Читај го текстот и одговорите. Се е тоа ок, разбирам дека се курсеви/академии и дека не е возможно да го совладаат тој материјал за краток период а и реално, што да совладаат кога секојдневно се изучуваат нови параметри и се менуваат алгоритми. Мора да си у тек константно.
Според одговорите на студентите, за СЕО оптимизација они правеле изработка и надополнување на текстови, па за некакви грешки зборат што мислам дека мислат на црвените ерори на СЕО плугини што се инсталирани (Вордпрес) па менувале наслов/опис, менувале клучни зборови (кејворди) или пак менувале Х1/Х2 тагови.
Зборуваат за креирање контент и за "Google Search Console" (бившо Webmaster Tools). И се е тоа ок, тоа е до негде од каде се почнува со СЕО.
Еве, јас не сум СЕО специјалист но истиве работа при изработка на веб се до недге тие, истите. Ако има добар буџет реално и ова треба да е вклучено. За ситни пари нека си учат само „како да бидам прв на гугл“
.
Ако треба да видиме што направиле и каква придобивка има тој веб, треба малце повеќе инфо. Прво што ми паѓа у очи од старт е дека немаат ни еден линк до вебот на 3дХуб. Па дај бе линк која е агенцијата да ја отвориме и да видиме што е. Треба копи-паст да правиме за да ја срчнам на гугл.
После се пишува на што се фокусирале најмногу, кој кејворди ги користеле и што оптимизирале. Дај да видиме кој и каков контент е додаден кој предходно бил слаб или воопшто го немало, а сеа ради него, агенцијава добила нешто, или пак излага и се појавува баш ради тоа.
Нека пише некој што стварно работи СЕО како он почнува/завршува проект. И да не ме разбере некој погрешно, не викам дека се заебаваат и дека лажат, него зборам термините што се користат у моментов со очекувањата кои се презентираат се нереални. Сите станаа специјалисти. Значи ако ги запослиме сега, бизнисот ќе ни цвета, ќе продаваме се и сешто и најдобри ќе сме.
Башка правиме муабет за термин со кој 2/3 фирми у државава се занимават. Вебот е од 2020 година. Па што сакаш направи, каков сакаш бот биди, за година дена со материјал за 3Д, 101% ќе излагаш у први 5 на search.