хемикалии. До тогаш, сето тоа е бладање на лудаци кои ги фатило сончаница.
 
Си врзал во крпче дека живот после смрт не постои и пишуваш како да се обраќаш на религиозен член.
Знам дека на религиозните тоа им е основата воскреснување на мртвите.
На погрешна адреса се обраќаш/бладаш.

Пишуваме за лажни пророци.
Некој кој доаѓа и носи промени придобивајќи верници/членови со ветувања за подобар, полесен и поубав живот.
Кој се спаѓа во тој кош на лажен пророк?

Секоја индивидуа според сопствените расудувања кој се производ на испреплетени духовни и телесни очекувања/желби бива прелажан од некој лажен пророк.

Наведуваш дека проблемот не се тие лажните пророци/политичари туку цитирам ..... глупите маси догматски овци што следат слепо и шират духовноста како зараза. завршен цитат.

Има причина за ова.
Што мислиш ти , зошто се шири лагата?
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
Некој кој доаѓа и носи промени придобивајќи верници/членови со ветувања за подобар, полесен и поубав живот.
Кој се спаѓа во тој кош на лажен пророк?
Секој што проповеда за богови, духови, души, мистицизам и спиртуалисти.
Без исклучок. Свешстеници, маѓосници, измамници, вјасновидци, чудотворци итн.
Автоматски споено мислење:

Што мислиш ти , зошто се шири лагата
Индоктринација. Луѓе сакаат да бидат во кутијата, саакаат награда за страданото и правда за нивната немоќ. Пошто сакаат општество, сакаат општествен ред, саактат стабилност.
Автоматски споено мислење:

сопствените расудувања кој се производ на испреплетени духовни и телесни очекувања
Не, има расудавање базирана на сопствени искуства и познавања, и такви од трето лице. Духовните се од трето лице, и се такви со малициозна намера .
Вирус. Болест. Бездоказно и безусловно прифакање на наратива.
Тоа е разликата.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.613
Поени од реакции
3.725
Погледни на последниот дел каде вика...
„О, ти, кој си полн со секаква лага и злоба, сине ѓаволски, непријателу на секаква правда, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?"

Син ѓаволски, кој ги искривува господовите патишта.
Овие ги бараме.Кој се?
Веќе ти одговорив.

Колку пати треба да ти се повтори една и иста работа за да ја разбереш?...

„Син ѓаволски„ е секој поединец, кој лаже во мала или голема мера, затоа што лагата е основното оружје од ѓаволот.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
„Син ѓаволски„ е секој поединец, кој лаже во мала или голема мера, затоа што лагата е основното оружје од ѓаволот.
А кој е афторитет да одредува што е лага или вистина? Исус? Господ?
Можда свештениците што го проповедаат?
Лесно да наречеш лага нешто догматски да тврдиш дека е така, ама многу тешко да го докажеш тоа. Господ и ѓаволот се едно и исто , пошто се е господ, господ е во се и секој и сешто, сеприсутно и сезнано. Очигледна контрадикција измеѓу проповедите и тврдењата.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.245
Поени од реакции
4.666
... Проблемот е што целата таа перцепија и разбирање преферирате да ја замените со нешто неопипливо-ДУША.
Реалниот проблем никад не се ни манипулаторите и политичарите и свештениците и што не. Проблемот се глупите маси догматски овци што следат слепо и шират духовноста како зараза.
Додека не се докаже , измери и види душата, не постои. Кога човек умре, тоа е тоа. Когнитивните способнисте се исклучуваат, хемијата се пореметува, и евенутално скапува назад до хемикалии. До тогаш, сето тоа е бладање на лудаци кои ги фатило сончаница.
Те читам... и ти се восхитувам.
Претпоставувам, отпосле сам се препрочитуваш, и мастурбираш врз твоите шкрабаници. Демек, душата била неопиплива, па затоа не постои, но нели „перцепцијата“ е опиплива, та ти ја употребуваш, како да си ја измерил, или небаре, разбрал.
...
Кога човек ќе умре, хемијата велиш се пореметува, а физиката избегнуваш да ја спомнеш, која вели дека „енергијата, нит се создава, нит се уништува, само се менува од еден вид во друг“. И премолчуваш дека ДУШАТА е енергија.
... Бараш докази за постоење на ДУШАТА, а без докази , претпоставувам, веруваш во науката која ти кажува како настанала земјата, колкав е универзумот, на медицината, која не може астма да излечи, а камо ли рак.
Јас мислам дека тебе те удрило сонцето у глава, па овде пелтечиш...
Бараш докази од „верниците“, а самиот не нудиш ама баш никакви докази за твоето тврдење.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
И премолчуваш дека ДУШАТА е енерги
не џимбо. Животот е хемија. Тоа е се. Хемијата создава напон што прави нервни импулси. Хемијата создава карики од молекули кој само се шират додека не колапсираат. Хемијата е таа што тера на јадење и ебење.
Тоа сето тоа. ДНКА и електролити се создаваат.
ДУША не постои. Или го мериш, пресметуваш и создаваш или не постои.
Тоа се што има. 1 или нула. Ама тој што тврди за душа нека ја докаже прво.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.245
Поени од реакции
4.666
не џимбо. Животот е хемија. Тоа е се. Хемијата создава напон што прави нервни импулси. Хемијата создава карики од молекули кој само се шират додека не колапсираат. Хемијата е таа што тера на јадење и ебење.
Тоа сето тоа.
ДУША не постои. Или го мериш, пресметуваш и создаваш или не постои.
Тоа се што има. 1 или нула.
Колку би било убаво да е сѐ така едноставно...
Кога ќе пораснеш, ќе разбереш дека сепак постои ДУШАТА.
Кога ќе те заболе, ќе се свестиш.
Но, денешниве „научници и изумители“ сѐ уште немаат измислено мерни инструменти за мерење на ДУШАТА.
...
Ете, употребуваш изрази како „когнитивност“, ја измерил ли некој?
освен 1 и нула, има и -1.
Ако твојот живот се состои само од јадење и ебење, тогаш ти си „сиромав“ човек.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.248
, денешниве „научници и изумители“ сѐ уште немаат измислено мерни инструменти за мерење на ДУШАТА.
Ау пробаа. И тоа многу. И затоа ти го кажувам исходот, наместо теоријата.
освен 1 и нула, има и -1.
Не џимбо, постои причина зошто во природата не постојат негативни бројки.
апсолутна вредност на -1 е 1, бидејќи прествавува нешто што фали.
Тоа нешто што фали, го нема, во недостако што е , е пак нешто. Не нула.
У други зборови ружа под друго име исто мириса.
ога ќе пораснеш, ќе разбереш дека сепак постои ДУШАТА.
Кога ќе те заболе, ќе се свестиш.
правиш утеха за недостаток од световна правда како механизам за справување.
Го надминав тоа.
Ете, употребуваш изрази како „когнитивност“, ја измерил ли некој?
Да. Пронајдено е дека фали кај духонвите лица. Поради делузиите спобоноста за примање на дразби и процесирање на информации се прбилижува кон таа на неживата природа.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Секој што проповеда за богови, духови, души, мистицизам и спиртуалисти.
Без исклучок. Свешстеници, маѓосници, измамници, вјасновидци, чудотворци итн.
Така се губи спротивноста за вистински пророк.
Ако постои термин за лажен пророк, тоа сигурно произлегол од вистинскиот.Како ден и ноќ.Едно спроти друго.
Кај тебе саде темнина има.
Не го сваќај ова лично, се однесува за тоа што наброја.

Индоктринација. Луѓе сакаат да бидат во кутијата, саакаат награда за страданото и правда за нивната немоќ. Пошто сакаат општество, сакаат општествен ред, саактат стабилност.
Да, но некој ги поставил тие граници на кутијата.Таа индокринација(насилно вградена мисла/идеа без простор за приговарање и испитување) може да се промени само во друга кутија.
Од кутијата на Кукулкан, Митра,Исус и следниот пак ќе постави кутија во која луѓето ќе страдаат и наградуваат кој како светлината и темнината ќе се шират, додека не огрее ново сонце и нов ден т.с.нова кутија.И така во круг.

Решение за да се надмине ова, имаш?
Не, има расудавање базирана на сопствени искуства и познавања, и такви од трето лице. Духовните се од трето лице, и се такви со малициозна намера .
Вирус. Болест. Бездоказно и безусловно прифакање на наратива.
Тоа е разликата.
Добро , разбравме дека ти се дига коса од терминот духовност.

Ќе променам термини.
Сопствените расудувања кој се производ од испреплетени јаве и соништа.

Да не ми кажеш сега дека не сонуваш додека спиеш.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom