Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Имам прашање во врска со играње на кучиња. Мојот скоро 5 месечен лабрадор си игра со 6 месечен доберман. Со сите кучиња со кои си игра се тркала по земја и се гризе. До сега со сите што си играл вклучувајќи го и доберматот, ниту ржеле, ниту лаеле, ниту цвичеле. Ми кажаа дека на доберманот дома му приметиле ранички. Можно ли е тоа да е од моето куче (нема ништо на него) и како да постапам ако е ?

Поздрав
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280

Е добро де, нема тука ништо лошо. :D И мојот доберман кога беше мал си играше со едно паниче па цело време имаше рани (гребнатинки) по муцката. :D
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Е добро де, нема тука ништо лошо. :D И мојот доберман кога беше мал си играше со едно паниче па цело време имаше рани (гребнатинки) по муцката. :D
Па незнам дали е лошо или добро па затоа прашувам. :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

Треба да му земеш топче кое што испушта звук кога ќе биде стиснато премногу. На секое испуштање звук од топчето, ти ќе го караш кучето, мора да научи да има контрола на вилицата и на стисокот. Не е нормално во една игра, другото куче да биде повредено, макар тоа да бидат и мали гребаници. Ако не се научи од малечко, замисли кога ќе порасне, колкав ќе му биде стисокот на вилица....
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Хмм незнам дали ме разбравте. Значи си има играно до сега со преку 10 кучиња и со сите е истата игра. Не ми се верува дека баш на ова куче би му направил рани, а на другите ништо да не им е. Инаку ме интересира како си играат кучиња обично ? За да знам дали да го одучувам од грицкањето или играње им е тоа ?
 
Абе у редо е да гризе, сигурно нема сол макарон да игра, поентата е дека треба да се научи да има осет на гризењето, без разлика од која и раса да е... мора да знае за граници, до кај може да иде, ако не е опоменато и ако не му се поставени граници, тоа само по себе не знае кога е доволно. Затоа служи мајката во природата, они играат со неа, ако ја заболи она ги каса, односно им враќа за да знаат дека е доста.
Пробај со топче, гарантирано помага.

А иначе, доберманите немаат премногу влакна, што значи дека кожата им е поизложена. Затоа доберманот има рани а другите немаат, другите имаат крзно да ги штити. И да имаат мали гребнатини, сигурно од крзното не може да се видат. Кај доберман лесно е да се детектира.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Па обично кога игра и кога едното ќе загризе појако престануваат. И после тоа пак ќе почнат. Доберманов ниту цвичи ниту ржи затоа незнам дали да го карам моево кога ќе го гризе или не. А за тоа колку јако стиска појма неам затоа што доберманот некои знаци ќе покажеше ако е многу јако..
 
Па играат затоа не покажува никакви знаци. И сам кажуваш, ако згризе некое посилно, одма прекунуваат и пак почнуваат, значи интересно им е да играат. Кај мене во маало има една питбулка, преубаво игра со сите кучиња, ако само да ја гледаш од страна, а кога ќе дојде момент истата сила да ја употреби на тебе е тоа веќе боли. Кучињава колку толку поиздржливи се од нас, ние не можеме да издржиме толку многу. Затоа ти викам, мораш да му поставиш граници, али кога игра со тебе. Другите кучиња со кои игра, они му ги поставуваат границите и немаш потреба да го караш во однос на кучињата, они си знаат како треба, треба да одлучиш како ти сакаш да игра со тебе. Пак ќе ти кажам, купи му топче, нема да те кошта ништо повеќе од 150 денари. Мене тоа претерано ми помогна со кучкава, а и на многу други им помогна истиот метод.
Поздрав.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Јас кога играм со него немам проблем затоа што го научив воопшто да не ме гризе. На мене не отвара уста, муабетот ми беше за други кучиња. :)
Ај уште еднаш да објаснам. Си игра со сите кучиња па и со доберманов и ми кажаа дека приметиле (и јас видов околу вратот има како црвени мали гребнатинки). Е сега ниедно друго куче со коешто моето си играло немало никакви последици. Затоа прашував дали може тие да му се од моето куче или пак е некаква алергија или што и да е ?
 
Сфатив јас уште од прва :), можно е да му е од многу груба игра со кучето, ништо чудно, а можно е да е некоја габична инфекција кај доберманчето, сешто може да биде. Ќе ја приметиш убаво играта, ќе видиш како игра и ако нешто не ти се свиѓа- корегираш :)
Иначе не е убаво да игра премногу агресивно.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Луѓе ајде еден совет...
Овде у маало во еден запустен подрум родила една пекинејзерка мислам сега не е пекинејзерка туку мешавинка од пекинејзер ама многу мала и влакнеста дури и по убава скитник е кучката и е многу подивена.Родила 2 прекрасни кученца едното е кафеавко со сплескано муце како персиска мачка а другото е црно али мнооогу влакнесто како персиска мачка и сега на план сум да си земам едно од нив.Јас ги проверив машки се и двете едното го зедов за да го сликам и го вратив и плус ми треба за у двор да си го чувам и тие изгледа се 3 недели прогледнати се се поткреваат на нозе и квичат ама уште не се целосно така да уште 10 тина дена ќе почекам.на кучката секој ден и оставам јадење од ручек што останува и од моето што не јаде оти ако аромата од Ројал Канин му истуфенее не ги јаде...
Е сега сакам да знам кога го земам може ли веднаш да го избањам?? затоа што во песок се тие и се многу валкани или мало е за бањање сеуште ?? И дали смеам да му купам апмула протектор или фронтлајн и да му ја ставам иако е толку младо??
И секако ќе почекам уште еден месец или можам веднаш да го вакцинирам за да го лишам од вируси иако мсилам дека бидејќи е скитник има стекнато имунитет но сепак ќе си го вакцинирам! ете гo на слика :
1256122728cassies puppy.jpg
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Што мислите за Фурминатор-от ? Вреди ли да се купи и каде може да се најде најефтино ?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ја го земав 1200, тој е најефтиниот, спроти Генерал штаб, вади само подвлакно и му помага на кучето полесно да се измитари. Али тоа не значи дека дома ќе имаш помалку влакна, ако ти е за тоа. Иначе доволно ефективен. Во никој случај не е тоа што си го гледал на нет, барем со најефтиниов.
 
Немам гледано на нет никаков, имам гледано само во рамстор доле во Ројал Канин, тие се по 2300. Истиот е тој што го имаш ? И инаку дали тоа заменува чешел/четка ? Или и тоа и тоа да му купам ? Јас би го чешлал секој ден барем најголемиот број влакна да ги соберам.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Луѓе ајде еден совет...
Овде у маало во еден запустен подрум родила една пекинејзерка мислам сега не е пекинејзерка туку мешавинка од пекинејзер ама многу мала и влакнеста дури и по убава скитник е кучката и е многу подивена.Родила 2 прекрасни кученца едното е кафеавко со сплескано муце како персиска мачка а другото е црно али мнооогу влакнесто како персиска мачка и сега на план сум да си земам едно од нив.Јас ги проверив машки се и двете едното го зедов за да го сликам и го вратив и плус ми треба за у двор да си го чувам и тие изгледа се 3 недели прогледнати се се поткреваат на нозе и квичат ама уште не се целосно така да уште 10 тина дена ќе почекам.на кучката секој ден и оставам јадење од ручек што останува и од моето што не јаде оти ако аромата од Ројал Канин му истуфенее не ги јаде...
Е сега сакам да знам кога го земам може ли веднаш да го избањам?? затоа што во песок се тие и се многу валкани или мало е за бањање сеуште ?? И дали смеам да му купам апмула протектор или фронтлајн и да му ја ставам иако е толку младо??
И секако ќе почекам уште еден месец или можам веднаш да го вакцинирам за да го лишам од вируси иако мсилам дека бидејќи е скитник има стекнато имунитет но сепак ќе си го вакцинирам! ете гo на слика :
Прегледај го приврзокот 43633
Дали може некој да ме советувааа??? се чудам шо да правам ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom