- Член од
- 10 август 2015
- Мислења
- 105
- Поени од реакции
- 14
Тоа е така затоа што околината одма и станува поинтересна од тебе. Сака да ја испита, доживува еуфорија, збеснува, се радува и така натака. Мора дресура дури е помала оти после мака ќе мачиш. Јас знам два начини на дресирање. Едниот е со награда, другиот е со тро чотек. Првиот е кога ќе ја направи посакуваната реакција која сакаш да ја зацврсти и запомни, ја наградуваш и со тоа ја мотивираш повторно да ја направи реакцијата. Во случајов мислам дека најпаметно ти е кога ќе дојде да ја наградиш со нешто, потфрли и за јадење пример зрнце од кучешката храна. По некое време пак повикај ја и чим се смири дај и повторно. Некој поискусен нека кажи и друго мислење, од мене толку
Вторниот начин со чотек е кучето да ти го има стравот што до некаде е ок, да не му дозволиш да се почувствува газда и главно, туку ти да бидеш центарот на внимание, па после околината. Обично со весниче или слично се подудрува кога здивува.
И двата процеси се тро напорни и бараат време. Пробај зауздај го сега оти кога ќе пречекори година и нешто мака можи да си имаш со дресурата.
Јас имам машки ретривер и си трчка пуштен се, кога ќе го викнам или мрднам со синџирот се враќа, ама ако види кучка ко шо е збеснат за парење, се исклучува и правец кај кучката
Фала ќе се обидам со начинот со награда зашто не сакам да ја тепам. Кажи ми околу тоа само кога треба да ја врзам за да ја вратам дома и кога ќе ја фатам на каифчето за врат почнува да гризе. Дали да постапам на истиот начин?