Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Колку време после аплицирање се уште има болви?
Треба период, 2-3 дена за да ги снема. Тие не се закачуваат на кучето, само шетаат по него, ако има ампула.
Провери да не имаш друг извор некаде на болви.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
784
Поени од реакции
262
Колку време после аплицирање се уште има болви?
Треба период, 2-3 дена за да ги снема. Тие не се закачуваат на кучето, само шетаат по него, ако има ампула.
Провери да не имаш друг извор некаде на болви.
Една недела веќе... нема друг извор се му е чисто, сигурно ги има закачено надвор при прошетка :/ А што викате за Неопитроид или Ектанон, има некој искуство со овие?
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Една недела веќе... нема друг извор се му е чисто, сигурно ги има закачено надвор при прошетка :/ А што викате за Неопитроид или Ектанон, има некој искуство со овие?
во стан си или куќа?

некаде имаш болви. кучето е заштитено, ама некаде тие се множат.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Сакам да земам кученце, ама патувам често, ми треба мала раса бидејќи немам место во стан за големо куче а и сакам во секоја прилика додека можам да го зимам со себе да го земам, ама во ситуација кога не можам да го земам ќе ми треба ваљда пансион. Кај оставате кученца вака? Проверена опција значи. И ветеринар кој е баш добар за кученца. Јорки ми е на ум, најдов убаво легло. Имам вдомено досега три четири пати, ама секогаш несреќно завршувале тие ситуации а се врзувам и не сакам така, сакам здраво право кученце оти после болна паѓам по нив.
 
Член од
1 септември 2018
Мислења
248
Поени од реакции
642
Препорачајте добра проверена ноктарица и од кај да купам. Ми треба за големо куче околу 20кг.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665

А зашто мислиш дека ако е расно е здраво право кученце? Ти даваат осигурување со него што би ти покрило дел од трошоците со ветеринари? Ти даваат гаранција од Х месеци или година, во кој веројатно би се открило доколку сепак има некој проблем.
Ретко која позната одгледувачница работи како што треба, и не ги гледа милениците како бизнис. Ретки се тие што стварно се посветени и се трудат.
Препорака за ветеринар јас моите додека бев во мкд ги носев на ветеринарен факултет (не автокоманда во приватната него во факултетот)
 
Кога веќе ќе земам мало кученце преферирам да е тоа што сакам, а сакам Јорки. Сите вдомени кученца досега од улица после година две ми умирале од негрижа. Како и кај луѓето гаранција немам дека ќе биде се ОК. Сакам мал раст поради патувања, поради стан и слични услови.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
чија негрижа? твоја, после вдомување?
Веројатно на оние кои ги напуштиле. Вдомив Хаска која беше пред умирање, ја кренав малце, ама колку можеш да опраиш куче тепано, со кршени коски, малтретирано, малтене со закржлавени екстремитети од недвижење. Вдомив после едно ловџиско мало, не очекував дека нема да порасне, кога се родило сопственикот го удавил во кофа со медицински алкохол, некој го видел и го извадил, ама уништени му беа органите а тоа ми го кажаа откако го вдомив, луѓе кои случајно го препознаа. Мене ми беше чудно зошто не расте кученцево... Вдомив мешанче некое, малку поголемо, ама после 3м од малтретирање, за него знаев дека е малтретирано, почна да ме напаѓа, му открија хематом во главата кој притиска... Мислам дека доста ми беше од трагедии, сепак дома ги чувам, не сакам да им ги гледам маките и да тажам одново и одново.

Нејсе кученцето што го имав на ум си го земав, моментално одиме на ветеринар кај Државна Пет Вет мислам се вика, одличен доктор, одличен пристап. Земав машко и по 6м ќе го стерилизирам. Засега ми е маза, бебе, плаче за внимание, се учиме на навики и трпене. Официјалното име му е Коко, ама се вика уште и Мочко, Дрндупка, Туфна, Гомце, Бебе, Маза, Тровче... Тешко ми е да се задржам на едно име, а знам дека ако сакам да ме слуша мора да му се обраќам по “крстеното“ име.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Препорачајте добра проверена ноктарица и од кај да купам. Ми треба за големо куче околу 20кг.
Проверена веќе четврта година на Лабрадор. Ја купив од али експрес истава и сум презадоволен. Цврсто изработена, прецизно и право сече. Внимавај само при сечење да не отидеш многу високо и пази на аголот, мој совет ако немаш искуство прво нека ти покаже ветеринар па после сам (јас така направив).
 
Последно уредено:
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Моментално сме на храна, која ме чини 50е за 12кг.
Кучето јаде пола кило на ден и еден месец не можам да поминам со една вреќа.
Ќе банкротирам и сакам да ја сменам за некоја која вреди барем половина од она што сум земал до сега.
Кучето е 2,5 години старо.
Што ќе препорачате?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Koja e taa hrana sto ima dnevna dazba od 500g?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom