Кучиња кои постојано лаат и завиваат, закони за санкционирање и контрола

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Како што вели насловот темава се однесува на кучиња кои постојано лаат и завиваат, поточно за закони за санкционирање и контрола на оваа релативно честа појава.

Претерано лаење е резултат од лошо или никакво воспитување/тренирање на кучето. Не е вистина дека кучето мора да постојано да лае само затоа што е куче. Ниту е вистина дека околината мора да го трпи тоа малтретирање, кое е посебно изразено во летните месеци и топлите денови кога сите имаат отворени прозорци (и врати).

Знам дека во други земји има закони што го третираат овој проблем. Претераното лаење лесно се утврдува, кучето не смее да лае на нешто што не е во непосредна близина или внатре во дворот на власникот, не смее да лае на комшиите, итн сите варијанти кога кучето не смее да лае се пропишани во законот и се конкретно кажани.
Инспектор го утврдува ова со контрола, кучето смее да лае по него само кога иснпекторот ќе се приближи до самата ограда на дворот или кога ќе влезе во тој двор. За становите исто има соодветни правилници. Ако кучето „падне„ на контролата, тогаш на власникот му се пишува опомена и му се дава одреден законски пропишан рок до кога мора да го одстрани проблемот. Потоа по тој рок следат нови контроли и соодветни казни, како на пример парична казна и налог за одстранување на кучето.

Власниците се должни да ги дресираат кучињата, или да ги преселат/одстранат од локацијата (што и да подразбирате под ова, се работи за избор на власникот).
Постојат и решенија со огрлици кои реагираат со непријатен мирис за кучуњата (лимун ако не се лажам) или со слаб ултразвук електрошок или електрошок. Овие уреди во огрлиците се активираат кога кучето прегласно/предолго лае.


Значи власникот е должен да го научи кучето да не лае постојано и да не смета на комшиите. Или да го однесе некаде на друго место каде се толерира непрестано лаење (на село?).
Она што ме радува е дека конечно почна да се носат вакви закони и кај нас. Прва го скрши мразот општина Центар, а се надевам дека наскоро со вакви закони ќе следат и други други општини.


Нетпрес напиша:
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=137649&kategorija=1

Опшина Центар забрани да се чуваат кучиња кои постојано лаат и завиваат

14.09.2013 - 10:18:19
Жителите на Општина Центар кои досега чуваа домашни животни, живина или пчели по дворовите, треба да се простат од нив или да ги преместат на териториите на други општини, затоа што Центар со одлука на Советот забрани да се чува каков било вид крупна или ситна стока во нејзините граници.

Затегнати се и правилата за чување кучиња по домовите. Граѓаните што живеат во зграда, а чуваат куче во стан или во дворот на зградата, за тоа мора да имаат согласност од мнозинството станари. Со најновата Одлука за комунален ред во Центар е забрането да се чуваат кучиња што постојано лаат и завиваат, пренесува Дневник.

Она што остана за чување се гулабите, но под одредени услови.

„Се забранува чување секаков вид крупна и ситна стока, како што се коњи, маски, магариња, свињи, овци, говеда, живина (кокошки, гуски, мисирки, пајки) како и пчелни семејства. Исто така се забранува колење крупна и ситна стока и живина на јавните и сообраќајни површини, како и нивно терање и сместување во дворовите на станбени и на други објекти и места во Центар. Единствено е дозволено чување гулаби и тоа само во дворните места на куќите. По исклучок, со писмена согласност на станарите и урбаната заедница, може да се чуваат гулаби и во дворовите на зградите“, се вели во одлуката за комунален ред.

Според документот, гулабарникот треба да биде изграден од погоден материјал, со бетонски под, поврзан на канализацискиот систем и редовно да се одржува чист. Одгледувањето гулаби не смее да го попречува нормалното живеење на соседите, а во спротивно, комуналниот инспектор може да го задолжи одгледувачот да го премести гулабарникот или да го забрани одгледувањето гулаби, анализира Дневник.

Најголемо незадоволство граѓаните веќе изразуваат за кучињата.

Жителите на Центар може да чуваат домашни, ловџиски и кучиња со педигре и други домашни миленици, како мачки, птици итн. под услов тие да се регистрирани во надлежна ветеринарна институција и да се редовно вакцинирани.

