Дали ги боли ... хммм, секако дека се под анастезија додека трае купирањето, али за потоа кога ќе се освестат, можно е да ги боли, сепак, тоа е тукушто сошиена свежа рана.
Мада вака по понашање, јас не забележав никаква болка кога и ги купирав ушите на мојата Доберманка.
Ушите ОБАВЕЗНО мора да бидат врзани во фишбани, во првите десетина дена додека да зарасне сечениот дел од увото.
Потоа се оди со секојдневни преврски
Јас точно 3 месеца изигравав доктор по дома, секоја вечер (а некад и преку ден) само врзи преврзи правев ... буквално експерт станав за преврски правење
Еден тон фластери потрошив, да ми кажеше некој претходно дека у живот толку фластери ќе се изнакупувам, буквално ќе му се изнасмеев во лице ... али ете и тоа го дочекав
Обавезно секоја вечер ушите мора да се врзани во фишбани, затоа што ако го оставиш ноќта да спие со неврзани увциња, можно е да го прецвика увото, и ко скршено да биде ... а тоа веруј нејќеш да ти се деси, бидејќи на ништо нема да личи кучето, џабе си му ги сечел ушите.
Добро додуша овој муабет што ти го кажав, повеќе важи за Доберманите, бидејќи Доберманите носат ептем високи уши, особено на мојава Доберманка, ушите скоро и да не и се воопшто скратени, можда 1 цм. само, значи ептен високо и се оставени, само се обликуваше увото во „ес“ форма ... или да се изразам у наш Доберманџиски жаргон, формата на увото се вика пламенче.
А што повисоко уво, толку е потешко да се крене ... затоа Доберманите се едни од најтешките раси за подигање на ушите, додека да им се зацврсти р'скавицата, затоа што носат ептем високи уши.
Значи пред се' на почетокот изгледа комплициран целиот тој процес на врзување и преврзување ... мене по 15 минути ми требаа на почетокот да и го преврзам само едното уво, по пола саат и ги преврзував двете уши ... али со тек на време, се' е до искуството, потоа буквално за 2 минути и ги преврзував двете уши.
Напорна работа ... која што подоцна за цел живот и тоа како се исплати
Кај тебе ќе биде полесно, бидејќи Дого Аргентино носи куси уши, така да и подигањето ќе биде многу поедноставно, побрзо и полесно.
За останати прашања, бујрум.