Кујнски садопер

Член од
29 септември 2013
Мислења
785
Поени од реакции
1.558
Во процес сум на собирање идеи за уредување на стан. Во глобала имам слика како сакам да изледа кујната, но ме интересира каков тип на садопери имате дома и како сте задоволни? Најубаво ми изгледаат гранитните садопери ( крем или црна боја), но колку се лесни за одржување и дали треба некоја потребна грижа. И дали е многу битно да има зона на цедење или не?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Гранитен ако ти е за сликање. За секојдневно користење само иноксен, на пр. од Бланко.
Гледај што поголем да е, да има место да може да се стави тава или поголемо тенџере. Зона за цедење е работа на избор и простор. Не е неопходна, особено ако имаш цедалка за садови.
 
Член од
27 февруари 2020
Мислења
10
Поени од реакции
6
Јас правев кујна сега пред 2 недели и земав Pyramis KIBA кружен садопер. Првично земав турски иноксен садопер, но човекот што ми ја правеше кујната ми рече да не земам турски или кинески садопери зошто тие немаат механизми-штипки за прицврстување за плотната туку се лепат со силикон и може да се случи да продира вода помеѓу садоперот и плотната. Pyramis и Blanco садопери имаат едни како штипки и се прицврстуваат за плотната.
 

Attachments

Член од
27 мај 2018
Мислења
726
Поени од реакции
1.257
Ако си при пари земи си BLANCO, одличен квалитет, нема утка. Е сега др што треба да пазиш а тоа е каква чешма ќе земеш има леви,десни, со 2 црева или 3 црева.Ако земеш со 2 црева ( BLANCO) ќе треба да земеш бојлерче со метален казан (ARISTON,HYNDAY,BOSCH,TING INOX) и да пишува на него 0.8 MPA во превод да држи 8 бари па има подготовка на бојлерот за да имаш топла вода.негатаивната страна на вакво поврзување е што притисокот стои во бојлерот и цревата и може да дојде до пукање.позитивна страна е тоа што вака имам намонтирано преку 100 чешми и бијлерчиња и немало таква ситуација.Ако земеш чешма со 3 црева UNITAS можеш да земеш било какво бојлерче и ќе немаш проблем.Негатаивна страна е тоа што кога загрева ќе капе така испушта притисок, а позитивна е долго трајно и е поефтина варијанта.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
592
Поени од реакции
2.002
Колку би се оштетил кујнски садопер, а и плотната доколку треба да се одлепува? Тие што ми ја правеа кујната веќе косата ми обеле од толкав аматеризам на помошниците на главниот мајстор. Ми го залепија садоперот со силикон во обратен правец од тоа што планирав за зоната за цедење, а и тотално не е залепен добро со плотната и буквалнона поголем дел има простор со плотната каде може слободно си поминува вода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom