Што се однесува до бојата ако сакаш беж, тогаш искомбинирај го со сиви плочки и така ем ќе биде по твој вкус, ем нема купатилото да ти биде монотоно.
Прво, вратата на средина ти е дефинитивно најголем проблем и мислам дека треба да ја преместиш. Второ не ни кажа на кој ѕид ти е вратата..........., дали на оној со должина од 2 или на оној со должина од 2,5 метри.
Јас би го направил вака, т.е. ова ти го препорачувам..........
1. Туш кабина
2. Шоља и казанче
3. Лабаво
4. Машина за перење
5. Полици
6. Врата
Вратата обично има ширина од 70 центиметри, а шољата со казанчето околу 60 - 70 центиметри. Што значи дека кај ѕид со ширина од 2,5 метри ти останува метро и нешто празен простор (во случај кога вратата е отворена). Туш кабината убаво е од страната која е свртена кон лабавото да ја преградиш (со цигла, гипс картон...), а од страната кон шољата да има завеса за туш кабина или лизгачка врата. Машината и лабавото да бидат едно до друго поставени, а одозгора затворени со мермер или некоја иверица (како оние што се за во кујна). Кај лабавото имаш ставено огледало, а над машината можеш да ставиш некои полици. Измеѓу туш кабината и лабавото имаш простор од пола метро или нешто помалку од пола метро.
Има еден куп начини за како да ги поставиш работите/елементите во купатилото. Ова што јас ти го предложив е еден од нив.