Дечки ако има некој ветеринар на темава или некој што разбира повеќе да ми одговори.
Имам шарпланинец, за еден месец полни две години.
1. Кучето има проблем со лигавење, испушта голема количина на плунка. Се советував со ветеринар и ми рече дека не е ништо страшно, дека кучињата не лачеле пот преку кожата т.е. на тој начин (преку плунката) ја исфрлале.
Мене не ми е нормално да лигави толку повеќе од другите кучиња (од својата и од други раси). Читав по интернет дека доколку куче лигави тоа е знак дека чуствува болка во стомакот па затоа сум загрижен.
2. Едното око му е речиси нон стоп црвено. Истиот ветеринар прво ми рече да пробам со прокулин капки(после ставање на капки му поминуваше црвенилото но му се враќаше за пола час до еден час најдоцна) па во друг наврат ми рече дека најверојатно е од прашина и дека тоа е нормално.
Незнам јас колку е нормално ова и покрај убедувањето на ветеринарот не сум убеден па кој разбира нека пише.
Инаку кучето не покажува некој знаци на болка, не е агресивно, пријателски е настроено кон секого (освен по циганите од комуналното
). Малку е мрзлив можеби но мислам дека тоа е нормално.