Купување на нов автомобил во рецесија?

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Што мислите за една ваква тема долго ми се вртеше у глаа:
Дали денеска навистина вреди да имате сопствен автомобил? а притоа да го користите само за нормални работи одмор ,работа -дома ,дома-работа ,земајќи ги предвид сите трошоци и обрвски од ваша страна.

Во време кога бензинот е скап ,има светска криза и технологијата на моторите со внатрешно согорување е доведена до максимум,сите производители горе доле имаат иста понуда на новите автомобили и трошоците за кредит ,лизинг се оптоварувачка.

Сметате ли дека алтернативниот превоз ќе биде поисплатлив како трамваи ,возови или некоја друга варијанта.

Или автомобилот ќе биде пресуден секогаш кога ќе одите со вашето семејство на одмор.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Секако дека е поисплатливо. Можеби плаќаш 30-50 денари поскапо, но нема да менуваш гуми. Немораш да одржаваш автомобил. Со тек на возење сигурно нешто ќе се расипе, тоа е најнормално кај автомобилите... После, перење ова она...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.967
Поени од реакции
7.762
Кај нас алтернативен превоз ти е такси друго нема, е сега те вози како господин ама те дери како јагне заклано.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Алтернативниот превоз секако дека би бил поисплатлив, посигурен и поеколошки, но кај нас тој алтернативен превоз се сведува само на такси, по некој минибус и толко.
Значи не зборам за Скопје, каде ајде да речам донекаде се добри со јавниот превоз, но не се на ниво на Белград и другите балкански градови, додуша има јавен превоз во Куманово и Битола, но тоа не тоа. Па луѓето сакале не сакале, мораат да возат кола.
На прашањето дали вреди да се купи нов автомобил во ова време - не вреди!
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Секако дека е поисплатливо. Можеби плаќаш 30-50 денари поскапо, но нема да менуваш гуми. Немораш да одржаваш автомобил. Со тек на возење сигурно нешто ќе се расипе, тоа е најнормално кај автомобилите... После, перење ова она...
+ Регистрација,Уље,Бензин,Антифрис,Опрема,Сервис
Ако има уште нешто нека се надополни :)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.973
Поени од реакции
11.100
+ Регистрација,Уље,Бензин,Антифрис,Опрема,Сервис
Ако има уште нешто нека се надополни :)
Автомобилот во Македонија за жал е неопходност, градските и меѓуградските форми на јавен превоз се сведуваат само на релативно спор автобуски превоз.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Автомобилот во Македонија за жал е неопходност, градските и меѓуградските форми на јавен превоз се сведуваат само на релативно спор автобуски превоз.
Башка и кацига треба да носиш (во скопје) кога минеш низ шутка да не почнат да бацаат камчиња брачата...или да не те фукнат со некоја шипка.
Он-Во помалите градови да...но за во Скопје толкава гужва и толкаво одалеченост сепак подобра алтернатива ми е автобусот :)
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.061
Поени од реакции
1.078
Се разбира дека е добро да имаш автомобил.Само дали можеш да си го дозволиш.Автомобилот не е само за превоз туку тој служи и за покажување на статусот и вкусот.Исто така автомобилот е и средство кое ви овозможува слобода.Си седнеш и одиш кај што сакаш...на пример во Маврово.Автобус таму не те носи :)

И незнам што ви значи тоа светска криза.Јас освен што ја зборат на телевизија не сум ја осетил.Нешто како баброга, дај да го плашиме народов иначе ќе се искурнази :):):)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
14.225
Поени од реакции
13.333
Секако дека е поисплатливо. Можеби плаќаш 30-50 денари поскапо, но нема да менуваш гуми. Немораш да одржаваш автомобил. Со тек на возење сигурно нешто ќе се расипе, тоа е најнормално кај автомобилите... После, перење ова она...
Да сето тоа во ред, ама ја заборави слободата која ја имаш со соопствено возило. Не е исто такси или автобус со соопствено возило во кое ти одлучуваш каде ке одиш, кога ке застаниш и каде. Да не напоменувам дека соопственото возило во денешно време е потреба.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.377
Поени од реакции
2.520
дискусијава на темава ке ја однесете у погрешен правец... ако порано кола било луксуз да се има денеска дефинитивно е потреба. владе погоре многу убаво си кажа - кога ја ке седнам у кола ја одлучувам кај ке одам со кој ке одам кај ке застанам и ред други работи. со јавен превоз во многу работи сте ограничени - замислете ете од утре 50% од тие што одат со кола на работа да почнат со автобус да идат - знаете што ке биде тоа? калакурница жива! прво и основно нема да има место да се мрдне човек во автобус камо ли да седне (тоа нешто ко џек пот би му дошло). застанување на секоја станица задржвање време плус и ред други работи... некој погоре спомна одмор.... одење на одмор со своја кола и со автобус е драстична разлика! да - поевтино ке те фати да отидеш со автобус.. ке сакаш да прошеташ да искочиш незнаеш до колку ке се задржиш (ако е навечер пример) јавен превоз до колку има? до 12 максимум 1.. после автобусите ги има на саат време ако не и повеќе, ке решам да одам на пазарување - сета роба со мене ли ке ја мкнам со автобус? некои работи не одат едноставно . - кој има пари ке купи НОВА кола кој нема толку ке си гледа да помине поевтино и ке си земе половна кола. а ко што гледам кај нас од возен парк дали 10% се НОВИ коли купени... се останато е донесено од странство како поасално за разлика од нашиве канти
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Да сето тоа во ред, ама ја заборави слободата која ја имаш со соопствено возило. Не е исто такси или автобус со соопствено возило во кое ти одлучуваш каде ке одиш, кога ке застаниш и каде. Да не напоменувам дека соопственото возило во денешно време е потреба.
Секако, но зборувафме повеќе за цените, затоа приложив таков одговор.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.949
Поени од реакции
18.023
Ако немаше купување коли во рецесија, цела Македонија ќе останеше со години без ново возило :pos:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.629
Поени од реакции
38.552
Пред 3 години се наметна мислење дека е луксуз ако одиш на одмор. Сега е на ред колата. За 5 години ќе биде луксуз да имаш струја дома. И така сите нагоре, ние надоле.
Инаку голем трошок е колата на ова време.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.323
Правев математика во врска со тоа и не само за нов автомобил, туку за половен.
Ако земеш половен автомобил од околу 6000 евра и би те служел 10 години вака излегува математиката.

1000 ден. месечно за регистрација
3000 ден. месечно за отплата на автомобилот
500 ден. месечно за основно одржување и промена на масло и
2000 ден. месечно минимум за бензин ако не одиш настрана или вкупно 5500 ден месечно за поседување на автомобил.
Живеам во помал град каде што најдолгата релација ми е 100 ден. и имам потреба од неколку пати месечно да користам такси.
Просечно користам 1000 ден. за такси и тоа најчесто во зима или пак се брзам некаде, за се останато користам велосипед.
Заклучив дека поседувањето автомобил воопшто не е рентабилно ако го користиш само за одење од работа до дома или пак не работиш со него, но од друга страна се јавува проблем кога треба да патуваш на подолга релација и треба да позајмуваш и губиш на комфорт.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Кај и да е и јас треба да купувам кола дали после септември или пак на пролет незнам но и да купам нема да одам со нејзе на работа од прва причина што бензинот е скап а и патиштава во Скопје све се со дупки така да од дома до работа имам некои 10 км :) така да ако земам кола планирам да ја возам само ако одам некаде на гости до крајот на градот или пак кога ќе излегувам навечер... а за на работа нема шанси си имам точак си одам со точак ем одржувам кондиција ем си заштедувам пари. А инаку дали треба да се купи кола на ново па да :) ново си е ново јбг е сега повеќето се одлучуваат да купат некоја половна кола а да биде марка што според мене не е ок јас ако купам кола ќе гледам да биде во готово. :) а на кредит јок бидејќи ако земеш на кр си иба мамата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom