Куп на конфедерации - Русија 2017

Член од
23 август 2010
Мислења
38.118
Поени од реакции
107.356
Сакаш да кажиш секој прекин треба да има репетиција? :icon_lol:
Од офсајди стигнавме до секој прекин, напредуваш со аргументиве исто како и со сопирањето на времето.
Ќе се најди формула, не бери гајле. Нема да биде ни како тенис а ни како кошарка. Ќе се прилагоди на фудбалот и играта.
А баш ради такви лигави тимови како Барса и Реал е потребна. Кога ќе прикажат една симулација на бим, проследена со жолт картон, секако ќе им текне уште еднаш да симулираат. И интересно е што ми викаш да не се фаќам ко слеп за стап за аутите а уствари ти секој ебан прекин го напрај кандидат за репетиција и прекин на игра. (y)
Јас не реков на секој прекин, него дека има многу прекини во текот на мечот. А и сам знаеш дека има доста спорни моменти нарочито во тензичните мечеви, ако планираат на секој секунд да прекинуваат игра за да видат дали Рамос одглумел фаул, дали било милиметар офсајд, ондак намочај му се на таквиот фудбал. Фудбалот е игра на маргини, односно има доста отстапки, за мене има посебен шмек кога Ибра ќе ти збрца лакт и никој тоа нема да го види, а потоа ќе го насамари дефанзивецот да добие црвен картон. Без разлика што ова спаѓа под “валкана игра“ сепак ваквите работи му даваат шмек на фудбалот, а со ова видео технологијава постои голема опасност овој спорт да се роботизира што мене лично не ми се допаѓа.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.096
Поени од реакции
28.827
"Меѓународниот фудбалски управен одбор (ИФАБ) подготвува големи промени во фудбалот. Имено, предлогот на челните лица е да се скрати времетраењето на натпреварите за да се избегне намерното задржување на време.

Во иднина ќе се играат две полувремиња по 30 минути, односно еден натпревар да трае 60, наместо сегашните 90 минути.

Сите 60 минути ќе бидат со активна игра, односно ќе се запира времето кога топката е во аут."
:pos:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336

Уште да речат дека може и со раце да се игра и слободно може да го прекрстиме споротов во рагби.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.023
И замислете ситуација, при малце сомнителен гол играчиве ќе незнаат дали да се радуваат.И ајде по 20-30 секунди гол е, радувајте се. :S
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.034
Поени од реакции
57.162

Гелсон погледна, а не реагираше. Ваљда не ги разбира бројките.
 
R

red.devil

Гостин
Јас не реков на секој прекин, него дека има многу прекини во текот на мечот. А и сам знаеш дека има доста спорни моменти нарочито во тензичните мечеви, ако планираат на секој секунд да прекинуваат игра за да видат дали Рамос одглумел фаул, дали било милиметар офсајд, ондак намочај му се на таквиот фудбал. Фудбалот е игра на маргини, односно има доста отстапки, за мене има посебен шмек кога Ибра ќе ти збрца лакт и никој тоа нема да го види, а потоа ќе го насамари дефанзивецот да добие црвен картон. Без разлика што ова спаѓа под “валкана игра“ сепак ваквите работи му даваат шмек на фудбалот, а со ова видео технологијава постои голема опасност овој спорт да се роботизира што мене лично не ми се допаѓа.
Добро, не рече секој. :)
Мислам дека ќе се намали бројот на тензични моменти бидејќи се ќе е појасно и ќе нема матни работи како шо ти е примерот со Ибра. Видео технологијата ќе овозможи анулирање на истите од фудбалот кои што земаа ептен замав.
Еве и јас да ти дадам еден пример. Ако Бускец се струполи како што праеше и против Македонија во Скопје и овие од комисијата го регистрираат тоа на видео и реагираат кај главниот судија, па овој го опомени со жолт картон, мислиш дека ќе продолжи да игра така и понатаму? :) Дури во вакво сценарио ќе нема потреба и да се стопира играта - решенија има - проблемот е што бараме на сламка препка.
И не, не му даваат шмек на фудбалот тие работи, туку прават да изгледаме како мали деца кои што се караат како за лижавче. А за тоа колку е фер да добие едниот тим предност ради умешност со 'валкана работа' која по дефиниција е обратно пропорционална со филозофијата за спорт, ферплеј и се што треба да те научи спортот, може да дискутираме ама од старт губиш со ставов шо го имаш - нема ништо шмекерски во тоа.
Не знам како појќе да ти објаснам, наместо да направиме асален муабет на форумов за играта - колку била јака, какви шанси се створиле, ќе зобриме три дена за плачипичката Рамос што на водство од два разлика изглуми црвен картон во финале (многу шмек даде - ми се повраќаше во моментот од фудбалот), колкав дајвер е Нејмар и сл секојдневни муабети и караници по форумиве. :D[DOUBLEPOST=1497885455][/DOUBLEPOST]
А ќе нема и титула за Интер во ЛШ. :P
Како успеа мене со Интер да ме поврзиш? :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.118
Поени од реакции
107.356
Па тие дајвови и слични работи може многу лесно да се неутрализираат, се е до критериумот на судијата. Јаките тимови се заштитени ко бели мечки, нарочито главните играчи на тимовите. Нека го заострат критериумот и ќе видиш дали ќе има дајвање во иднина. Во ПЛ од следната сезона мислам дека ќе се дава жолт картон за секој одглумен пенал, без разлика дали играчот имал жолт во моментот или не, едноставно нема прогледување низ прсти.

Не знам како да ти објаснам а да не ме сфатиш погрешно, фудбалот се состои и од прљава игра, имаш копачки екипи, играчи копачи, имаш глумци, имаш дајвери, имаш милион врсти на играчи. Не знам како може да го окривувате Рамос за она во финалето, тука единствен кој треба да се окриви е Квадрадо кој наседна како мало дете на една најобична провокација. Мислиш дека ако видеше снимка судијата немаше да му покаже црвен на Квадрадо? Единствено можеби реакцијата на Рамос беше претеатрална али ете сепак се исплатеше на крајот.
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Два напади Австралија,еден промашен зицер еден на еден со голманот и сега гол.Лено киксер невиден е.(n)

100 шанси имаа Германија.Ќе победат сигурно,ама безвезе примија гол.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Generalna proba za organizatorot pred svetsko.
Spored mene treba i vo idnina da se igra, ako nishto drugo, bar vo chest i sekjavanje na Mark Vivien Foe.
Kоја црна проба, ова е бесмислен турнир, со смешни репрезентации, без жар, без ништо. Поголемо промашување немам видено во животот. И мислма дека за брзо ќе се укине.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom