Лажни пророци

  • Креатор на темата alf
  • Време на започнување

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Значи пак сме на истото, очекувањата се венчале со разочарувања.
Истото се однесува сега и за христијанството без разлика дали се македонци или било која друга припадност.Тоа сакам да ти уочам.
Очекувате пророкот да произлезе од вашата догма и да се застапи за вашата догма.
Што ако не биде по вашиот мерак?
Ќе го отфрлите како лажен пророк?
Да, секако дека ќе биде отфрлен, ако не си исполнува „условите„ за да биде пророк.

Лажните пророци се лесно препознатливи по некои последици од нивните лаги. На пример, изнесување пророштва кои не се остваруваат, изнесување пророштва кои со учењето од Црквата немаат ништо заедничко, изнесување пророштва кои ќе бидат прифатени од одредена група луѓе (следбеници), која ќе тргне по умот од лажниот пророк, создавајќи уште една лажна вера и сл.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Алф душо, тешки прашања поставуваш на нас неуки верници, нит у школо не подучуваа, нит по дома тренираа.
Ако дочекам да го видам Исус, ќе ти пишам(ако бидеш еден од тие мртви праведници што ќе оживеат).
Во библијата знаеме што пишува, т.с.како го опишуваат повторното негово доаѓање, па да не се повторуваме...Ај пиши жити се, кои се тие лажни пророци, да знаеме да ги избегнеме.
Врати се една страна назад,онаа слика видија.
Во твојот свет според сопствената духовен раст, во него ќе видиш и лажни и вистински пророци.
Автоматски споено мислење:

Да, секако дека ќе биде отфрлен, ако не си исполнува „условите„ за да биде пророк.

Лажните пророци се лесно препознатливи по некои последици од нивните лаги. На пример, изнесување пророштва кои не се остваруваат, изнесување пророштва кои со учењето од Црквата немаат ништо заедничко, изнесување пророштва кои ќе бидат прифатени од одредена група луѓе (следбеници), која ќе тргне по умот од лажниот пророк, создавајќи уште една лажна вера и сл.
Вие имате услови за пророкот кој доаѓа во божјо име????:facepalm:
Изнесе спротивности,а кој се условите,оние прифатливите услови?
Што треба да прави пророкот да ги исполни вашите услови?
Автоматски споено мислење:

Имаат у Индија добра терминологија и дефиниции за оваа работа. Кај нив на пример у џаинизмот користат титула тиртанкара и целиов овој концепт мене лично ми е најблиску до вистината. Пророк би бил човек кој што доживеал нирвана, сатори односно самади и го живее животот без последиците на карма односно дарма. Без разлика дали живее по тертипот на четирите благородни вистини на будизмот.

Самото постоење на "пророците" е резултат на дијалектичката природа на оваа реалност....од една страна заради потребата од тој што доживеал некое будење да го пренесе на другите и од друга страна неможноста некој да биде разбуден од внатре преку обични когнитивни способности. Самиот обид да разбуди некој некого е неуспех од сам почеток арно ама ни еден пророк не се откажал никогаш. Тоа е така затоа што секоја референтна точка од универзумов, иако не постојат спрема теоријата на релативноста е апсолутна. Секој човек си има своја вистина.
Не бараме што и како е терминот пророк во некој земји, бараме одговор за лажен пророк.
Кој или што преставува лажен пророк, повикувајќи се на цитатот дека во последните времиња ќе се јават многу лажни пророци.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Вие имате услови за пророкот кој доаѓа во божјо име????:facepalm:
Изнесе спротивности,а кој се условите,оние прифатливите услови?
Што треба да прави пророкот да ги исполни вашите услови?
Младиќу, глеј колку е просто:
- поставуваш прашање,
- добиваш (од мене) одговор на прашањето,
- повторно го поставуваш истото прашање, а веќе си го добил одговорот.

Ваљда не очекуеш дека на истото прашање ќе ти дадам 3 различни одговори? И што ти е проблем да прифатиш онака како ти е одговорено? Или посилни ти се предрасудите и „вистините„ кои веќе ги имаш во сеќавањето и кои се битно поинакви од дадените ти одговори на твоите прашања?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.581
Поени од реакции
11.595

Можеби ќе се предомислиш, кај знаеш :)
Автоматски споено мислење:

Туку дали може да се најде трага од каде потекнува тоа „лажни пророци“ и во кои верувања, системи и учења го има? И кој тоа авторитет зборува за пророци и што пророкуваат дека се лага или не? Исти учења, исти ритуали, исти искушенија пророкуваат пророците или во духот на времето кога се појавуваат?

Може од таму ќе најдеме од каде и до каде е тоа верување во однос на пророците и иницијацијата на човештвото и дали постои нешто лажно или не...

П.С. Дали има пророци денес во модерното време?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
има некој добар модерен пророк?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Можеби ќе се предомислиш, кај знаеш :)
Знам-веќе се предомислив...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Можеби ќе се предомислиш, кај знаеш :)
Автоматски споено мислење:

Туку дали може да се најде трага од каде потекнува тоа „лажни пророци“ и во кои верувања, системи и учења го има? И кој тоа авторитет зборува за пророци и што пророкуваат дека се лага или не? Исти учења, исти ритуали, исти искушенија пророкуваат пророците или во духот на времето кога се појавуваат?
Лажни пророци имало, има и ќе има во сите религии.

Дали пророкот говори вистина или лага, може лесно да се расуди по начелото „споредување со трет„, како референца.

За Црквата, референца е Бог, односно од Бога објавената вистина. Ако пророкот изнесува пророштво кое е во духот од вистината која Бог ни ја објави и ако пророштвото се оствари онака како што е изнесено, тоа е доволна причиина/причини ради кои пророкот изнесол веродостојно пророштво.

Учењето од Црквата е од нагласено духовна природа (споредно и од материјална), како трајна човекова потреба а не како минлива мода. Трчањето по „духот од времето„ не е својствен за Црковното учење и живеење.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.057
Поени од реакции
4.551
Јас сум лажовен,
ама не сум пророк
но ви кажувам дека сите ќе умреме.
smilie_verl_032.gif
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
П.С. Дали има пророци денес во модерното време?
Да, ги има, и лажни и вистинити, особено овие првонаведените. Таткото на лагата ровари по Светов и низ луѓето и непрестајно им дошепнува по некоја од неговите „вистини„.
Автоматски споено мислење:

Јас сум лажовен,
ама не сум пророк
но ви кажувам дека сите ќе умреме.
Прегледај го приврзокот 380475
Да, „...Така ни рече директорот-сите ќе умрете...„...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

има некој добар модерен пророк?
Зависи што подразбираш под епитетот „добар„ и зависи што пророкува...
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.581
Поени од реакции
11.595
Лажни пророци имало, има и ќе има во сите религии.
Ова според православното христијанство или велиш дека секоја религија и учење зборува за лажни и вистинити пророци?
Не беше јасен во кажаното...
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Младиќу, глеј колку е просто:
- поставуваш прашање,
- добиваш (од мене) одговор на прашањето,
- повторно го поставуваш истото прашање, а веќе си го добил одговорот.

Ваљда не очекуеш дека на истото прашање ќе ти дадам 3 различни одговори? И што ти е проблем да прифатиш онака како ти е одговорено? Или посилни ти се предрасудите и „вистините„ кои веќе ги имаш во сеќавањето и кои се битно поинакви од дадените ти одговори на твоите прашања?...
Очигледно не следиш што пишуваш и јас што те прашувам.
Ти напиша.. дека ќе биде отфрлен, ако не си исполнува „условите„ за да биде пророк.

Во вториот дел кажуваш како се препознава лажен пророк и набројуваш...
цитирам
изнесување пророштва кои не се остваруваат, изнесување пророштва кои со учењето од Црквата немаат ништо заедничко, изнесување пророштва кои ќе бидат прифатени од одредена група луѓе (следбеници), која ќе тргне по умот од лажниот пророк, создавајќи уште една лажна вера и сл.
Завршен цитат.

Сите примери се во негација...
-не се остварува пророштвото
-нема заедничко со црквата
-поделби кај верниците и создавање лажна вера.

Јас ти поставив прашање.
Кој услови треба да ги исполнува?
Наброј примери во позитивна смисла.
Или да ги завртиме негативните во позитивни и Исус мора да дојде со крст обесен на вратот, ако сака да не биде отфрлен како лажен пророк.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Јас ти поставив прашање.
Кој услови треба да ги исполнува?
Наброј примери во позитивна смисла.
Или да ги завртиме негативните во позитивни и Исус мора да дојде со крст обесен на вратот, ако сака да не биде отфрлен како лажен пророк.
Еве ги условите:
- да е член во Црквата (да е крстен),
- да живее светотаински,
- да живее покајнички,
- да живее молитвено,
- да ги достигнал вториот и третиот степен од приближувањето кон Бога (просветление и обожение).
- да живее „минималистички„ и побожно,
- да живее непорочно,
- да живее добродетелно.
Автоматски споено мислење:

Ова според православното христијанство или велиш дека секоја религија и учење зборува за лажни и вистинити пророци?
Не беше јасен во кажаното...
Секако дека тргнувам од мојата вероисповест, оти другите ми се споредни и небитни.

Црквата тргнува од ставот дека Бог само нејзе и‘ ја објави потполната вистина, а кај другите релегии се среќава мешавина од чат-пат вистина и поприлично лаги, па ако другите религии не ја познваат вистината во нејзината полнота, како ќе разликуваат вистински и лажни пророци во своите редови?

Не е исклучена можноста да и во нив има лажни пророци, но тие ионака се лажни по автоматизам, а не затоа што изнесуваат пророштва кои се спротивни на нивното верско учење.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
...
Еве ги условите:
- да е член во Црквата (да е крстен),
- да живее светотаински,
- да живее покајнички,
- да живее молитвено,
- да ги достигнал вториот и третиот степен од приближувањето кон Бога (просветление и обожение).
- да живее „минималистички„ и побожно,
- да живее непорочно,
- да живее добродетелно.
Автоматски споено мислење:

Секако дека тргнувам од мојата вероисповест, оти другите ми се споредни и небитни.

Црквата тргнува од ставот дека Бог само нејзе и‘ ја објави потполната вистина, а кај другите релегии се среќава мешавина од чат-пат вистина и поприлично лаги, па ако другите религии не ја познваат вистината во нејзината полнота, како ќе разликуваат вистински и лажни пророци во своите редови?

Не е исклучена можноста да и во нив има лажни пророци, но тие ионака се лажни по автоматизам, а не затоа што изнесуваат пророштва кои се спротивни на нивното верско учење.
Што збориш бе пријател??
Цитатот..Јас доаѓам како крадец во ноќта..веднаш да си го избришеш од библијата и напиши ...Јас доаѓам со мерцедес.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
...

Што збориш бе пријател??
Цитатот..Јас доаѓам како крадец во ноќта..веднаш да си го избришеш од библијата и напиши ...Јас доаѓам со мерцедес.
Е ми, убо ти пишав...види го мојот допис под бр.33.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Има еден цитат во кој пишува средба со еден лажен пророк.

Дела апостол Лука 13

6. А кога го поминаа островот сè до Пафос, најдоа еден човек маѓесник и лажен пророк, Јудеец, по име Вариисус,
7. кој беше со намесникот Сергиј Павле, човек умен. Тој, откако ги повика Варнава и Савла, посака да го чуе словото Божјо.
8. А маѓесникот Елим, зашто неговото име така се толкува, им се спротивстави, трудејќи се намесникот да го одврати од верата.
9. Но Савле, кој се викаше и Павле, исполнет со Дух Свети, погледа на него,
10. и рече: „О, ти, кој си полн со секаква лага и злоба, сине ѓаволски, непријателу на секаква правда, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom