Кучиња (грижа, општи дискусии)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
77
Поени од реакции
113
Aj кога сме кај ветеринарите кажете добар во Скопје за мачо кутре од 2 месеца јорки

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Моја препорака воопшто за ветеринар во Скопје е Др. Диме -Ветеринарен центар
 
Член од
11 април 2012
Мислења
2.722
Поени од реакции
2.518
Фала ти,сите него го фалат ке закажам утре да видам кога може

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Да Диме мн го фалат, ама кај него во клиника го нема ни како сопственик да фигурира што се вика, не дека новите дечки нема да ти помогнат ама повеќе се претвори во штампање пари одколку во она што порано била. Мада за секој ќе слушнеш лоши зборови најубаво е да видиш кој најмногу тебе ти одговара.
Јас моите ги носев на факултет и бев презадоволен, ама имам слушнато и незадоволни од таму. Единствена замерка што јас ја имав кон болницата при факултетот (не приватната што е во ист двор) ми е што работеа само прва смена(може сега е сменето)
 
Член од
21 јануари 2016
Мислења
67
Поени од реакции
106
Колку награди за тренинг и гризинки се дозволени во еден ден за балансирана исхрана на куче? Знам дека прашањето е многу апстрактно. Ама поќе ме интересира за награди за тренинг зошто го учам основни команди моментално, а на наградите шо ги земам не пиши колку треба дневна доза. Мислам на коскичките од сликата:
Polish_20200112_090336717.jpg
Гризинки и коски за заби му оставам дома да му дават кога им е многу хиперактивен за да се занимава, така да не е секој ден и не му давам поќе од една. Мислам на гризинките од говедска кожа сува, исто од говедска кожа сува со чоколадо.

Од награди страна сега ќе му прам и пифтија со зеленчук (ориз, морков) од говетска срцевина. Храната му е балансирана со мускул и сува храна само се бунам со наградите. Страв ми е да не пречкорам дневна доза.
 
Член од
20 ноември 2019
Мислења
17
Поени од реакции
11

Прегледај го приврзокот 228456

Обично нема утка за награда со виршла. Јас кога го тренирав во тој период му давав по пола виршла на мали тркалца (куче од 15 кг). По еден месец престанав
 
Член од
21 јануари 2016
Мислења
67
Поени од реакции
106
Обично нема утка за награда со виршла. Јас кога го тренирав во тој период му давав по пола виршла на мали тркалца (куче од 15 кг). По еден месец престанав
Не ми текнало за виршли до сега. :LOL: Со пријателка зборав за говетска "пифтија" со малку зеленчук и ситно насецкано и во фрижидер. Така и дневна доза зеленчук да прима. И ми прати линк за како се прат желатин награди и можни комбинации. Наводно тиквата била многу здрава за кучињата и сакам на Пес да му напрам и од тиква со желатин, исто ситно сецкано и чувано во фрижидер.

А, овие сега шо му давам награди се доста функционални само шо ми е страв да не претерам. Малите кафеави коски ги сака многу и тие ми се кога му внесвам нова команда. Кога почнува да ја сфаќа вртам на бисквитчиња коски, тие во три бои шо се за повторвање секој ден то шо научил и постепено му ги повлеквам кога ќе видам дека инстантно реагира.

Ама сепак фала за предлогот со виршлата, кога ќе сакам добро да го наградам ќе сменам малку и на то. :)
 
Член од
22 јуни 2014
Мислења
23
Поени од реакции
6
Како и каде се проверува педигре од србија дали е оригинал
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
77
Поени од реакции
113
Како и каде се проверува педигре од србија дали е оригинал
Пробај преку кинолошки сојуз на Македонија. Не знам дали имаат пристап до друѓи држави па преку бројот JRxxxxx да направат проверка.
Ако не скенирај го и преку маил барај одговор во кинолошки сојуз Србија.
 
Член од
20 ноември 2019
Мислења
17
Поени од реакции
11
По неколку дена пролив, го однесов кучето (18 месеци) на ветеринар (кај Диме) каде врз база на симптомите што ги кажав (ретка светла столица, мирис како и некои маснотии во неа) плус слика од столицата, заклучија дека е паразит Giardia и ми кажаа да го прочистам со таблети 3 дена по ред (предтоа беше последно прочистен пред 45 дена) + после таблетите уште 7 дена Флажил, за на крај после 14 дена да се даде уште една доза од таблетите за прочистување. Некој со вакво искуство или плус некој совет?
П.С. Му давам уште Пролајф пробиотик, кучето е весело и разиграно но со послаб апетит.
 
На врв Bottom