mkdpro.AceBoy
Кајгана 24/7
- Член од
- 14 јуни 2007
- Мислења
- 520
- Поени од реакции
- 13
Германски Овчар
ВОВЕД:
Германскиот овчар е раса која успеала да ја здобие популарноста во сите делови на светот како ниту една друга раса.
Неговите неспорни квалитети и интелигенција причина се поради што човекот се одлучил да го користи за за разни активности.
Германскиот овчар е карактеристичен претставник на европските кучиња-чувари и за многу луѓе е типичен претставник на кучињата воопшто. Прв пат се појавува 1704 год на дворот на кралот Леополд l. Својот денешен изглед го добил дури на почетокот на 20 век., а неговото одгледување е поврзано со името на легендарниот одгледувач - Rittmeister von Stephantiz. Од рустичните и неизедначени форми со одгледување настанале многу преработени раси.
Здружението на одгледувачи на германските овчарски кучиња е основано 1899 година (кое соединувало 30.000 членови, распоредени во стотина клубови) и од тогаш се разликуваат три вида: кратковлакнести, долговлакнести и островлакнести. Во зависност од околината се развивани и зацврстувани карактеристичните особини на на овие кучиња, кои се ценат во полициската служба, во армијата и како придружници на слепите лица. Оваа раса станала симбол на верност и несебичност.
Овој пес е храбар, интелигентен, верен во потполност, послушен, потчинет на својот господар. Секогаш во состојба на спремност, тој жестоко го брани газдата и при најмала опасност, дури и ако не е обучен за тоа.
надарен е со еден од најдобрите носеви на светот, постана мајстор во пратењето на траги. Овој пес со главна особина на песот да доминира, мора да биде воден од господар со цврста рака, кој ке биде способен да му ја наметне својата волја. Обуката ке го услови целото однесување на животното, на овој или оној начин. Така да тој може да постане опасен механизам за напад и одбрана, или пак во други случаеви извонреден домашен миленик. Овој мирен пес, може многу добро да живее во стан, под услов да му се овозможи секојдневно трчање и да може да се истошти. Неопходно е да се купи од добар одгледувач, кој може да ви ги пружи сите потребни податоци за родителите и неговите карактеристики. Во рамките на леглото, никогаш не треба да изберете кученце кое изгледа супер активно или уплашено, бидејки покасно, тоа може да постане агресивно.
ОПИС
Германскиот овчар е снажно животно, виток, мускулест, жив и секогаш внимателен.
Има хармоничен и урамнотежен изглед со добро развиени предни и задни екстремитети.
Глава и череп:
Пропорционална на телото, витка, умерено проширена помеѓу ушите.
Просечно долга, слаба, заоблено чело, стопот постепено се губи, муцката одозгора е во облик на клин, слаба и силна; усните му се заоблени, слаби и добро се затвораат, задниот дел на носот му е прав и паралелен со линијата на челото, а носот секогаш е црн.
Вилиците се нагласени, но никогаш не стрчат.
ОЧИ:
Очите се со просечна големина, со облик на бадем и темна боја; изразот им е жив, разумен и самоуверен, и изразуваат интелигенција.
УШИ:
Ушите се исто така со средна или просечна големина, во основата се широки, високо вкоренети, секогаш стојат исправени и свртени се кон надвор.
ЗАБИ:
Силни и здрави,сместени во вилици сосема во вид на ножици.
ВРАТ:
Вратот е цврст, со средна должина, со добро развиени мускули. Исправен е ако е песот возбуден, инаку е во водорамна положба.
ПРЕДНИ НОЗЕ:
Долги, косо поставени раменици, лактите му се до телото, подлактите прави.
ТЕЛО:
Подолго од висината на гребенот, градниот кош му е длабок но не му е многу широк, грбот му е прав, добро развиен, стомакот му е малку повлечен, бутовите се широки, силни, мускулести, слабините му се долги и малку опаѓаат. Ребрата не се сплескани ниту премногу изразени.
ЗАДНИ НОЗЕ:
Широки и со силни горни делови на бутовите,скочните зглобови му се силни и цврсти,исто така и задните делови на стапалата.
ШЕПИ:
Тркалезни, кратки, затворени, со цврсти перничиња и кратки и силни нокти.
ОПАШ:
Достигнува до скочните зглобови и има густи влакна, и понекогаш е во облик на кука. Во состојба на мирување опашката е спуштена надолу.
ВЛАКНА:
Кратковлакнести-цврсти, густи, на вратот и внатрешната страна на нозете има малку подолги влакна; долги прави влакна; на нозете и на бутовите се создаваат таканаречени панталони, опашката е кадрава; овој вид на влакна не е пожелен; Долговлакнести се сметаат за фелерични. Германскиот овчар има и подвлакна.
БОЈА:
Црна и шарена со кафена боја, имаат жолти до светлосиви знаци на црното седло; со темна боја, сосема црна волчјосива со светли или кафени знаци. Горниот дел на телото (пласт) може да биде црн или со црни дамки на сива или темна боја.
ВИСИНА:
Идеална висина на гребенот на мажјакот е 62,5цм, а на женката 57,5цм, со толеранција од 2,5цм во плус или минус.