Кучиња (грижа, општи дискусии)

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Neostomosan povekje nema vo Makedonija. Toa ne e vakcina, toa e rastvor koj cisti no ne prevenira.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Пред години, со мажот ми чувавме туѓи кучиња во лето, во куќа со дворче, на одмор кога одат сопствениците. Најинтересен период ми беа тие две години: многу различни раси на по 5 или 10 дена ни се свртеја низ дома. За краток период видов различни раси какви се, како реагираат, како изгледа да се чуваат.

Туку, забележав една интересна појава: жесно куче трчкаше по мажот ми, а машко куче по мене. Кучињата ни спиеја дома, и навечер, на пример, јас на тросед, со лап-топот во скут, гледам телевизија и ѕиркам по нет, машко куче што ќе го имавме тогаш на чување, ќе дојдеше да ми легне на нозе, со ушите на тастатура. Кај мене женско куче така да легне - не дојде.

п.с. Тие две години по дома постојано имаше некој, па можевме да го правиме тоа.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
На кучето стапалото му е потечено и црвено малце, незнам дали нагазил на нешто или го каснало нешто. Не сака да згази на таа нога.

Со што да го намачкам или да му врзам нешто. Му ставив ракија малце на еден завој. Незнам што друго...

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665

Брат по описот ќе да му е тревка под кожа влезено и со што и да мачкаш нема да помине додека не идеш да ја извадат (за некој ден ќе почне и гној да прави ако чекаш и само додатни компликации ќе имаш)
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Брат по описот ќе да му е тревка под кожа влезено и со што и да мачкаш нема да помине додека не идеш да ја извадат (за некој ден ќе почне и гној да прави ако чекаш и само додатни компликации ќе имаш)
Каква тревка мислиш некој трн?
Јас не можам ништо да видам на шепата?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk

Сега гледам му се намалил отокот во споредба со сабајлето, и сега може да гази на ногата
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Каква тревка мислиш некој трн?
Јас не можам ништо да видам на шепата?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk

Сега гледам му се намалил отокот во споредба со сабајлето, и сега може да гази на ногата
Незнам како да ти ја објаснам тревката, како жито е само што ништо не раѓа на секој чекор ја има низ Македонија
Ама тоа е сосема небитно, според напишаното звучеше дека е такво нешто и не е за дома третирање него за на ветеринар
А за дома третирање стварно незнам нит сум стручен нит па сакам да дадам совет за нешто што не е моја област, има ветеринари на темава може некој ќе ти одговори поточно според сликите што ги објави
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Незнам како да ти ја објаснам тревката, како жито е само што ништо не раѓа на секој чекор ја има низ Македонија
Ама тоа е сосема небитно, според напишаното звучеше дека е такво нешто и не е за дома третирање него за на ветеринар
А за дома третирање стварно незнам нит сум стручен нит па сакам да дадам совет за нешто што не е моја област, има ветеринари на темава може некој ќе ти одговори поточно според сликите што ги објави
Бев на ветеринар, го намачка со бетадине малце го стисна да истече гнојот и ми даде ihtor camfor krema и таблети антибиотик за 3 дена

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Незнам како да ти ја објаснам тревката, како жито е само што ништо не раѓа на секој чекор ја има низ Македонија
Чеклаз = семенарникот на тревата (кој личи на клас од житно растение).
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Бев на ветеринар, го намачка со бетадине малце го стисна да истече гнојот и ми даде ihtor camfor krema и таблети антибиотик за 3 дена

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Може се налути со вториот мој одговор ама стварно сум против лечење онлајн поготово кога некој како мене што не е ветеринар се обидува да даде “стручно” мислење
Најбитно е што на крајот ја направи правилната работа и го поштеди и миленикот а и себе од дополнителни компликации
Чеклаз = семенарникот на тревата (кој личи на клас од житно растение).
Морав да изгуглам да видам слика и да во право си :))))
Ете и канонот ќе знае на што да пази од сега
 
Ibrakadabra88

Дипломиран инжинер по информатички технологии
Член од
2 декември 2007
Мислења
62
Поени од реакции
50
Добро шо е поентата со цените за продажба на кучињата!? Човек од тоа сака да се обогати!? Будала работа
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Eve sto sum pisuvala pred nekoe vreme:

Добар расен примерок не се наоѓа под 300евра барем кај нас. Не зборувам за профитот што некој мисли дека одгледувачите го прават, бидејќи има разлика меѓу одгледувач и штанцар. Не знам како да напишам, а да не бидам сфатена погрешно, бидејќи за некој што не го работи тоа, се што ќе му кажеш е неприфатливо или нејасно.

Ако некој се зафати со одгој сериозно, тој уште посериозно треба да има спремено капитал. Прво купување на добра женка, па одгледување на таа женка, па изложби, па специјалки, па одбир на мажјак, парење, па 2 месеци чување на рака, па одгледување на легло и најтешкото продажба. Продажба во правите раце, за да тоа кутре утре не стане дел од популацијата на улични кучиња. Луѓето кога ќе им кажеш цена се фаќаат за глава и као еее ти што продаваш. Епа јас продавам нешто што 3 години сум го хранела, сум го вакцинирала, сум се тресела при гравидитет и пораѓање, сум се тресела над тие кутриња, и јас сакам исвестицијата да си ја вратам, не да заработам. Денес познавам само неколку одгледувачници што стигнале до степен да живеат од кучиња, но ако се погледне колку долга историја имаат и колку е вложено за тоа, може и ќе им се разјасни на луѓето. За времето и напорот околу нив воопшто не зборувам затоа што тоа не може да се измери во пари, но тоа е љубов и желба. Еден одгледувач убаво има кажано, кинологијата е скап спорт.
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
Добро шо е поентата со цените за продажба на кучињата!? Човек од тоа сака да се обогати!? Будала работа
Па треба да му се ампутира една рака и една нога на секој шо зел женско куче и произведува живи суштества за да биди евтино за некој ко тебе.
 
Ibrakadabra88

Дипломиран инжинер по информатички технологии
Член од
2 декември 2007
Мислења
62
Поени од реакции
50
Па треба да му се ампутира една рака и една нога на секој шо зел женско куче и произведува живи суштества за да биди евтино за некој ко тебе.
Брат ти и вака и без мозок ќе вредиш иста пара т.е. ич.

Одгледувачница признавам, плаќа даноци, придонеси, регуларно си е пријавена.. А ти штом зимаш куче или какво и да е милениче, спремен си сите идни трошкови во врска со него да си ги поднесеш и испланираш а не со примарна цел да земеш некоја пара од идна продажна на нивните мали
 
Kajgana Shop

На врв Bottom