ЛЕВИЦА

Што мислите за Левица?

  • Ми се допѓаат нивните идеали

    Гласови: 9 32,1%
  • Гласам/би гласал за нив

    Гласови: 8 28,6%
  • Не би гласал за нив

    Гласови: 1 3,6%
  • Не ми се допаѓа партијата

    Гласови: 7 25,0%
  • Не мислам ништо

    Гласови: 3 10,7%

  • Вкупно гласачи
    28
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Левица — политичка партија во Република Македонија со левичарска ориентација. Регистрирана е на 25 февруари 2016 година, а иницијативата за формирање на партијата била објавена на 14 ноември 2015 година. Основните заложби на Левица се борбата за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓуетничките бариери и национализмот. Иницијативата за формирање на Левица потекнала од членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на левичарското движење „Солидарност“, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичари. Левица има колективно претседателство, Президиум, составен од единаесет членови со императивен мандат.
– Во ситуација на хронична сиромаштија и на огромни класни разлики, во ситуација на квазидемократија, кога народот е незадоволен од постојните партии и кога се појавуваат само нови партии од стари политичари, го објавуваме формирањето на Левица, нова партија, со нови лица и со нови идеи. Нема да дозволиме и на овие избори работниците, сиромашните и обесправените да немаат опција за која ќе гласаат. Богатите имаат десет и повеќе партии, сиромашните и обесправените немаат ниту една. Не мислиме да ги оставиме улиците, нема да престанеме да протестираме против неправдите, но не им го оставаме ни парламентот. Крајно време е во него да се слушне гласот на народот. За крај, ќе ги поздравиме сите сиромашни и обесправени во нашата земја со поздравот на Кочо Рацин: „Ќе победиме“ – велат од новата политичка партија Левица.

На нивните први избори според мене имаа солиден број на гласови, 12.120. Според изборни единици:
ИЕ1: 4.556; 2,09%
ИЕ2 2.402; 1,18%
ИЕ3 1.767; 0,87%
ИЕ4 1.394; 0,66%
ИЕ5 2001; 1,07%
ИЕ6 /


Еве еден мој став за партијата и политичкото случување денес во државава. Премногу сум разочаран од двете владеачки партии во Македонија. Едните крадеа 10 години, прикриваја убиства, переа пари, организираја намештаљки да некој оди во затвор и што уште не. Другите пак дури биле на власт била уште поголема катастрофа (според кажувањето на постарите) Сега кога се на чекор до власта, ја продаваат државата, воведуваат албански платформи, им даваат безброј права на албанците, воведуваат голема криза во државата изминативе две години.

Време е народот да се свести, никој не е крив освен самите тие. Голема штета што нашиот народ е фокусиран и се базира само на две партии, и само во нашата држава можи да владее една диктаторска власт 10 години и да не направи ама баш ништо. Безброј инвестиции за 200 евра плата, катастрофално здраство, образовани, сообраќајна инфраструктура, сиромаштија и ужасно менаџирање на парите.

Мислам дека крајно време е за нешто ново. Време е за трета опција. На изминативе избори имавме 11 партии. Две арамиски, шест албански, една со членство на еден убиец на авганистанци, еден кој пола живот го поминал во затвор и еден бугарин, либералите коалицираат со СДСМ и некоја КПП - Трет блок за која незнам кој е во членството. На крајот единствена опција според мене останува Левица, со членство на воглавно млади и образовани личности како Димитар Апасиев кој е доктор на правни науки, Мариглен Демири, Андреј Јованчевски, Здравко Савевски и др.

Ако добро ги пратевте (ако сте пропуштиле побарајте на YouTube) луѓето искинаја по ТВ дебати, интервјуа, гостувања како и пред изборите така и после нив.

Повелете на дебата и свое мислење за Левица.:)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Се согласувам со поголем дел од нивните ставови, дури имам желба да станам член на Левица.
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
На нивната веб страна можи да пополниш електронска пристапница. Од партијата велат дека секој ден има се повеќе и повеќе пристапници воглавно од младите во Македонија.

Луѓето а посебно младите кај нас се уплашени да застанат зад ваков "проект" а да не се вика СДСМ или уште помалце ВМРО ДПМНЕ, само поради една причина. Партиската книшка и определеност кај нас е најголемиот фактор за добивање на работа! Жално но вистинито...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.962
Поени од реакции
3.675
Вакви обиди би имале смисла само ако целата РМ би била една изборна единица, вака е залудно да се надеваат дека некогаш ке освојат барем еден пратеник. Со шест изборни единици дури и кога би освоиле 40-50 000 гласови ако истите им се расплинети пак може да не освојат ниту еден пратеник. Мислам дека да направиш вистинска партија треба многу повеке труд, да засукаш и ракави и ногавици... не се прави партија само така да пуштиш брадичка, да облечеш шарено џемперче и да прераскажуваш книги од ленин и маркс... Дечките се затрчаа малку, мислеа дека народот ке се залепи на нивните социјални стихови па направија кардинална грешка и се преценија па наместо да одат со опозицијата и да добијат еден или двајца пратеници тие мислеа дека сами ке освојат десет и дека понудата од опозицијата за еден- двајца сигурни пратеници е мала па дури и се раскараа на почетокот на изборите кога ги поднесуваа листите... Доколку сакаат да направат нешто ке им треба многу работа, активни и мотивирани луѓе и организација во секое населено место, во секое маало, анимирање членство, звучни имиња, интересни идеи, порадикални програми и секако многу пари а од каде ке ги најдат незнам
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Убаво кажано, ама никој од нив не очекува да експлодираат и да земат 10 пратеници. Ако одат во коалиција со некој ја губат автентичноста, а автентичноста е една од главните особини која партијата ја има. Тие не се залетаа, а главната причина поради која гласале толку за нив како што кажав е причината поради која народот е уплашен и 26 години е под закана. Или ќе гласаш или нема работа а и да гласаш не ти е сигурно работно место, така функционира државата сиве овие години а народот нема храброст и решителност да посегне по ваква одлука, едноставно опшеството ни е такво од опшеството произлегува да имаме вакво политичко функционирање кое што го има само кај нас.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.174
Поени од реакции
34.301
Политика не е дозволена, клуч.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom