Ладно цедени масла

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од natalija1978, 7 август 2015.

  1. cige

    cige

    Член од:
    6 ноември 2008
    Мислења:
    4.454
    Допаѓања:
    1.624
    Купив едно лелено од Биокосмос, има вкус на бензин. Сите се такви?
     
  2. Nemanjici

    Nemanjici

    Член од:
    17 јули 2008
    Мислења:
    1.561
    Допаѓања:
    1.012
    Монини е зелено цело време , што кажува дека не е природно без конзерванс . Природното маслиново масло е зелено само околу месец-два , колку и да е затемнето и затворено , после тоа оксидира и пожолтува . Италијанските масла се за класа полоши од грчките особено критските .
    Пред 50-60 тина години сусамовото и афионовото масло беа скоро единствени масла на нашиот пазар , со турскиот назив ( шарлаган).
     
  3. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    8.666
    Допаѓања:
    7.817
    Твој предлог за маслиново масло?
     
  4. Nemanjici

    Nemanjici

    Член од:
    17 јули 2008
    Мислења:
    1.561
    Допаѓања:
    1.012
    Најдобра варијанта е ако имаш некого на Крит околу нова година да си порачаш 10-15 литра дирекно од познат произведувач. За жал и мене ми се пракина таа линија на снабдување . Втора по квалитет варијанта е да се снабдуваш во Солун ама да внимаваш маслото да е од островите , Крит и областа на Ханија препорачливо. Трета , која ја користам јас е Лидл , има таму канти 5 литра критско масло. Во првата варијанта 100% си сигурен дека имаш вистинско ладно цедено масло од избрани маслинки , втората варијанта е пак ладно цедено ама од различни маслинки од еден регион е сега зависи и од трговецот ама тука ништо не можеш , се е до среќа. Третата варијанта е малку понеквалитетно масло ама најлесно достапно .
    Знам дека е најлоша од овие варијанти ама пак е подобра од италијанските .
    Едно запамти , цената е репер за квалитетот , нема добро ладно цедено маслиново масло за 5 евра литар .
     
  5. zemfak

    zemfak

    Член од:
    13 септември 2017
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Зошто нерафинирано ладно цедено масло?
    Ладно цеденоте масла се многу поздрави од рафинираните масла, од причина што содржат многу есенцијални масни киселини, витамини, амино киселини, лецитин и минерали кои и ги нема во рафинираните масла.
    За разлика од ладно цедените масла, рафинираните масла при процесот на производство хемиски и термички се третираат пришто се губат многу од хранливите вредности.
    --- Споено дупло мислење, 13 септември 2017 ---
    На овој линк може да си порачате свежо да ви исцедат масло од било кои маслодајни семенки.
    https://www.facebook.com/Bio-at-114398465904205/
    --- Споено дупло мислење, 13 септември 2017 ---
    На овој линк може да си порачате свежо да ви исцедат масло од било кои маслодајни семенки.
    https://www.facebook.com/Bio-at-114398465904205/
     

Сподели преку: