Купување преку интернет (генерална дискусија)

Член од
8 ноември 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
Некој да одговори ?


Sent from my Mi 9T using Tapatalk
Не сум нарачувала од Амазон, само од Али експрес, царина секако се плаќа и плус ДДВ 18% мислам од сумата , така да подобро од тука си земи дупло поскапо ќе ти излезе , а и од каде може да си сигурен дека нема да дојде оштетен, само како ги фрлаат пакетите ..
 
Член од
22 август 2022
Мислења
1
Поени од реакции
1
Сакам да споделам многу лошо искуство со Tiverio од Струмица.

Имав нарачано неколку артикли, за кои ми беше кажано дека ќе пристигнат за 3 работни денови. Почекав 7 дена, но артиклите не биле ни пратени бидејќи ги немало на залиха, иако платив за нив. Пари не враќаат, затоа направив промена на нарачата, за која повторно ми беше кажано дека ќе пристигне за 3 работни денови, но еве ја пристигна дури после еден месец.

Најпрво, еден од артиклите што ги нарачав беше тотално промашен, т.е. ми пратиле нешто сосем трето од тоа што нарачав, иако тоа што го нарачав е поскапо од тоа што го добив според нивниот сајт.
Во пратката што ја добив, артиклите беа отворени, со што е можно да биле претхнодно употребувани или вратени од друго лице.

Описот на производите е лажен, а квалитетот никаков, најлошиот можен што може да се нарача од AliExpress, а да не ја отфрлам и шансата дека може да биде токсичен.

Ако случајно некој сака да нарача артикл од производите од IKEA што ги нудат, немојте да се залажувате, бидејќи немаат ниту еден на лагер, а ќе ви ги земат само парите. Според нив, они ја имаат прекинато соработката со IKEA, иако мислам дека всушност е обратно.

Поради овие причини, ве предопредувам да не нарачувате од кај нив, за да не ве зезнат и да си имате нервози.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.741
Поени од реакции
5.773
Јас сум од Струмица и прв пат гледам и слушам за ваква страна/продавница.
 
Член од
30 август 2022
Мислења
1
Поени од реакции
1
Дали некој има правено DNA тест од Ancestry или 23andMe? Да не знаете што треба да се нагласи во делот на опис на роба што се испраќа со цел да се избегнат задржувања на царина или отварање на робата и притоа контаминирање на материјалот?
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
13.509
Поени од реакции
6.757
Можеби не е соодветна темава за ова ама ќе пишам.

Зошто не се одземе дозволата за тоа што го користи некој името SHEIN во државава Македонија ?

Ај што го затворија во Скопје бутикот туку има и бутик во Тетово. Дури и се пишуваше дека во светов SHEIN не отвараат продавници во градови туку само онлајн продаваат а бутиците во Македонија немале врска со SHEIN.
 
Член од
12 јуни 2013
Мислења
81
Поени од реакции
35
Требаше да ми препратат пратка, повторно преку Ројал Маил од Англија, бидејќи претходно пратената пратка се изгуби но заради штрајкови, без да ме прашаат ја пуштиле преку UPS , и ми пишаа дека нема да имам дополнителни трошоци...Што да очекувам кога ќе ме контактираат ? Додатни плаќања или ? Они доставуваат кај нас или некоја локална пошта ?
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
44
Поени од реакции
18
Требаше да ми препратат пратка, повторно преку Ројал Маил од Англија, бидејќи претходно пратената пратка се изгуби но заради штрајкови, без да ме прашаат ја пуштиле преку UPS , и ми пишаа дека нема да имам дополнителни трошоци...Што да очекувам кога ќе ме контактираат ? Додатни плаќања или ? Они доставуваат кај нас или некоја локална пошта ?
Пратката ќе ти стигне преку УПС. Се плаќаат додатни трошоци за УПС. Се зависи од тежината и вредноста на пратката. Најдобро јави се кај нив и распрашај се. Секогаш ако можеш избегнувај ги Федекс, Дхл, Упс, ако сакаш да заштедиш некој денар ;)
 
Член од
12 јуни 2013
Мислења
81
Поени од реакции
35
Пратката ќе ти стигне преку УПС. Се плаќаат додатни трошоци за УПС. Се зависи од тежината и вредноста на пратката. Најдобро јави се кај нив и распрашај се. Секогаш ако можеш избегнувај ги Федекс, Дхл, Упс, ако сакаш да заштедиш некој денар ;)
Ми стигна пратката и ништо додатно не мораше да плаќам...
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
515
Поени од реакции
727
Имам порачано часовник од јапонија кошта 170 евра, продавачот од јапонија не сака да ја означе пратката како поклон со помала вредност. Барам на гугл, барам на царина вебстраната и ништо нема никакви информации..да не знае некој по колку се плаќа царина за рачни часовници? и какво искуство сте имале со рачни часовници порачани преку интернет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom