Бидејќи гледам дека има ветеринар на темава, се осмелив да пишам. Кучето ми е старо 4,5 години отприлика, здраво право сега за сега барем така изгледа. Тежи 22-23 кг, питбулка, не и знам генетика. Зимно време скоро редовно паѓа во тежина и по дома е полетаргична, 90% од времето спие или е залепена за радијатор. Надвор не можам да ја изнесам, ќе протрча некој круг и право во кревет.
Ја хранам со еден оброк сува храна и втор оброк месо (пилешко -пр цела кокошка испечена раскомадана без коски, еден грст пилешки џигер два пати неделно, риба обично гирици, давам живи коски да ги глода во двор, ориз, зеленчук повремено од она што е дозволено).
Кога ќе приметам потечна столица или лош здив што лесто се случува само зимно време и давам само пробиотик и ориз и месо варено да крка. Повремено непцата и се многу бледи, целото куче изгледа утепанко, како со подочњаци. Дали треба да ја однесам на ветеринар за некоја крвна слика или нешто такво, со оглед на тоа што други симптоми нема, или можам да го средам ова по дома (не ми се шета со коронава)?