„Не е дозволено чување кучиња кои постојано лаат и завиваат. Сопствениците на кучињата и на другите миленици, треба да ги сместат и да ги чуваат така што животните нема да го попречуваат мирот и спокојството на соседите. Кучиња не смеат да се чуваат во станбени згради и во нивните дворови, освен ако сопственикот има писмена согласност од мнозинството станари“,е наведено во одлуката.

Сопствениците на ловечки кучиња, пак, се должни да ги држат врзани кога минуваат низ територијата на Центар.
автор: Нетпрес​
 
Член од
26 август 2013
Мислења
212
Поени од реакции
238
Искрено и благо кажано, глупо е некој да ми забранува шо може да чувам в двор а шо не.. Не дека имаме куче дома ама според мене многу попаметно ке е да се обрврзат сите сопственици на кучиња у овој случај да стават на влезната порта знак со кој ке се сигнализира присуството на куче во дворот на таа индивидуа. Па на тај начин секој еден ќе си биде одговорен ако му се случи нешто оти пред да влезе има видено оти тука у тај дом и у тај двор има куче.

А за лаењето: са да оти е проблем ама нека имат разбиране комшиите. И ние може не сакаме да ги слушаме комшиите ко се карат, е*ат или ред др раб ама етто, комшии сме и треба да се разбираме едни на други. Глупо е мош да споредувам лаење на куче со карање на луѓе ама базата на проблемот е секојпат иста: Едениот прави нешто шо на другиот му пречи
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Се сложувам со ова. Иако сум сопственик на куче не сакам непотребно лаење. Кучето треба да биде гласник кога некој доаѓа во домот, нормално доколку се работи за чувар да си ја сработи работата за што е наменето и дресирано. Кај мене се има случено да дојде инспекција бидејќи наводно кучињата постојано лаеле. Но, кога дојде инспекторот пријатно беше изненаден кога виде кучињата се примерни, гласот им се слушна само кога човекот влезе и потоа си се вратија во кукучките или тивко не посматраа од боксовите. И самиот рече дека често се соочува со овој проблем, но за среќа кај мене немаше проблем, па не добивме ни опомена. Потоа слушнав дека опомена добил тој што лажно пријавил.

Никој не е должен да трпи такво досадно лаење, јас лично не сакам да ме боли главата од таков лаеж, а уште помалку комшиите да бидат вознемирени. Си постои соодветна дресура за тоа, а секој совесен сопственик треба да биде доволно свесен. Поготово за сопствениците што чуваат раси кои завиваат и лаат непотребно.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Искрено и благо кажано, глупо е некој да ми забранува шо може да чувам в двор а шо не.....попаметно ке е да се обрврзат сите сопственици на кучиња у овој случај да стават на влезната порта знак со кој ке се сигнализира присуството на куче во дворот на таа индивидуа. Па на тај начин секој еден ќе си биде одговорен ако му се случи нешто оти пред да влезе ...

А за лаењето: са да оти е проблем ама нека имат разбиране комшиите. И ние може не сакаме да ги слушаме комшиите ко се карат, е*ат или ред др раб ама етто, комшии сме и треба да се разбираме едни на други....
На сметањето од постојано и гласно лаење се однесува овој закон, за какво влегување во двор зборуваш... Прочитај го пак уводниот пост.

Инаку... Алал да им е на тие комшиии што секојдневно се онадат во дворот, правејќи бука на ниво на гласно лаење од куче, и плус тоа да го прават 24/7. (y)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ти бе ванлок многу чуден чоек си, цигари ти сметаат, деца ти сметаат, кучиња ти лаат, а да се преселиш на некоја планина најдобро? :D
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Со две раце потпишувам.
Имам едно во комшии што секоја вечер не престанува да лае. Разбирам дека кучињата лаат, но не разбирам како секоја вечер може само да лае џукелата. Во лето морам да затоворам прозорци навечер за да не полудам од лаењето.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Ти бе ванлок многу чуден чоек си, цигари ти сметаат, деца ти сметаат, кучиња ти лаат, а да се преселиш на некоја планина најдобро? :D
Радо, веднаш би го направил тоа. Куќичка на планина. Мала бавча со свеж зеленчук за со ракија, домашно направена во сопствениот подрум (поголем да е, да има место и за правење на вино и пиво, можда и бурбон и такви послатки вискија од пченкарен слад).

Алас, не можам да го убедам мојот работодавец да ја пресели фирмата во соседството. ;)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сите проблеми во светот и во својот живот си ги средивте, па сега ви остана да сопрете кучињата да лаат.
Лаењето е нивниот јазик, исто како што ние имаме свој јазик и не се разбираме, и кучето има душа и ти имаш душа, со тоа што човекот е посилен од него не значи дека треба да владее врз него.

Еден ден ќе дојде кога и птициве што пеат ќе му сметаат. Зар и тогаш ќе го сопираат пеењето на птиците?

Природата рекла кучето ќе лае, а човекот ќе збори....... И ТОА ТАКА И ЌЕ ОСТАНЕ, а не некои глупи закони да носите.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Искрено и благо кажано, глупо е некој да ми забранува шо може да чувам в двор а шо не.. Не дека имаме куче дома ама според мене многу попаметно ке е да се обрврзат сите сопственици на кучиња у овој случај да стават на влезната порта знак со кој ке се сигнализира присуството на куче во дворот на таа индивидуа. Па на тај начин секој еден ќе си биде одговорен ако му се случи нешто оти пред да влезе има видено оти тука у тај дом и у тај двор има куче.

А за лаењето: са да оти е проблем ама нека имат разбиране комшиите. И ние може не сакаме да ги слушаме комшиите ко се карат, е*ат или ред др раб ама етто, комшии сме и треба да се разбираме едни на други. Глупо е мош да споредувам лаење на куче со карање на луѓе ама базата на проблемот е секојпат иста: Едениот прави нешто шо на другиот му пречи
Не е. Исто како шо можиш да ми викниш Џандари ако јас сум претерал со журка, со образложение дека сум нарушувал јавен ред и мир, истото треба да важи и за џукеливе. Ако некој сака џукела, се додека не ми смета нека си ја џува и в кревет ако сака, ама па да слушам џавкање среде цивилизација (ако е цивилизација ова) ептен нема смисла.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Лаењето е нивниот јазик, исто како што ние имаме свој јазик и не се разбираме, и кучето има душа и ти имаш душа, со тоа што човекот е посилен од него не значи дека треба да владее врз него.
Тебе, ако во дворот урлаш и завиваш навечер во ниедно време, ќе те уапсат експресно!
Зошто не и кучето? Добро де, не баш да го уапсат ама да се спречи буката... ;-)

Oд друга страна, ако си го прибереш кучето дома, па уште и во просторија со добра звучна изолација... па нека си комуницира колку сака (на децибелно ниво на нормален човечки разговор, чим веќе правиш споредби со луѓето).
Разбираш ли сега, за сметањето зборуваме... кучињата можат да научат да не лаат гласно и постојано. Има начин како... а сега има и закон зошто, ако веќе етиката и логиката не помагаат.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Тебе, ако во дворот урлаш и завиваш навечер во ниедно време, ќе те уапсат експресно!
Зошто не и кучето? Добро де, не баш да го уапсат ама да се спречи буката... ;-)

Oд друга страна, ако си го прибереш кучето дома, па уште и во просторија со добра звучна изолација... па нека си комуницира колку сака (на децибелно ниво на нормален човечки разговор, чим веќе правиш споредби со луѓето).
Разбираш ли сега, за сметањето зборуваме... кучињата можат да научат да не лаат гласно и постојано. Има начин како... а сега има и закон зошто, ако веќе етиката и логиката не помагаат.
Мој двор, моја територија, мој правила ;)

Кучето си лае, а за лаењето секогаш има причина ;)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Природата рекла кучето ќе лае, а човекот ќе збори....... И ТОА ТАКА И ЌЕ ОСТАНЕ, а не некои глупи закони да носите.
Природата исто така рекла дека кучињата треба да се чуваат во големи бетонски кутии со ланец од нергосувачки челик нели?
Немој безпотребно тој "природниот" аргумент да го вадите кога ве мрзи да ги дресирате животните. Има кучиња што лаат само на непознати лица кои им влегуваат во нивната територија, а има и џукели кои лаат и завиваат по цел ден без некој посебна причина.
Ретко кога овој проблем е до самото куче, повеќе е до сопственикот.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Мој двор, моја територија, мој правила ;)

Кучето си лае, а за лаењето секогаш има причина ;)

Jas imam sirok dvor, utre cirkus ke otvoram, slonovi se nadevam obozavaat komsiite. MoJ pravila!

Kuceto si lae, oti ne e nahraneto, oti e skitnik, i oti drzavata ne gi prebira da se uspijat.

Dodeka pak, tie so sopstvenici, nemam predlog resenie ako neznaat kuce da izdresirat.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom