Лабрадор Ретривер

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Инаку, дома кога ги чувате, како се справувате со влакната? И вие ли ги дресирате на „лепо понашање“ по дома или ги оставате на дресура?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Инаку, дома кога ги чувате, како се справувате со влакната? И вие ли ги дресирате на „лепо понашање“ по дома или ги оставате на дресура?
Овие не се мои инаку :D мојата живее надвор. Со влакна во стан се митарат почесто, ама тоа тоа си зависи и од организмот на самото куче. На пример мојата пријателка што ги чува двете кучки,едната постојано се митари другата само сезонски. Дресура, досега не сме имале проблеми за да стигнеме до дресер, плус со мојата јас си имам работено. Лабрадорите во принцип се многу лесни кучиња за работа.

и надополнување, редовно четкање и употреба на фурминатор
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Инаку, дома кога ги чувате, како се справувате со влакната? И вие ли ги дресирате на „лепо понашање“ по дома или ги оставате на дресура?
Со правосмукалка и постари прекривачи кои се менуваат почесто...Кај мене и на дресура беше и пак ништо не разбира, ако е оставен сам ќе направи некоја беља гарант.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Со правосмукалка и постари прекривачи кои се менуваат почесто...Кај мене и на дресура беше и пак ништо не разбира, ако е оставен сам ќе направи некоја беља гарант.
Ова за бељата ме потсети,мојата е многу дружељубива,не сака да е сама, па летото додека спиеше на кревет на терасата од лутина што е сама ми го изгриза креветот, баба ми мислам дека ке ја закопаше на место :D
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
96
Поени од реакции
13
Искрено го препорачувам лабрадорот, посебно ако ви е прво куче. Имам едно црно лаб. ретриверче сега има 7 месеци и како што вели жена ми како трето дете ни е :). Има педгре од мајката, таткото е од кај комшиите грци па имало некој проблем со педигрето ама ич не ми гајле, нема да оди на изложби па што, јас пак си го сакам со или без педигре не битно , битно е да ви носи радост и љубов. А лабрадорите го даваат тоа неизмерно. Го чуваме дома , живее со нас, изгриза и издраска се што стигна, пушта и влакна ама то е ништо во споредба со радоста и љубовта што ни ја дава.
Зошто да земете лабрадор ;) не знам, ке ви кажам зошто јас зедов - мн е убав ми се допаѓа како изгледа , има прекрасен карактер, премногу енергија, секогаш е спремен за игра, супер е со деца , генерално е со добро здравје и отпорен, обожува вода , јаде се ама буквално се, хехе море вечно е гладен ( повеќе пазам што да не изеде нешто што не треба ) и лесно се подмитува , лесно се дресира и послушен е, за мене важно не е агресивен , мил е и буквално разбира што му зборувате.
Не случајно е 19 пати по ред најпопуларно куче во цел свет, второто по него е половина помалку по број , така да уште долго нема да биде надминат.
Го хранам со дехидрат , 2-3 пати неделата варено пилешко, секој ден јаболко и изварка и експандиран ориз ( како го јаде тоа не знам ни мирис ни вкус има ама го обожува оризот) еднаш неделно варено јајце,повремено јогурт се мислам да почнам со малку живо месо , витамини не му давам додатно :X3: ( ке ме искараат некои почитувани членови ) ама во синтетски витамини не верувам ни кај луѓе, е да му давам квалитетно рибино масло.
Земете лабрадор нема да згрешите, или земете некое живинче/милениче животот ќе ви биде побогат.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
134
Поени од реакции
8
искуство со лабрадор во стан????
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
искуство со лабрадор во стан????
Се прилагодуваат, имам пријателка што чува 2 возразни кучиња во мал стан. Не прават проблеми и не се гласни.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Имам до сга чувано 5-6 кучиња и можу да кажу дека моја Дицка( Лабрадор) ми беше најубаво и најсакано и најпаметно, според мене тој беше пола човек, имаше филинг дека кд ву збору све ме разбираше, а што беше најинтересно у исто време имаше и мачку дома и мислу дека мачка гу злоупотребуеше и беше страшно измалтретирана а Дицка се понашаше како да не е мачка до њума, како и да е на сви гу препоручују овуј расу нема да зажалив кој и да одлучи да чува овакво паметно куче!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom