Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Lu

Гостин
Дечки кутрето покажува тотална непослушност
Се работи за џуџест пинчер женка стара 2 месеци. За основни команди не сака ни да чуе, си душка наоколу рандом предмети и ич не ме ферма... Кога и фрлам топче наместо да ми го донесе го зема и го крие некаде. Се обидов како награда да и давам храна ама попусто е, тогаш уште помалку е заинтересирана и само скока околу мене чекајќи уште храна.

Дали е премала за тренирање? Каде грешам во тренинзите? Некои совети да почне да ме слуша?
Таман си е возраста за почетни тренинзи, али не треба да очекуваш одма да ги научи командите, ипак сеуште е малечка, има само 2 месеци и и' треба повеќе време за да свати.
Но убаво е што уште од малечка почнуваш да ја тренираш и да ја учиш на основните команди.
И немој од 2 месечно кученце да очекуваш да ти го враќа топчето кога ќе го фрлиш, за да ти го враќа топчето треба подолг тренинг и кученцето треба да е малце повозрасно за да свати што точно бараш од него.

И обрни големо внимание на Алфа статусот.
Обично токму ваквите малечки раси на кучиња се најразмазени и најлесно го завземаат Алфа статусот, па после слушаме разни муабети како тоа Пинчерот, Чивавата, Пекинезерот и сл. раси ги искасале своите сопственици.
Значи колку и да ти изгледа мила и слатка, никогаш немој да и попушташ и да ја размазуваш бидејќи ќе стане Алфа.

За подетално околу Алфа статусот прочитај го текстот во темата Кој е овде главен ?
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Јас го земав моето куче на точно 2 месеци и првите недела дена беше пекол. Гризаше што ќе стигне и никакви команди не слушаше. Пред некој ден наполни 3 месеци и сега знае да седи, да остане, да донесе играчка и да ја пушти пред мене и кога ќе му викнам "Не" реагира на командата. Така да имај само трпение и како што кажа Аргаси мора да бидеш Алфа и воопшто да не ти биде жал.
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
знае ли некој колку се движат цените кај нас за Bichon Frise и малтезер?
 

KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
L

Lu

Гостин
Леле значи ова новинариве ама им удираат етикета на кучињата „опасни“ , „крволочни“ ...
Ми доаѓа на некој новинар да му с'снам некое куче од „Мирните“ (се мисли на Лабрадор, Самојед и сл.) па да го видам после што ќе пишува во весник.

Многу ме иритира поделбата на кучиња помеѓу „Опасни“ и „Мирни“ .

Јас многу побезбедно се чувствувам кога до мене има куче од „Опасна“ раса бидејќи овие кучиња имаат КАРАКТЕР, додека пак овие „Мирните“ раси се крајно непредвидливи и без никаков предупредувачки сигнал (забележлив од страна на човекот) може да те касне.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Вака, кучето мое ја прими и третата вакцина и после карантинот почнав да го шетам надвор (денес му беше втор ден). Кога треба да прими наредна вакцина и за што ќе биде таа ? И, уште едно прашање. Го носам надвор 3-4 пати од кои еднаш по околу саат ипол го пуштам со на другар кучето трчаат и си играат. Многу му е тоа или таман е ? Се работи за 3 месеци и 10 дена стар лабрадор.

Поздрав
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Вака, кучето мое ја прими и третата вакцина и после карантинот почнав да го шетам надвор (денес му беше втор ден). Кога треба да прими наредна вакцина и за што ќе биде таа ? И, уште едно прашање. Го носам надвор 3-4 пати од кои еднаш по околу саат ипол го пуштам со на другар кучето трчаат и си играат. Многу му е тоа или таман е ? Се работи за 3 месеци и 10 дена стар лабрадор.

Поздрав
Не е многу ако можеш да го правиш редовно потоа истото секој ден, подобро е да научи кучето некаква рутина за шетање (еднаш навечер и еднаш наутро или во склад со твоето слободно време) за да не ти бара подоцна кога ќе порасни излегувања по 4-5 пати дневно.
Друга работа е што лабрадорорите се скони кон дисплазија на колкови и се советува напорни прошетки како трчања по скали или скокање на пречки да не се применуваат за да не дојде до компликации. Мислам дека играњето со кучето на другар ти е во ред, и е добро да се социјализираат кутрињата.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Па и јас знам дека многу време поминува надвор (2 прошетки се по 1 саат и една кога играат по саат ипол) ама ќе почнам да ги кратам за да не се навикне ептен.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Па и јас знам дека многу време поминува надвор (2 прошетки се по 1 саат и една кога играат по саат ипол) ама ќе почнам да ги кратам за да не се навикне ептен.
Вака, кучето мое ја прими и третата вакцина и после карантинот почнав да го шетам надвор (денес му беше втор ден). Кога треба да прими наредна вакцина и за што ќе биде таа ? И, уште едно прашање. Го носам надвор 3-4 пати од кои еднаш по околу саат ипол го пуштам со на другар кучето трчаат и си играат. Многу му е тоа или таман е ? Се работи за 3 месеци и 10 дена стар лабрадор.

Поздрав
Трите вакцини веќе ги има примено,сега за имунитет не треба веќе да прима,а нека потпорасне малку(до кај 16-17 недели) и вакцина против беснило ама мислам дека не е морална(мислам само) :)
И погоре,тотално се сложувам со Windfucker,еднаш насабајле и навечер,сосема е доволно.Исто моја препорака гледај колку можеш повеќе да го пушташ со други кучиња,да се социјализира повеќ е:)
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Трите вакцини веќе ги има примено,сега за имунитет не треба веќе да прима,а нека потпорасне малку(до кај 16-17 недели) и вакцина против беснило ама мислам дека не е морална(мислам само) :)
И погоре,тотално се сложувам со Windfucker,еднаш насабајле и навечер,сосема е доволно.Исто моја препорака гледај колку можеш повеќе да го пушташ со други кучиња,да се социјализира повеќ е:)
Со други кучиња е цело време и еднаш во текот на денот најмалку е со на другарот кучето. Инаку еднаш на сабајле и еднаш навечер не ли е премалку ? Тој во денот моча и по 5 пати.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Малку е бе наутро и навечер,јас го пуштам наутро после накај 2,па накај 6 и накај 10 навечер...некогаш врши нужда некогаш само излезе и толку али оти сега сеуште е мало и нонстоп моча.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Дали сте запознаени со "Prey model raw" начинот на исхрана?

Ме интересира дали има кај нас некој што вака го храни својот миленик, или сеуште владее мислењето дека ако кучето јаде живо месо ќе стане крволок. :)
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
39
Поени од реакции
0
Дали имате искуство со фурминатор,станува збор за кане корсо,премногу се митари , премногу и се исуши влакноо,многу и стана суво и избелено ,а на сонце добива некоја кафеава,црвенкаста нијанса (кучката е црна).Бидејки е премног е скап да го купам,дали знаете каде би можело да ја однесам и да и направат еден третман со него ,нормално да си платам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom