Купување на стан во Охрид

Член од
7 мај 2014
Мислења
307
Поени од реакции
399
Ја отварам темава околу споделување на информации за купување на стан во Охрид. Конкретно мојата перспектива е од туристичка гледна точка. Но тоа не значи дека оваа дискусија не може и подетално да се развие.

Ќе почнам од реонот Билјанини извори кој во последно време е предмет на поинтензивен градежен развој. Истовремено се наоѓа во зелен појас, е релативно блиску до центарот на Охрид и до плажите. Ми се чини се ова е на разумно растојание и за пешачење.


Кое е вашето мислење за овој реон на Охрид?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Колку што јас сум слушнал, да купиш викенд стан во Охрид е вистинска робија
Веднаш ти наметнуват да плаќаш за ова она, така да бргу ќе зажалиш што си го купил
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Колку што јас сум слушнал, да купиш викенд стан во Охрид е вистинска робија
Веднаш ти наметнуват да плаќаш за ова она, така да бргу ќе зажалиш што си го купил
Еми во Скопје ако живејш в стан не плаќаш пари за куќен совет, за одржување, за светло за лифт....
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.914
Поени од реакции
7.833
Еми во Скопје ако живејш в стан не плаќаш пари за куќен совет, за одржување, за светло за лифт....
само во Охрид се плаќа, во цел свет е све без пари, и станојте ги давале бадијала.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
купивме пред 12 години и пишман сум...најповеќе поради проблеми со паркирање, а пред се се врзуваш. Ако го немаш станот ќе си менуваш локации, а во најголемата гужва кога нема слободни места и не вреди да си во Охрид бидејќи плажите се преполни а сообраќајниците закрчени. А ако не си врзан можеш да изнајмиш во тој шпиц од 5-6 дена во Преспа или да седиш во Скопје и да си ги завршиш неопходните работи дома па после пак да одиш во Охрид или кај сакаш...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еми во Скопје ако живејш в стан не плаќаш пари за куќен совет, за одржување, за светло за лифт....
Аман, аман
не може човек да се пожали
Имам една пријателка која има викенд стан во Охрид
Во зградата има 35 викенд станови и 5 стана на Охриѓани
И да видиш плаќање - Охриѓаните ( тие 5 души ) што сакаат им прават на овие 35. Им текнало нејќат куќен совет току сакаат да плаќаат за домар или како се вика
Па им текнало - варосуваат - па поправаат и се друго така на така што ќе им текне само да им напакостат на скопјаништана.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Биљанини реон од 650 евра квадрат за батал станој се до 1250 евра џо овије поквалитетниве.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.899
Поени од реакции
1.732
Ја отварам темава околу споделување на информации за купување на стан во Охрид. Конкретно мојата перспектива е од туристичка гледна точка. Но тоа не значи дека оваа дискусија не може и подетално да се развие.

Ќе почнам од реонот Билјанини извори кој во последно време е предмет на поинтензивен градежен развој. Истовремено се наоѓа во зелен појас, е релативно блиску до центарот на Охрид и до плажите. Ми се чини се ова е на разумно растојание и за пешачење.


Кое е вашето мислење за овој реон на Охрид?
Не купувај таму,подобро фрли некое евро повеќе и купи стан на Јане Сандански---туристичка од дуборезачка кај историски архив (позади Никола Карев)до охридска банка ,,партизанска,димитар влахов ,покрај кејот или до факултетот, овие ти се најдобрите места.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
528
Поени од реакции
273
najdobra lokacija e Dolna vlaska mala, se e blizu, cenite se okolu 1000 evra na kvadrat, mali zgradicki,
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Битно е да се напомене дека нискоградба, водовод, комунално и интернет се плаќаат посебни цени за туристи. Доколку им однесеш сметка од евн каде плаќаш 140 за осветлување само, од горенаведените ќе си плажаш само 3-6 месеци наместо 12.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Биљанини реон од 650 евра квадрат за батал станој се до 1250 евра џо овије поквалитетниве.
Па за таа цена (може и поевтино) ќе најдеш во Скопје и тоа во Центар...
Многу се 1250 евра квадрат за во Охрид, бар според мене.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Па за таа цена (може и поевтино) ќе најдеш во Скопје и тоа во Центар...
Многу се 1250 евра квадрат за во Охрид, бар според мене.
1250 евра за квадрат се премногу за било кое место во оваа вукојебина. 750 се премногу, не 1250.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom