Купи, досреди, продај... Можно ли е?

Член од
7 јули 2008
Мислења
131
Поени од реакции
4
Има заработка кај ефтините коли а не кај скапите.
Пример може да се најде некој во криза и да земеш добро југо за 500-600 евра (ги има често такви)
Е сеа за да заработеш треба да имаш нормално алат за работа и знаење и простор(работилница).
Па го средуваш за ситни пари 100-300 евра и го продаваш за 1000.
Инаку да средиш таква кола да е во добра состојба валда ке изгубиш добри 2-3 недели ако работиш сам. Секогаш имај во предвид дека излегуваат непланирани проглеми.

Според мене тоа е најизводливо.
А за поскапите коли од форд волсваген и слично некој икс дел може да нечини или да откаже во тој момент и да вреди 500 евра па и во загуба да си

п.с. и јас планирав така да правам ама немам познавање (освен основни од на возачки испит :)
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
traktorist како што има ќар така има и зијан, џабе не рекле ќарот и зијанот браќа
 

ATG

Член од
12 декември 2008
Мислења
56
Поени од реакции
4
Имам Peugeot 104, се мислам дали да го поднаправам и да го продадам или да го однесам во отпад па таму да го продадам на кг. Што мислите???
 
Член од
16 септември 2008
Мислења
323
Поени од реакции
3
Ако не ти смената можиш да го остајш негде со лепенки колата се продава и нека седи мислам дека и повеќе пари можиш да земиш ако е во добра состојба. Во отпад повеќе од 100е не ти дават.
 

_master

*Big Barsa Fan*
Член од
15 август 2007
Мислења
535
Поени од реакции
18
Znam lugje sto mnogu ubavo ziveat od ovoj biznis.Najdobra kola za biznis od germanija e Opel Corsa C.Evtini se tamu okolku 3000 evra carina iskaca okolu 1000 i kusur evra ja doteruvas so 300 evra.3000+1200+300=4500 a ja prodavas ovde za 5000-5500 evra.Dosta e edna mesecno da prodades.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Имам Peugeot 104, се мислам дали да го поднаправам и да го продадам или да го однесам во отпад па таму да го продадам на кг. Што мислите???
Такво нешто, ако неможеш (или несакаш) да си го средиш продај го на некој кој сака старини :) И кој ќе и врати младоста и шармот.
Toa e веќе јангтајмер, кај и да е и олдтајмер ќе стане.
Греота е да стане материјал за шајки, евентуално ограда или слично.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Имам Peugeot 104, се мислам дали да го поднаправам и да го продадам или да го однесам во отпад па таму да го продадам на кг. Што мислите???
Мислам да туриш слика да го видиме Пежото, па ако се исплати да се инвестира во него ке извадиш повеќе пари да му го продадеш на некој ентузијаст отколку да го фрлиш на отпад за 5.000 денари.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
додека има овци за шишање,ќе има и шишање....така да МОЖНО Е:vozbud:
 

ATG

Член од
12 декември 2008
Мислења
56
Поени од реакции
4
Peugeot 104 SL Произведена 1978, 42kw, 1100ccm. Кај крилата е малце скапана ми рекоја дека за 100 евра се прајт, и фали еден штраф шо го држи моторот. Бајдвеј, ја возев до пред 2 недели и одеше добро... Сега ми помина регистрацијата...

Само оваја слика ја имам во ком. а моментално не сум дома за да ја сликам ама мислам дека врши работа
 

Attachments

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Сликни ја подетално, и стави ја во купувам продавам со цена. Па ке се најде некој. Јас знам 2-3 луѓе што бараат ефтино возилце во добра состојба, а вака твоево личи дека не е многу лошо.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
На mobile.de се веродостојни. Имам нарачувано возила од таму... Постапката оди вака. го наоѓаш возилото што ти се бендисува, најдолу има телефон. Се јавуваш и прво што прашуваш за цената (секогаш може да се ценкаш и да намалиш 200-300 евра). Потоа доколку ти одоговара можеш да ја резервираш за одредено време. Не наплаќаат пари, а огласот веднаш го одстрануваат по резервацијата. За да резервираш треба да им пратиш факс со детали од огласот (опис на возилото) и твои лични податоци (или на оној што ке оди да ја земи колата). Потоа тие ти ја чуваат колата (мислам дека најмногу до 2 недели е резервацијата) и ако не ја земиш (или не ја откажиш преку факс), имаат право да те тужат и да бараат надоместок (400-500 евра штета) и да знаеш дека ке те тужат. Ако откажиш преку факс, никому ништо, го враќаат огласот за 10 минути. Единствено бараат да имаат документација.

Бато од странство во Мк може да се увзе возило над 2002 година! До 4.000 евра во Германија само удрени возила се наоѓаат, + трошоци до оправање, увоз и сл. На крај 90% од луѓето ке ти речат дека ке земат Спарк, Дачиа Логан или ке додаде уште 2.000 евра на тие (претпоставка дека 6.500 ке бараш) и ке вози нова кола бре....
Прашање:

5% данок со ЕУ,
18% ДДВ,
?% акциза = Колку е акцизата? Знам дека за до 1000ccm3 нема акциза, што значи може да се купува да речеме Сеиченто од 2003 година само со 23% од цената од Германија? И дали е битно дали ја купуваш колата од официјален пазар или од физичко лице? Бидејки слушам од пазар (компанија што продава коли) ти враќаат ДДВ (Германското што е 19%)!

Ако е така тогаш Сеичентото ти доаѓа само 4% плус од цената што ја купуваш (23%-19%) а со добро ценкање ќе си ја исплатиш и таа цена, па доаѓа за 1500-2000 евра купуваш Сеиченто од Германија.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Немам носено од таму кола, тоа вујко ми, ке го прашам поточно како оди.

За данокот мислам дека нешто враќаат ама не сум сигурен колку и како. Да не испадне дека треба да ја увезиш во Мк за да ти вратат данок во Германија.

Инаку да за возило под 1000 кубици нема акциза. Фиат Сеиченто, Сузуки Свифт, Пежо 106... А на цената на возилото треба да додадеш следново: карта за авион 100е, пат до аеродром 40е, престој во Германија и шетање 100е, патот за назад 200-250е зависи од каде идеш + трошоци за храна. Значи горе долу да се довлечка една кола требаат 450-500е најминимално. Ама овде се хохштаплери, ке те одерат од пари. Прво треба еуро 4 да исполнува, повеќето возила што го имаат тој стандард се од 2004 па навака. Потоа имаш еден тон давачки, А-тест 100е, хомологација 100е, царина по каталог (колку понова колата толку помала амортизација има = повеќе царина да платиш), на сето тоа ке ти турат 18% ддв.

За на крај ја имаме најдобрата заебанција во цел свет. Отако се ке платиш, ја поминуваш и регистрацијата, документите се испраќаат во МВР Скопје, каде што се проверува со интерпол дали колата е крадена. Конкретно за мојата Фиеста седеа 1 месец, а за на тетками Астрата 2 месеци. Во тие 1-2 месеци, не смееш да ја возиш колата, а најтрагичното е што регистрација и осигурување ти течат!

Тоа толку ме изреволтира, па маме ви ебам, не можете прво да проверите дали возилто е во ред па потоа раат човек да си брка работи? Што ако речат дека е крадено? Отиде возилото јабана, а и џабе си тупнал еден тон пари, најмногу за нашата смрдена држава во која патиштата се писти, па за 2 недели ке треба да менуваш јабучици, лагери, амортизери.
 
Член од
16 септември 2008
Мислења
323
Поени од реакции
3
Можи ке се направат патиштата за 10год. Ете Талевски еден куп улици ни направи во Битола.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.651
Поени од реакции
1.597
малце ОТ отидовме ама.....
-за увезување од словенија,следуваат истите ср*ања што ги напиша Џиш и Блогерџија,или е нешто поолеснително?
p.s:пишете некоја словенска веб за количиња,ово-оно....:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom