Купи куќа-купи стан (v.2 - Купи куќа за млади)

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ne uspeav da najdam dali e uslov da si vo brak za apliciranje subvencinirano kupuvanje na stan???
не, важи за сите физички лица, државјани, кои ги исполнуваат другите услови
https://www.kupikukakupistan.gov.mk/cpp.php
Колку време треба да се биде во брак за да се исполнат условите?
Законот за субвенционирање на станбен кредит не прави разлика во семејната и брачната состојба на лицето. Имено, не постои услов во врска со тоа колку години лицето треба да е во брак за да добие субвенциониран кредит, а напоменуваме дека лицето и не мора да е во брак за да ги користи поволностите од Законот за субвенционирање на станбен кредит.

Дали субвенционираниот кредит ќе можат да го користат и млади лица кои сеуште не се во брак, а работат и се кредитноспособни или самохрани родители?
Законот за субвенционирање на станбен кредит не прави разлика во семејната и брачната состојба на лицето. Како корисник на субвенциониран кредит може да се јави и лице кое не е во брак, доколку ги исполни критериумите за добивање станбен кредит на деловната банка и условите предвидени со Законот за субвенциониран станбен кредит.
 
Член од
9 јуни 2019
Мислења
1
Поени од реакции
1
Дали некој кој што аплицирал за кредитот купи куќа купи стан му е одобрен кредитот и колку време се чека за одобрување на кредитот и исплаќање на средствата?
 
Член од
22 септември 2017
Мислења
6
Поени од реакции
1
Дали некој кој што аплицирал за кредитот купи куќа купи стан му е одобрен кредитот и колку време се чека за одобрување на кредитот и исплаќање на средствата?
Грубо кажано се чека околу година дена, лично јас чекав 1 год и некој месец, познавам други кој имаат чекано и 2 години, зависи од нашите институции кои се доста спори и нивните комисии кога како ги разгледуваат барањата, не зборам за банките тие си ја бркаат работата доста брзо, меѓутоа министерствата и други државни институции ја одолговлекуваат работата, а исто има разлика и од банка до банка или да бидам поточен од вработен до вработен во банка, јас кога бев во стопанска скопска, појма немаа за постапките како оди, јас требаше да им објаснувам, после тоа се преместив во тутунска по препорака, и кога појдов таму бев охрабрен од вработената ми поможи со постапката ми објасна се како ќе оди кои се чекорите и ми кажа дека има сработено доста такви проекти и дека од сите апликации кои таа ги правела само 2 ца биле одбиени.
Е сеа во процесот има доста нерви со документација ама на крај се заврши работа.
 
Член од
5 август 2019
Мислења
8
Поени од реакции
2
Здраво
Заедно со партнерот размислуваме да почнеме постапка за купи куќа-купи стан (за реновирање/надградба). Е сега ние секако сме решени да земеме станбен кредит, ова би дошло повеќе, ако ни одобрат ќе биде супер помош. Единствено што ме загрижува е времето на чекање. 2 години да чекаме се многу (зборувам за најлош случај) Исто така ме интересира дали од верзија 2 на некој му имаат одобрено? Во банка ни кажаа дека ќе ни ја средат документацијата за 1-2 недели, ама после се чекало на комисијата од влада, а сега одмори она ова. Навистина не ми се чека и 6 месеци ми се многу, не пак 2 години.
Ако има некој инфо дека му одобриле од верзија 2 нека ми пише.
Џабе да не се надеваме, да си земеме станбен кредит и да си почнеме со градба.
Плус сепак мислам дека ова е повеќе за стан да си купиш, инвеститорот те снабдува со сите документи(дозволи, планови и сл. документи од урбанизам) ти само поднесуваш, додека во нашиот случај сите документи за куќата треба сами да си ги извадиме и да си ги платиме, што знаејќи ги тие во нашите институции ќе не возат минимум 3 месеци(па ова ти треба, па не можеш ти треба татко ти, па качи се во соба 402, па 402 е на одмор нема кој да ја замени... и тн.) :(
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2019
Мислења
4
Поени од реакции
0
Поднел некој?
Автоматски споено мислење:

Грубо кажано се чека околу година дена, лично јас чекав 1 год и некој месец, познавам други кој имаат чекано и 2 години, зависи од нашите институции кои се доста спори и нивните комисии кога како ги разгледуваат барањата, не зборам за банките тие си ја бркаат работата доста брзо, меѓутоа министерствата и други државни институции ја одолговлекуваат работата, а исто има разлика и од банка до банка или да бидам поточен од вработен до вработен во банка, јас кога бев во стопанска скопска, појма немаа за постапките како оди, јас требаше да им објаснувам, после тоа се преместив во тутунска по препорака, и кога појдов таму бев охрабрен од вработената ми поможи со постапката ми објасна се како ќе оди кои се чекорите и ми кажа дека има сработено доста такви проекти и дека од сите апликации кои таа ги правела само 2 ца биле одбиени.
Е сеа во процесот има доста нерви со документација ама на крај се заврши работа.
Многу си чекал. Па после неколку месеци истекува валидноста на документите.
Автоматски споено мислење:

Пиши што те интересира, јас веќе почнав да го отплаќам.
за градење на куќа зема?
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2019
Мислења
8
Поени од реакции
2
Поднел некој?
Не. Се решивме за станбен/потрошувачки хипотекарен. Многу правила имаат сменето со новото и ни кажаа од банка можно е да не сме кандидати, бидејќи сакавме доградба. Најпогоден е за земање стан, ама банката бара учество од 15-20% во таков случај, значи пак мораш да имаш пари на страна.
 
Член од
16 август 2019
Мислења
88
Поени од реакции
171

И за доградба можеш преку проектот, нема врска тоа, само еден документ повеќе ти треба и тоа е
 
За тоа ќе треба уште еден кредит, ако немате од каде ама треба да сте сигурни дека ќе може да ги исплаќате и двата. Ние барем така се одлучивме, едниот отплаќа станбениот (со нешто повисоки рати заради нашата старосна граница), другиот другиот кредит, друго чаре нема.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.902
Поени од реакции
10.527
И за доградба можеш преку проектот, нема врска тоа, само еден документ повеќе ти треба и тоа е
поише замарање е за доградба/надградба ко што гледам ама па помалце вложени средства имаш од стан
зашо за проект, комуналии и дозволи за градба ке те фати накај 1000е додека за учество е мн повеќе

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
5 август 2019
Мислења
8
Поени од реакции
2
И за доградба можеш преку проектот, нема врска тоа, само еден документ повеќе ти треба и тоа е
Може, знам ама не смееш да имаш ни тула ставено од новиот кат инаку не си кандидат. Комплицирана е работата, според план за градба го има катот во планот, а го нема на имотен лист ( не треба да го има). Кај нас има кренато 1 метар и покрив па го сметаат како изграден кат. Ако сме сакале Купи куќа, купи стан, требало да нема ништо туку да се руши покрив, да се стави плоча па на ново да се крева кат. Без разлика, се одлучивме вака и ќе си тераме, помош ќе беше за сумата што сакавме да ја земаме ама јбг.

За тоа ќе треба уште еден кредит, ако немате од каде ама треба да сте сигурни дека ќе може да ги исплаќате и двата. Ние барем така се одлучивме, едниот отплаќа станбениот (со нешто повисоки рати заради нашата старосна граница), другиот другиот кредит, друго чаре нема.
Супер и со лесно, ич да не ги осетите ратите :) Ако земавме стан и ние така ќе направевме. Ама остануваме во куќата со старите и нема толку да не чини како стан (до кај 25000 евра максимум, ако запнеме може и со 20 да поминеме)
 
vakemk

vakemk
Член од
18 февруари 2009
Мислења
39
Поени од реакции
3
Здраво,
Ме интересира дали овој проект важи исклучиво за нови градби на станови или може и за купување на старо?
Фала однапред.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Поднел некој?
Автоматски споено мислење:

Многу си чекал. Па после неколку месеци истекува валидноста на документите.
Автоматски споено мислење:

за градење на куќа зема?
Дечки колку време чекавте од министерство имаме аплицирано чекаме еден месец веќе од банка е се во ред колку време ви траеше чекањето од миностерство??
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
8
Поени од реакции
2
дали некој има искуство за време на градбата на куќа дали може да се прават измени на внатрешноста и на кровот ,пример кај мене е со керамиди а би сакал да го направам со лим-панел , и имам во проектот баџа но сакам да не ја правам ,дали може помош
 
Kajgana Shop

На врв Bottom