Кучиња (грижа, општи дискусии)

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Ова баце вчера ми го донесоа одма рипа скока, си игра , јаде без проблем , не ни квичеше чоече вечерта у гаража го остаив, гајле нема. Ваљда машко дека, првпат машко шарпланинче чувам :) душиче ми е...:)

Sent from my iPhone using Tapatalk
Како така земаш куче и не знаеш што пол ти е.o_O Ако има генитален орган на погорниот дел, тоа некаде зафаќа кај стомачето, значи дека е машко, а ако има генитален орган блиску анусот значи дека е женско.
И не можеш според однесувањето да го разликуваш полот на кучињата, освен ако имаш некои усовршени вештини за распознавање на говорот на телото на машко и на женско куче.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805

Кој рече дека незнам какво е бе ,реков дека ваљда дека е машко така се однесува дека нема галје...

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Здраво, едно кученце често ми иди во дворот, па сега се спријателивме. :)

Немам чувано долго време кучиња, па не знам ни дали ова кутре расти големо, што треба да правам за почеток, еве една слика па споделете некој совет и кажете ми дали расти големо.

Не изгледа како да ќе расне големо. Мешавинка од териерче некое е. И баш е убаво!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Член од
31 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
сега се регистрирав на форумов бидејки си прочитав еден куп корисни совети а во случај да згрешам нешто ве молам поправете ме. пред една недела си добив подарок Џек расел териер бебенце едвај 2 месеци среденко вакцинирано само треба за една недела ревакцина. цела недела гуглам за да се информирам колку што можам повеќе за расава па секој совет ќе ми биде од корист. инаку по мило и слатко суштество не сум видела. Душиче.одма се навикна на сите,си ручка папи храна а по малку му давам и кисело млекце. најважно е што сите сме околу него и за помалку од една недела го научивме да кака на тераса. само што ќе станеше одма надвор и ете си се научи само.е сеа за мочкање кај ќе му текне, ама па бебе е .... имам јас трпение. сега за во иднина... колку му трае карантинот? нешто посебно за расава? Ви благодарам однапред
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

E па заедно да си се радувате уште многу време!

Карантинот трае некаде околу 3 недели, но ништо страшно и да биде и 2 недели. Веднаш после карантинот ќе го социјализираш секојдневно со кучиња и мачки.
Раселот е интересна раса кутрак, застрашувачки паметни кучиња, но во исто време и доста захтевни. Бараат премногу активност, физичка како и психичка.
Да не ти објаснувам на долго и широко, еве ти корисно видео, опфаќа све што треба да знаеш за раселот.

Еве ти и еден интересен пример на расел, чии сопственици работеле со него. Резултатите се срашни, само треба трпение и внимание и кучево чуда може да праи
 
L

Lu

Гостин
Веќе подолго време сакам да си земам Доберман,уште од мал да го чувам ама моментално немам услови. Инаку иако имам слушано многу работи за овие кучиња дали има некој што чува да ми каже каков тип на кучиња се што е специфично за нив дали многу лаат дали се многу агресивни,дали лесно може да се дресираат и тн. ? :)
Јас имам Доберманка.
Прво и основно што треба да знаеш за Доберманите е тоа дека се работна - службена раса, и не се за почетници (неискусни) сопственици.

На прашањето дали се многу агресивни, ќе ти одговорам вака:
Ниедно куче (од било која раса) не се раѓа агресивно, и само по себе ниедно куче кога ќе се роди не е агресивно, туку може да биде само помалку или повеќе доминантно.
Тоа дали кучето ќе биде агресивно, зависи од сопственикот, колку ќе вложи труд и време во кучето, и дали правилно ќе го чува и одгледува кучето.

Еве конкретно Доберманите (па и секоја друга работна - службена раса) кога ќе паднат во погрешни раце, кај неискусни сопственици кои што незнаат како правилно да постапуваат со кучето, тогаш сосема нормално е кучето „да си ги земе конците во свои раце“ и да се однесува доминантно ... тоест во очите на луѓето таквото однесување да изгледа агресивно.
Но тоа е вина на сопственикот, а не на кучето.

Исто така многу важна информација за Доберманите, е тоа дека обожаваат да работат, едноставно обожаваат да извршуваат команди, и мора редовно секојдневно покрај физичките активности, да имаат и ментални активности, односно да работат извршувајќи најразлични команди.
И мнооогу се темпераментни, надвор не седат ни 2 секунди мирни, ама буквално, постојано с во движење, трчање, играње ... и затоа е потребно да им се посвети подолго време за шетање, за да можат да бидат активни и да си ја трошат енергијата.
Си купив куче. Старо е 30 дена. Сеуште е многу мало. Па кога го земав ми рекоа дека треба да го хранам со варен ориз и млеко само. Исчистено било од глисти. За вакцина кога треба да го носам? Микрочип мора ли да му ставам? Прееска некои грчеви имаше на моменти. Лошо ли е тоа? Дај кажете ми све што треба да знам за малечко куче. Пишете ми тука или по ПП. Ми треба совет од поискусни што како треба да правам со него.
Во овој случај незнам чија вина е поголема, дали тоа што ТИ не си се информирал пред да го земеш кученцето дека на 30 дена возраст, е премногу рано за да се одвои од мајката (најрано што може да се одвои кученцето е кога ќе наполни 6 недели, значи после 42 дена (ај еве нека биде од 40 - 45 дена) тоа е најраната возраст за одвојување од мајката) ... или пак неодговорниот идиот што ти го дал кученцето на 30 дена возраст, очигледно парите му се поважни од кученцата, гледал да си земе пари и што побрзо да се оттараси од кученцата, бидејќи не гледам друго логично објаснување зошто би дал 30 дневно кученце.

Па еве јас кога ќе имам легло од мојата Доберманка, пред да наполнат 6 недели кученцата и јас лично да им ставам прва вакцина ... па нема шанси да ги дадам, колку и да сакаат нека ме молат да им дадам порано кученце, пред да наполнат барем 45 дена, од моја куќа нема да искочи кученце, вака прават сите одговорни одгледувачи.

И како што веќе реков, првата вакцина е одговорност на одгледувачот, а не на сопственикот.
А овој кретен одгледувач (не заслужува ни да се нарече одгледувач) кај не им стаил прва вакцина, па уште и ти го дал кученцето на 30 дневна возраст.
Првата вакцина се става кога кученцата ќе наполнат 6 недели (значи на 42 дена возраст), и одгледувачот несмее да ги дава кученцата пред да наполнат 6 недели и пред да им стави вакцина.

Па згора на тоа како потврда на идиотизмот, е тоа што ти кажал за јадење да му даваш само варен ориз и млеко :facepalm:
Како прво организмот на кучињата не толерира лактоза (млечен шеќер), и од млекото ќе си имаш само проблеми, ќе има течна столица и ќе повраќа, и ќе има проблеми со стомакот и варењето на храната.
А само на варен ориз, незнам како воопшто би живеело кученцето.

Ејјј се изнервирав од тоа што постојат вакви кретени одгледувачи.
Неодговорни створења.
И ти имаш вина што претходно не си се информирал, треба да се информираш пред да го земеш кученцето, а не отпосле.
Али ај ете и во случај да не си се информирал, тогаш одгледувачот е одговорен да те информира како правилно да се грижиш за кученцето, а види овој идиот што совети ти дал, ориз и млеко да му даваш :facepalm:
 
Член од
31 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
E па заедно да си се радувате уште многу време!

Карантинот трае некаде околу 3 недели, но ништо страшно и да биде и 2 недели. Веднаш после карантинот ќе го социјализираш секојдневно со кучиња и мачки.
Раселот е интересна раса кутрак, застрашувачки паметни кучиња, но во исто време и доста захтевни. Бараат премногу активност, физичка како и психичка.
Да не ти објаснувам на долго и широко, еве ти корисно видео, опфаќа све што треба да знаеш за раселот.

Еве ти и еден интересен пример на расел, чии сопственици работеле со него. Резултатите се срашни, само треба трпение и внимание и кучево чуда може да праи
благодарам ZeenaK9 :) додека си прибирав информации за кутренцево по форумов и по други местенца дојдов до заклучок дека би требало во блиска иднина да го пријавам и на изложба. сеа... знам уште е бебе кај и да е ќе напуни 2 месеци ама јас никогаш не сум присуствувала на ни една изложба дури ни како посетител и немам никакво искуство. Нешто што успеав да најдам (а има многу што пишуваат дека носење по изложби е лошо за кучето и уште не сватив зошто е тоа така) невер мајнд, е дека треба некој посебен тренинг и да седи мирно пред судиите итн итн... не ми е јасно јас ли треба да го учам зошто и јас поима немам од работиве или да го однесам некаде на подготовка? кутрево е ПреСлатко (не дека е мое) како колаче е, со педигре е, а татко му е јуниорски шампион на Македонија,и мислам дека таков примерок треба барем еднаш да прошетка на изложба. помош поискусни,кога е време,која е процедурата,како да го спремам?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Ке ве молам за совет.
Имам женка - џуџест пинч стара 5 години која е во претпородилен период. Контракциите, честото мочање, барање место за породување започнаа од вчера. Е сега ме интересира колку најдолго може да трае ова за да почне да се пораѓа? Инаку 62 ден и е од бременоста и ова и е втора бременост.
Се консултирав со ветеринар и ми рече ако не почне да се пораѓа и денес да ја донесам утре за царски рез меѓутоа претходно сакам да чујам и друго мислење.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523

ОСтави мислења на форум, не е време за тоа, послушај си го ветеринарот. Измери и ја темепратурата, ако е снижена кај и да е породувањето ќе започне. За било каков проблем барај го ветеринарот, не чекај на форум.
благодарам ZeenaK9 :) додека си прибирав информации за кутренцево по форумов и по други местенца дојдов до заклучок дека би требало во блиска иднина да го пријавам и на изложба. сеа... знам уште е бебе кај и да е ќе напуни 2 месеци ама јас никогаш не сум присуствувала на ни една изложба дури ни како посетител и немам никакво искуство. Нешто што успеав да најдам (а има многу што пишуваат дека носење по изложби е лошо за кучето и уште не сватив зошто е тоа така) невер мајнд, е дека треба некој посебен тренинг и да седи мирно пред судиите итн итн... не ми е јасно јас ли треба да го учам зошто и јас поима немам од работиве или да го однесам некаде на подготовка? кутрево е ПреСлатко (не дека е мое) како колаче е, со педигре е, а татко му е јуниорски шампион на Македонија,и мислам дека таков примерок треба барем еднаш да прошетка на изложба. помош поискусни,кога е време,која е процедурата,како да го спремам?
Повели, еве што се очекува од тебе и твоето кутре. Почни да го водиш по изложби, за да се навикне на гужва. И пријави го после 6 месеци, ништо не добиваш со тоа што ќе го извадиш како бебе. А да, научи го да покажува заби, тоа значи дека не смее да се буни кога судијата ќе проба да му ја отвори устата.
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
сакам да земам ирски сетер па ако може некој што чувал да ми каже нешто за оваа раса совет итн...
 
Член од
9 декември 2009
Мислења
87
Поени од реакции
25
Има ли некој искуство со канцер кај кучињата ? Имам Доберман стар 3 години и се бориме против неговиот канцер на горната вилица.. Утре ке се изврши биопсија и ке се утврди за каков канцер станува збор и дали ке смее да се оперира и колку би била успешна операцијата... Малку ми е напорно деновиве па сакав да споделам и добредојден ми е било каков совет зошто ептен сум приврзан со кучето...
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Има ли некој искуство со канцер кај кучињата ? Имам Доберман стар 3 години и се бориме против неговиот канцер на горната вилица.. Утре ке се изврши биопсија и ке се утврди за каков канцер станува збор и дали ке смее да се оперира и колку би била успешна операцијата... Малку ми е напорно деновиве па сакав да споделам и добредојден ми е било каков совет зошто ептен сум приврзан со кучето...
Малку можеме да ти помогнеме ние. Се зависи прво од типот на канцерот, местото каде е лоциран, големината, самиот пес и неговата здравствена состојба. Најдобро ти е да почекаш резултати и потоа со ветеринарот да најдете најдбро решение за кучето. Среќно и јави каква е ситуацијата.
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
5
Поени од реакции
1
Не знаев кај да прашам,па ај тука ќе прашам.

1.Дали некој пробал дресура со кликер и како се мери со вербалната дресура?

2.Дали има во некои од пет шоповиве во Скопје да се купи кликер?

фала унапред
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Има ли некој искуство со канцер кај кучињата ? Имам Доберман стар 3 години и се бориме против неговиот канцер на горната вилица.. Утре ке се изврши биопсија и ке се утврди за каков канцер станува збор и дали ке смее да се оперира и колку би била успешна операцијата... Малку ми е напорно деновиве па сакав да споделам и добредојден ми е било каков совет зошто ептен сум приврзан со кучето...
Како што ти кажа Пепа, се зависи од типот на канцерот.
Имам другарка, нејзината 14 годишна пудла преживеа од канцер на нога, и ја ампутираа ногата зашто беше премногу раширен. Во глобала кучето и покрај староста, е ок. Премногу внимание ќе обрниш на исхрана. Само здрава храна. Откако ќе ги добиеш резултатите од биопсијата, ќе видиме што е најдобро и што советуваат странскиве ветеринари за тоа. Пиши ги резултатите и заедно ќе побараме што треба и како треба понатаму да се грижиш за него. Али пак ќе ти кажам, строго здрава храна и замарање за имунитетот негов, тоа ти е преоритет, безразлика на резултатите.
 
Фала ви за советите и на тебе и на Пепа утре е закажано ренген снимањето и после тоа ке се прави биопсија, денес бевме во ветеринарен центар кај Диме, рече да ги види ренген снимките и зависи што ќе кажат резултатите од биопсијата највероватно ке може да го оперира... Ке ги споделам резултатите од биопсија деновиве, и ке ми кажеш што како околу исхраната.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom