- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.665
- Поени од реакции
- 12.061
Темава е за нови станови и куќи, па доколку некој ја пропуштил информацијава за новите елементи, магнезитни плочи, кои се вградуваат во објектите...
Огромен градежен скандал ја тресе Европа, засегната е и Македонија!
Лесните магнезитни градежни плочи, кои последните неколку години беа исклучително популарни на европските пазари, можат да ја загрозат безбедноста и трајноста на објектите во кои се вградени. Само во малата Данска, која има 5,6 милиони жители, вкупната штета се очекува да надмине 500 милиони евра!
Магнезитните градежни плочи беа опишувани како еколошко и трајно решение, универзално применливи, водоотпорни, отпорни на мувла, отпорни на удар, со добри изолациски карактеристики… Со такви својства и со својата атрактивна цена, за многумина беа логичен избор и брзо се наметнаа на пазарот, вклучувајќи ја и Македонија.
Македонскиот пазар ги нуди овие плочи последниве година – две и веќе се употребени на неколку објекти меѓу кои и во најголемите проекти низ земјава. Ќе не „изненади” ли и нас вакво нешто?
Е кој ѓаол ќе го знае што вградувале и во кои објекти. Единствено ако се ангажира министерството за транспорт, инспекторатите и другите служби од таа сфера, да се направи листа на зградите каде се вградувани вакви материјали. А што понатаму, ... веројатно ништо, оној кому се погодило, ќе го јаде сосе дршка. Накратко, да искористам да ги наредам сите можни македонски пцовки и за Кина и за нејзиниот "јак пазар".