Купување дипломи

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Темава ја отворам за да се знае кој универзитети, личности, организации продаваат дипломи. Без разлика дали се работи за диплома од факултет (меѓу политичките кругови актуелно), диплома за средно образование, диплома од некаков курс (најчесто продавани дипломи) итн. Значи овде не коментираме кои личности пр. политичари се со купена диплома туку разјаснуваме од каде се народов си ги купува дипломите. Лично јас не сум слушнал до сега место од каде некој си купил вакво "ливче" што реално не го заслужува сум слушнал дека луѓе за пари си добиле диплома од курс за фризери, англиски јазик итн. Исто така слободно коментирајте го и фалсификувањето на дипломи како најтешка измама од оваа област. Ајде да видиме што има да се каже.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Јас продавам една од Уким дури, кој ја сака нека пише по пп, ќе е продадено на најголемиот понудувач.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Не сум сведок за со 100% сигурност да кажам, но од муабетите кои сум ги слушнал 90% говорат дека дипломите се купени/без знаење од Факултет за туризам и менаџмент (оној приватниот, плавиот што е:D), Европски универзитет (, но не од сите смерови), средното приватно училиште Нова и можеш да си уплатиш 100 евра за курс во Работнички и за еден месец да станеш фризер/ка, болничар/ка....

Јас лично сум против тие муабети, зошто сепак тоа се однесува и до човекот, дали сака да учи или не. Има многу луѓе кои завршиле приватно образование, па имаат знаење, а има и такви кои завршиле државно образование, па немаат знаење.... и обратно. Во денешницава основните училишта и градинки функционираат со врски, не па средните и факултетите. Ако имаш врски исто како дипломата да ти е купена.

:)
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
ФОН - Си плаќаш си добиваш оригинал диплома без учење. :D
А во Европскиот универзитет или во Штуловиот демек со учење се добиваа дипломите, ооо луѓе тие времиња поминаа пред 10 години, сега моментално приватните се многу по добри од некои државни универзитети..
 
Последно уредено:

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
За ФОН со сигурност тврдам дека за 1 година можи да се заврши експресно цел факултет.
Исто и за економски факултет во Прилеп знам случаи од порано, само што сигурно нема до диплома да се дојде со 2-3000 евра. И знаењето си има цена:icon_mrgr:
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889

Tocno taka, poznavam dvajca so kupeni diplomi od ekonomskiot vo prilep. Kolku platile ne znam. Edniot se nabuta vo javna administracija, drugiot vo makedonija pat.
Imam i jas dve ponudi da si kupam diploma, ama ne kazuvam za koj fakulteti stanuva zbor. Goker u rukav ako zatreba tuka se. Moze ke se najde nekoe lezacko mesto i za mene, ako uleta nesto odma kupuvam diploma.
:pos:
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
ФОН - Си плаќаш си добиваш оригинал диплома без учење. :D
Ова нема врска, не само на ФОН, туку и на повеќето приватни високообразовни установи, зашто тие се многу повеќе подложени на контроли од овластени органи, што значи и ризикот за трајно затварање на високообразовните установи е голем. На форумов и општо, лесно е луѓе кои вонглавно не се академски граѓани да ги потценуваат приватните факултети, зашто нели немале ама баш никаков контакт со истите. А за нешто да се збори и тврди, треба прво да се искуси.

Иначе, лично студенти од дисперзираните студии при државните универзитети низ внатрешноста на Македонија ми се фалеле дека лесно поминувале. Секако, не се доделуве дипломи баш во вистинска смисла на зборот и ниту без малку труд, али студиите се завршувале вонглавно на време. Подетално не знам, нека каже некој кој е на дисперзирани студии.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Дали некој знае нешто повише за универзитетите за курсови ? Од таму претпоставувам највише се купуваат дипломи... Али тоа е и сериозен проблем има универзитети каде има курсови пр. за болничари а таква купена диплома може хаос да направи што оти е само курс. Тој треба да знае да боцка, да мести катетар итн. не е само бањањето на пациентите и преместувањето работа на болничарите... Ако некој знае нека каже колку кошта една волку вредна купена диплома.
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
Tocno taka, poznavam dvajca so kupeni diplomi od ekonomskiot vo prilep. Kolku platile ne znam. Edniot se nabuta vo javna administracija, drugiot vo makedonija pat.
Imam i jas dve ponudi da si kupam diploma, ama ne kazuvam za koj fakulteti stanuva zbor. Goker u rukav ako zatreba tuka se. Moze ke se najde nekoe lezacko mesto i za mene, ako uleta nesto odma kupuvam diploma.
:pos:
Е хаа, ти високото образование го замислуваш како селски пазар лол
Прво, мислење и став како твојот не заслужуваат повратен одговор, зошто е крајно напишано на под ниво што се однесува на тема за образование и професионални надоградувања. Потоа, имам прилично голема сигурност дека на било која високообразовна акредитирана институција, без разлика дали државна или приватна, диплома преку ноќ не се зима. Некои студенти полесно поминуваат, некои потешко, меѓутоа факт е дека треба да се вложи труд, време и секако пари. Исто, се води евиденција кога е регистрирана една особа како студент и кога ги завршува истата особа студиите, а тоа преку ноќ е неизводливо дури ни за сертификат за посетуван курс за фризер, а да не праиме муабет за Bachelor и Master degree дипломи. Потоа за извршување на одредена професија, клучно е и знаењето. Без оглед на дипломи, сертификати, обуки и така натаму, ако немаш да понудиш знаење и вештини клучни за дадена професија, кои се морални за да можеш да ја извршуваш - нема да можеш да ја работиш.
Диплома е возможно да се земе (секако не преку ноќ) со не многу замарања околу учење и желба за надоградување на знаења и вештини, но прашање е за што ќе ја користиш таквата диплома. За пример ќе ги наведам две блиски личности од кругот на потесната фамилија, од кои едната имаше слично размислување како твоето, дека со пари се успева да се дојде до одредена работна позиција, и студираше на Филозофски факултет при УКИМ. И после 7-8 години влечење по факултет, квадрирање години успеа да дипломира по што запиша постдипломски студии во Романија, нешто од слична област, каде што исто со трошење енормно големи суми на пари (оштетување на семејството) и време успеа да магистрира, и сега на 30+ години си живее со семејството на село близу Ресен, и се занимава со земјоделие. Додека другата после 1 не многу успешна академска година помината на приватен факултет, увиде дека е непотребно трошење толкави износи на пари, ако веќе не ја бива, и едноставно упиша неколкумесечен курс за туристички водич и интезивен курс покрај англиски, и за грчки јазик. Знам некое време работеше на Миконос за британска туристичка агенција, потоа на Кипар, сега живее во Норвешта и се занимава со чекирање карти на аеродром, се немаме одамна видено, забегавме низ Европа, ама делува далеку позадоволно од роднината која потроши толку време и пари за да се занимава со тоа што се занимава. Значи целта ми е не само да трошите време и фрлате пари за сертификати и дипломи кои ќе ви бидат тотално неупотребливи, туку и да се обидете да стекнете некое знаење од тоа трошење на време и пари, зашто лежачко место како што наведе ти, постои единствено дома кај тебе.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Приватните универзитети наметнаа сосема нови стандарди во високото образование,воведоа современи услови за работа,ефикасна наставна програма,се збратимија со странски универзитети,стипендираат студенти,како например ФОН и Штуловиот,па дури и чиновници на државата,како што беше оспоруваниот договор на Европскиот универзитет со министерството за внатрешни работи.Веројатно не е случајно тоа што странски реномирани институти некои од факултетите на приватните ги ставаат пред истите факултети од државните универзитети како изборот на американската федерална банка на економскиот факултет на Американ колеџ за најдобар економски факултет во државата,најмногу како награда за истражувачка работа. Инаку нема државни и приватни,туку има добри и лоши универзитети.
 
Точно. А и не се само овие 4 (попознати) приватни високообразовни установи во Р.М. Добри кадри излегуваат и од Меѓународен Балкански Универзитет, Бизнис Академија Смилевски - БАС, УТМС и други, кои секоја година организираат меѓународни научни конференции на кои гостуваат многу странски стручњаци, претставници на странски универзитети итн. Сега, како и на државните, така и на приватните, дел од дипломираните студенти градат кариера во МК и надвор, дел професионално се надоградуваат преку посетување на различни курсеви, за подобри можности и побогато ЦВ, а дел од нив чекаат магично да им дојдат можности и работа, што е невозможно.

Иначе, јас бев против приватните високообразовни институции кои изникнаа како печурки во последните неколку години во МК, мислев никаде го нема тоа, али еве само во Минхен (каде што јас решив понатамошно да се надоградувам) на пример, низ цел град има сигурно 10 пати повеќе колеџи, високи школи, различни студиски програми него во цела Македонија, кои се рамнат со Bachelor и Master degree програми, и на кои студираат огромен број домашни а и странски студенти. Слична е ситуацијата и во повеќето европски земји, од луѓе кои ми кажувале. Па според некои мои размислувања и проценки мислам дека баш ради тоа скоро невозможно е да се видат германци, скандинавци, британци и сл народи, па дури ни грци кои висат со цемент и кофи при градење на градежни објекти, барем во Германија. Не дека имам нешто против тие професии, ама се надевам ми ја сфаќате поентата. Така да, вложувањето средства во образование, ако е со намера и за стекнување на некакво знаење, секогаш се исплаѓа. Јас сум дефинитивно за достапност на што повеќе акредитирани студиски програми низ цела МК, со цел за остручување и описменување на што поголем дел од народот.
 
Токму и тоа ми е муабетот, а инаку македонскиот народ дури сега се запознава со приватните универзитети, мислам сега со последните 10 години, само жал ми е што приватните универзитети неможат да се спасат од рекла казите од простата маса и дел од искомплексираните идиоти од некои државни универзитети, и ако што јас мислам дека со ова темпо приватните универзитети следниве 10-15 години со сигурност ќе бидат најдобри универзитети во државата, а иначе дел од приватните направија грешка пред 10 години кога почнаа прв пат да работат и кога ги пуштија сите до еден да дипломираат,односно секој дебил стана дипломиран, до некаде ги разбирам и приватните,бидејќи да не се правеше тоа луѓето немаа да се запишат на приватните, значи зборувам за пред 10-години, а не за сегашната ситуација, сега веќе не е како што беше, се стегаа обрачите и во приватните универзитети. Па и не ме чуди тоа што нашите приватни универзитети во странство почнаа многу повеќе да се ценат отколку државните, овие дури оговараат против приватните другите се движат напред и се реформираат се повеќе и повеќе.
 
aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276
ме интересира дали можам негде да најдам да купам сертификат со Б2 познавање на англиски , било тоефл , иелтс , булатс , фс... ако познавате некој човек да ми се препорача...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom