Куп на Македонија 2019/2020

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.089
Поени од реакции
20.924
Мислам дека покрај првенството, и Купот треба да си има посебна тема. Денеска и утре се играат натпреварите од 1/16 финалето од Купот на Македонија. Ова се натпреварите:

Куп на Македонија 1/16 финале

Денеска:

Кожув - Вардар
Зајази - Шкендија
Малеш - Металург
Љуботен - Шкупи
Еуромилк - Ренова
Вулкан - Македонија Ѓ.П.
Превалец - Силекс
Лирија - Хоризонт Турново
Беласица - Скопје
Љубанци - Тетекс
Победа - Младост Царев Двор
Поешево - Гостивар

Утре:

Фортуна - Работнички
Плачковица - Брегалница
11 Октомври - Пелистер
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Мене од овие највеќе ме интересира како ќе заврши Љубанци - Тетекс, баш да видиме кој е во подобра форма и од кој може да се очекува повеќе во втората лига.

Останатите дуели сите се прилично јасни кој ќе иде понатаму, само овој ми е доста изедначен натпревар.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
И Победа - Младост и Беласица - Скопје ќе бидат доста неизвесни. Типувам на домаќините. :D
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.089
Поени од реакции
20.924
И на мене најинтересен и најнеизвесен ми е Љубанци-Тетекс. Љубанци собра доста играчи од Вардар(младинци), имаат солидна екипа, ама од друга страна Тетекс секогаш оди далеку во Купот, дури и кога во првенството е катастрофа.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Според тоа што го видов сега најинтересна е Љубанци - Тетекс, јас на времето кога бранев во Вардар љубанци беше селски тим кој едвај што се вика одеа. Но кога разговарав со Мутобариќ доста тимови кога беа порано катастрофални што се вика од месното население имаа играчи сега прераснаа во тимови доста добри меѓу нив е и Еуро милк - Горно лисиче каде што бев јас премногу напори вложи сопственикот во клубот што се пари не се фрлија и еве догура до далеку. Така и од овие некои тимови имаат добра иднина.

јас мислам дека најмалку два тима овде ќе направат изненадување баш ме интересира како ќе бидат резултатите.
 
А чисто ме интересира, кој си ти што си бранел во Вардар и Еуромилк? :)
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Како и сите што очекувавме, Љубанци-Тетекс испадна најинтересно! Тетекс водел на полувреме 1:0 но во второ Љубанци израмниле и на крај на пенале и победиле, така да Тетекс се аут.
 
B

Beck's

Гостин
За издвојување е тоа што на средбата Вулкан – Македонија Ѓ.П. при водство на домашната екипа од 2:0, фудбалерите на Вулкан по 15’ минутната пауза не излегле на терен, по што домашниот судија морал да го прекине натпреварот.

:confused::confused::confused:
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780

http://sportmedia.mk/fudbal/kup-na-makedonija/cirkus-vo-ohrid-fubalerite-na-kosel-vodea-2-0-protiv-makedonija-gjp-i-na
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Добро до кога ќе му се нанесуваат вакви срамови на клубот. До кога? Нека земат календар и нека заокружат дата кога ќе престанат со вакви срамови да го резилат името на клубот.:mad:
Според мене Вулкан си се обезбедија за следнава сезона. Незнам како ама се ми оди дека нашиве им дале нешто за да не искачаат у 2-ро полувреме :facepalm:.
Извинете ама мене ми е срам.:sramezliv:.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
За издвојување е тоа што на средбата Вулкан – Македонија Ѓ.П. при водство на домашната екипа од 2:0, фудбалерите на Вулкан по 15’ минутната пауза не излегле на терен, по што домашниот судија морал да го прекине натпреварот.

:confused::confused::confused:
ја имаат пукано 2ка, виделе не иде и одма се прекинува за гајба пиво :D
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Добро до кога ќе му се нанесуваат вакви срамови на клубот. До кога? Нека земат календар и нека заокружат дата кога ќе престанат со вакви срамови да го резилат името на клубот.:mad:
Според мене Вулкан си се обезбедија за следнава сезона. Незнам како ама се ми оди дека нашиве им дале нешто за да не искачаат у 2-ро полувреме :facepalm:.
Извинете ама мене ми е срам.:sramezliv:.
можда овие од Косел приметија дека нешто не е во ред и затоа го напуштија теренот.изгледа овие твојве сами сакале да ги земат парите,затоа овие не излегле,сега коефициентот е 1 и пари за никого[DOUBLEPOST=1439404244][/DOUBLEPOST]
ја имаат пукано 2ка, виделе не иде и одма се прекинува за гајба пиво :D
не двојка,туку кец но без знаење на Косел
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
@Шота Буби и твоево држи вода. У Спорт викаат делегатот книшки и лични карти им барал на полувреме. Мене ми оди ова твоево.:unsure:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom