Куќен совет, заедница на станари, правила и закони

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Па убаво те разбрав де :facepalm::notworthy:
Ама дали прочита целосно, колку прекрасни искуства имам со Суд..
Жал ми е. Иако, имам впечаток дека малку се променети работите на подобро во Судството. Посебно, кога станува збор за предмети со мала вредност, како во твојот случај. Веќе подолг период ги пердашат судиите и, не верувам дека некој ќе си ја ризикува службата за ваква работа. Според мене, овој предмет би го добила на Суд, ама рачунај на период од една до две години. За тоа време, ќе си тече од кај комшиите. Имав сличен проблем, колку и да ме фаќаше инат, наједноставно ми беше јас да повикам мајстор и да го платам.
 
Член од
26 март 2018
Мислења
45
Поени од реакции
5
Далеку помал трошок би било плаќање мајстор и да се добие на Суд,и јас така веднаш израчунав..
Башка времето,нервозите..
Жал ми е. Иако, имам впечаток дека малку се променети работите на подобро во Судството. Посебно, кога станува збор за предмети со мала вредност, како во твојот случај. Веќе подолг период ги пердашат судиите и, не верувам дека некој ќе си ја ризикува службата за ваква работа. Според мене, овој предмет би го добила на Суд, ама рачунај на период од една до две години. За тоа време, ќе си тече од кај комшиите. Имав сличен проблем, колку и да ме фаќаше инат, наједноставно ми беше јас да повикам мајстор и да го платам.
Дај ми добар водоинсталатер :semolam:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Bijons,драга,ти си срце и се гледа твојата желба да помогнеш и доста се разбираш од многу области,ама малце сакаш и да пецкаш.А во случајов,ако некого не го мрзело да се бави со закони и да чита четири години,денови и ноќи непроспиени и да симнува од интернет два шифоњери со закони,и да работи како некаква one woman неплатена адвокатска куќа,тоа беше никој друг ,туку јас лично..И две судења(од друга природа) со мои Тужби имам зад себе..и сите можни Закони беа на моја страна ,и погоди што?па уште и на извршител бев дадена после се,и трошоците се тродуплираа! Па сите знаеме какви се судењата кај нас ,те молам..во тоа ми беше поентата кога искоментирав така како што искоментирав..И да,пред да го прочитам ова што ми го прати,(од збор до збор,не ме мрзи)јас веќе пријавив на неколку инспекции,меѓу кои ,на неколку инспектори за домување-лично ,на државната санитарна инспекција ,и на Министерот за здравство му пишав лично.И погоди што?Санитарна одговара-ние не сме надлежниМинистерот-не сме надлежниа од инспекторите за домување,ни трага ни глас..
а пред да го напишам апелот ,каде да се обратам,ја дигнав цела зграда во вис со закани дека ќе тужам но ..знам како ќе поминам (види погоре)Наравоучение- Во оваа држава,секој ќе ти се сере на глава ако му се може ,за жал..А ако мислеше да ме подучиш само како да ги подуплашам ,тогаш важи ..Ама тие се со 3000 врски..па затоа,им чуе..бидејќи кај нас важи правилото,кај што има сила(односно моќ) нема правдина.
Па милион случаи сме гледале и слушале и читале,какви неправди им се направиле..Во секој случај,ти благодарам,знам дека најдобронамерно ми пиша.
Само малку бев и повлечена за јазик ..
ех, не го земај при срце тоа, може само овој случај ти оди наопаку, дај боже другото да ти е во ред, знам нервозите се големи, јас за едно дрво во двор уште војска да викнев, дали проба кај градоначалникот за да укажеш дека делот со инспекторот за домување „не му работа“ ? односно дали си била кај тој инспектор за домување тетатет и да го кажеш проблемот? ако кварот е горе и да најдеш водоинсталатор не ќе буши одоздола, пак мора интервенцијата од станот над вас!
п.с.
ми иде да дојдам со тебе да идеме заедно, :uzi:
 
Па дојди,ми треба морална поддршка
Немам ни време да одам секаде,пишав вчера и на градоначалникот па да видиме.
 
Член од
28 март 2009
Мислења
98
Поени од реакции
22
Здраво, ме интересира на кој начин може да се направи ревизија на работењето на претседателот на куќен совет?
 
antibiotic1

Aquamaniac
Член од
8 септември 2013
Мислења
150
Поени од реакции
70
Здраво, дали некој сретнал или знае за некаков софтвер каде може да се внесуваат на пример: сметка за струја, за вода, за одржување на зградата, па после за претходно внесените станари истиот пресметува кој колку е должен да плати? Од адора имале нешто такво некој ми спомна но јас барав по нет да најдам нешто слично и никако да најдам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Фактура дојдена на куќен совет со назначени опции :
- надомест за потрошена електрична енергија
- надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија
- ДДВ 5%
- комунална такса за јавно осветлување
- законска казнена камата
- заостанат долг
Вкупно за плаќање...Х денари

...како може „куќен совет“ да ја има опцијата „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија и дополнително „комунална такса за јавно осветлување“ кога секој станар во својата сопствена сметка во својот стан ги има истите опции за плаќање, а сите станари се во тој куќен совет, не е тоа дупло наплатување од страна на ЕВН?
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
659
Imam problem so poplavuvanje nad mene na kupatiloto. Plakame sekoj mesec firma Upravitel plus vo zgrada od 70 stana. Pishuvam na firmata, se javuvam na telefon I veke nekolku meseci me lazat deka ke go napravat od fond na zgradata zasto ne e Moja greshka. Nisto ne e napraveno.Uste se I bezobrazni veke ni telefon ne mi krevaat. Kako mozam da se izemam da ne plakame I so tie pari da si ja napravam stetata. Kade mozam da se zalam za uslugata? Nikoj od stanarite ne se zainteresirani da se reshi problemot.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom