Кунг Фу vs Аикидо

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
кунг-фу е кинескиот,а аикидо е јапонскиот да се знае има голема разлика,е сега да кажеш кое е подобро од овие двете е тешко да се каже зошто,затоа што тоа зависи од личност и карактерот, на пример смиреност и сталоженост на личноста и од тие две вештини може да се однесуваат така. За оние што не знаат како изгледа аикидо а тоа е како на Стивен Сегал во филмовите,а ако би бирал од овие две,јас би бирал третото Капоера ем ќе танцувам ем ќе имам добра кондиција ем ќе имам добра одбрана и добар напад,бидејќи тешко е да стане многу добар кунг-фу МАСТЕРС тоа треба да почнува уште од мали нозе;)
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
84
Поени од реакции
16
За сите што кажаа дека сум сакал да се тепам,тепаџија и слично...имаше тема за Повреди во Бокс и Клубови за Бокс толку...во темата Повреди за Бокс сакав да дознаам дали во почетокот aко се запишам може да добијам големи повреди и др...а во Клубови за Бокс сакав да дознаам каде има некој Бокс клуб во Скопје...во темиве не гледам ништо лошо само прашувам и барам одговори немора да значи ако сум прашал каде има Бокс Клуб или дали можам посериозни повреди да добијам на почетокот во Бокс....и дај доста со овие глупости прашувам едно зборите друго дај...
 
I

Iblis

Гостин

Се ок, ама оваа тема е премногу субјективна, не постои вештина која е подобра од другата, нема начин како да ги споредиш двете, може да споредуваш мајстори, луѓе кои вежбаат, како се вежба, како се ствара дисциплина, методи и систематизација и на крај се зависи од тебе, ако ти е за ќејф и ти прави ќејф, ќе си ја вежбаш, ако не ќе си смениш, ако ти е за во ринг ќе бараш спортска дисциплина, ако ти е за на улица, биди спремен за ќотек, се зависи од тебе.
Што да ти кажам друго, пробај си, со што и да се зафатиш, прво оди "бос" еден два тренинга, оди да видиш што се работи, за тоа пари не зимаат, често пати првиот тренинг знаат да го "дадат" гратис. Осети што ти лежи, што ти прави ќејф, најди одговорен "учител" и ќе немаш повреди.ОК, може ќе имаш по некоја модринка повремено, ама кој и да е, ако си ја знае работа, ќе те научи како да избегнеш посериозни повреди и нема да те става во ситации после кои би можел да се стекнеш со истите.
Ако не сум грешка, за СК бараш, има доста Аикидо,бокс и кик бокс клубови(не знам за кунг фу).Прошетај убиј недела-две и почни да тренираш. Овде на форум, такви работи не се учат.
 
\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Па да , во реално аикидо додека тренирате противникот дреме , а додека во традиционалното аикидо противникот (укето) се движи и задава удари. Во Реално , противникот демек е во став и ти ми правиш што сакаш...и после мислиш дека сето тоа ќе го искористиш...нормално ќе го искористиш ако се степаш со некоја пензионерка од 80 години.

Оди степај се со некој мајстор по традиционално аикидо и ќе видиш дали е глума...
Добро. Сретни се некад со Љубомир Врашаревич на некој семинар да видиш како е да лупнеш на земја. Јас бев... Не беше добро. Кај нас во Македонија традиционално аикидо е срање искрено. За тоа азијците не знам, може сум грешка.
 
Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45

Факт е дека во Македонија најголемиот дел од тренерите по традиционално аикидо не ги бива, но верувај ми, има и такви што се стварно добри. Јас тренирав 4 години реално аикидо. Еднаш учествував на семинар на традиционално аикидо, организиран од страна на не толку познат клуб за традиционално аикидо од Скопје и можам да ти кажам дека дечките се стварно добри. Имаат многу добра техника и разбрав дека следат мајстор кој е Јапонец. Имав прилика на семинарот да вежбам со дечки што тренираат таму и можам да ти кажам дека се стварно спремни. Лично познавам некои од нивните поранешни ученици. Генерално, традиционалното аикидо е многу добра вештина, но треба многу време за да се усовршиш. Од друга страна, јас се откажав од реалното аикидо, бидејќи за 2 години стигнав до црн појас (кога толку брзо се стигнувало до црн појас во било која вештина?)

П.С. Секоја чест за мајсторот Љубо Врачаревич, човекот стварно беше машина во секој поглед. Но затоа, дел од неговите ученици кои сега се инструктори, не би ги коментирал, тие си се посебна приказна.

П.П.С. Отвори на јутуб доколку те интересира видеа од легендарни мајстори по традиционално аикидо (Toshiro Suga, Hiroshi Isoyama, Kazuo Chiba, Nobuyoshi Tamura...) и да видиш како тепаат Азијците :D
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443

Азијците секако не тепаат затоа што во аикидо нема удари ниту борби, се тренираат исклучиво зафатни техники и договорени движења. Самата доктрина на аикидо после втората светска војна е исклучиво во мирољубива конотација што била една од барањата на американската власт за да дозволи понатамошно практицирање на вештината.
 
Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45
Азијците секако не тепаат затоа што во аикидо нема удари ниту борби, се тренираат исклучиво зафатни техники и договорени движења. Самата доктрина на аикидо после втората светска војна е исклучиво во мирољубива конотација што била една од барањата на американската власт за да дозволи понатамошно практицирање на вештината.
Не знам колку си во тек, ама станува збор за боречка вештина. А во боречките вештини, се е дозволено. Кој рекол дека нема удари? За да научи човек да се брани, мора да научи да напаѓа. Остави што ти кажува интернетот, доктрини и слично. Аикидото како боречка вештина, има два дела: првиот дел е кихон (односно основни техники) кои ги има насекаде по интернетот и јутуб и црно аикидо (на јутуб ќе го најдеш како combat aikido и некои други слични изрази) кое е составен дел на јапонските специјални единици и на полициските единици ширум светот. Штета е што интернетот не покажува нешто повеќе од основни техники, па така луѓето насекаде сметаат дека само полугите и тие акробатски движења само се составен дел од аикидото. Земи го за пример Горан Комазец. Типот покрај аикидо, тренира уште неколку вештини и е машина. Еве ти една негова мала, постара аикидо демонстрација https://www.youtube.com/watch?v=5rEtgNAvr4I Генерално не сме запознаени со другата страна на аикидото, онаа што опфаќа и напаѓачки елементи, затоа што многу аикидисти во светот го проповедаат само тој кихон дел. И кај нас во Македонија е така, затоа многу е потценето како вештина. Истото го имаше спомнато и мајсторот на семинарот што го посочив погоре: дека аикидото е боречка вештина, а во боречките вештини се е дозволено. За тоа што пиша дека нема борби, да, во право си, нема борби и има многу дебати на таа тема, но ако има борби, тогаш ќе треба да бидат ограничени со правила. Како и да е, генерално, тоа што кај нас секој фејкер со малку јутуб и филмови со тепање станува тренер, тоа е друга дебата (секоја чест на исклучоци, има и такви кај нас). Баш поради тие таквите, многу боречки вештини се потценети. :)[DOUBLEPOST=1488668584][/DOUBLEPOST]
Самата доктрина на аикидо после втората светска војна е исклучиво во мирољубива конотација што била една од барањата на американската власт за да дозволи понатамошно практицирање на вештината.
Можеби затоа што на Американците им било страв од Јапонците? :toe:
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не знам колку си во тек, ама станува збор за боречка вештина. А во боречките вештини, се е дозволено. Кој рекол дека нема удари? За да научи човек да се брани, мора да научи да напаѓа. Остави што ти кажува интернетот, доктрини и слично. Аикидото како боречка вештина, има два дела: првиот дел е кихон (односно основни техники) кои ги има насекаде по интернетот и јутуб и црно аикидо (на јутуб ќе го најдеш како combat aikido и некои други слични изрази) кое е составен дел на јапонските специјални единици и на полициските единици ширум светот. Штета е што интернетот не покажува нешто повеќе од основни техники, па така луѓето насекаде сметаат дека само полугите и тие акробатски движења само се составен дел од аикидото. Земи го за пример Горан Комазец. Типот покрај аикидо, тренира уште неколку вештини и е машина. Еве ти една негова мала, постара аикидо демонстрација https://www.youtube.com/watch?v=5rEtgNAvr4I Генерално не сме запознаени со другата страна на аикидото, онаа што опфаќа и напаѓачки елементи, затоа што многу аикидисти во светот го проповедаат само тој кихон дел. И кај нас во Македонија е така, затоа многу е потценето како вештина. Истото го имаше спомнато и мајсторот на семинарот што го посочив погоре: дека аикидото е боречка вештина, а во боречките вештини се е дозволено. За тоа што пиша дека нема борби, да, во право си, нема борби и има многу дебати на таа тема, но ако има борби, тогаш ќе треба да бидат ограничени со правила. Како и да е, генерално, тоа што кај нас секој фејкер со малку јутуб и филмови со тепање станува тренер, тоа е друга дебата (секоја чест на исклучоци, има и такви кај нас). Баш поради тие таквите, многу боречки вештини се потценети. :)[DOUBLEPOST=1488668584][/DOUBLEPOST]

Можеби затоа што на Американците им било страв од Јапонците? :toe:
Аикидото е боречка вештина чија основна намена е духовен развој и се состои од зафатни одбрамбени техники. Ударите не се составен дел од вештината основана од Морихеи Уешиба ниту било каде се составен дел на официјалниот курикулум. Аикидото не познава термин combat aikido (ниту било кој сличен) затоа што се коси со основите принципи на вештината ниту пак такво нешто се спомнува во аикидо литература (Коичи Тохеи, Гозо Шиода итн.).

Тоа што е можно одредени мајстори да додаваат елементи во основната вештина на која и даваат и друго име задржувајќи го зборот аикидо (како што е примерот со Врачаревиќ) меѓутоа тоа не е оригиналното аикидо на Уешиба.
 
Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45
Аикидото е боречка вештина чија основна намена е духовен развој и се состои од зафатни одбрамбени техники. Ударите не се составен дел од вештината основана од Морихеи Уешиба ниту било каде се составен дел на официјалниот курикулум. Аикидото не познава термин combat aikido (ниту било кој сличен) затоа што се коси со основите принципи на вештината ниту пак такво нешто се спомнува во аикидо литература (Коичи Тохеи, Гозо Шиода итн.).
Мислам дека погрешно се разбравме, веројатно затоа што погрешно се изразив. Не, црно, улично, combat аикидо како поими се применува вака, наречито, веројатно да се посочи за каков принцип на вежбање се применува. Секако дека изворното аикидо не познава такви термини. Од друга страна, од лично учество на семинар кај Јапонец (еден од многуте ученици на Осенсеи), можам да кажам дека тој на семинарот се потруди да ни го објасни концептот зад аикидото. Филозофската страна концепирана од самиот Морихеи Уешиба е така како што ја кажа, секако дека тој се залагал за „борба без борба“ и точно е тоа дека во литературата не се спомнуваат никаде ударите. Лично тој, Јапонецот (не ми текнува името, затоа се служам со тој израз; ако успеам да го најдам на интернет, ќе ти пратам линк) нам ни потврди дека и покрај тоа учење на Осенсеи, а и другите хардкор ученици на Осенсеи, сепак теоретската основа и практичната примена биле различни. Самиот Осенсеи пред втората светска војна бил хардкор вежбач и имал навистина моќна техника, но како што стареел, нормално и телесно опаѓал, затоа и се јавиле тие подоцнежни, повоени филозофии. Сите негови филозофски дела и негово повоено учење се базира на тој концепт, дека ударите нанесуваат повреда и не би требало да се користат. Но, од друга страна, како што реков погоре, теоријата и праксата биле различни. Сите ученици на Осенсеи кога го пренесувале аикидото низ светот си додале свои елементи и слично, но коренот останал ист. Затоа денес има многу школи низ светот, па дури и следбениците на овие школи, развивале свој начин на изведување на техниките. Сега да не навлегуваме во детали, затоа и Гозо Шиода (кога веќе го спомна) не бил задоволен од тој концепт што го имал Осенсеи и затоа се одделил од оригиналната Аикикаи школа и основал своја Јошинкан школа.[DOUBLEPOST=1488672725][/DOUBLEPOST]
Тоа што е можно одредени мајстори да додаваат елементи во основната вештина на која и даваат и друго име задржувајќи го зборот аикидо (како што е примерот со Врачаревиќ) меѓутоа тоа не е оригиналното аикидо на Уешиба.
Тоа што некој пробува да измисли топла вода е друга тема за дискусија. Аикидото е начин на живот, зарем не? На крај краева, секој си го прави своето аикидо, држејќи се до концептот. Барем мене така ме учеа, хаха :D:D
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Мислам дека погрешно се разбравме, веројатно затоа што погрешно се изразив. Не, црно, улично, combat аикидо како поими се применува вака, наречито, веројатно да се посочи за каков принцип на вежбање се применува. Секако дека изворното аикидо не познава такви термини. Од друга страна, од лично учество на семинар кај Јапонец (еден од многуте ученици на Осенсеи), можам да кажам дека тој на семинарот се потруди да ни го објасни концептот зад аикидото. Филозофската страна концепирана од самиот Морихеи Уешиба е така како што ја кажа, секако дека тој се залагал за „борба без борба“ и точно е тоа дека во литературата не се спомнуваат никаде ударите. Лично тој, Јапонецот (не ми текнува името, затоа се служам со тој израз; ако успеам да го најдам на интернет, ќе ти пратам линк) нам ни потврди дека и покрај тоа учење на Осенсеи, а и другите хардкор ученици на Осенсеи, сепак теоретската основа и практичната примена биле различни. Самиот Осенсеи пред втората светска војна бил хардкор вежбач и имал навистина моќна техника, но како што стареел, нормално и телесно опаѓал, затоа и се јавиле тие подоцнежни, повоени филозофии. Сите негови филозофски дела и негово повоено учење се базира на тој концепт, дека ударите нанесуваат повреда и не би требало да се користат. Но, од друга страна, како што реков погоре, теоријата и праксата биле различни. Сите ученици на Осенсеи кога го пренесувале аикидото низ светот си додале свои елементи и слично, но коренот останал ист. Затоа денес има многу школи низ светот, па дури и следбениците на овие школи, развивале свој начин на изведување на техниките. Сега да не навлегуваме во детали, затоа и Гозо Шиода (кога веќе го спомна) не бил задоволен од тој концепт што го имал Осенсеи и затоа се одделил од оригиналната Аикикаи школа и основал своја Јошинкан школа.[DOUBLEPOST=1488672725][/DOUBLEPOST]

Тоа што некој пробува да измисли топла вода е друга тема за дискусија. Аикидото е начин на живот, зарем не? На крај краева, секој си го прави своето аикидо, држејќи се до концептот. Барем мене така ме учеа, хаха :D:D
Во ред, ова веќе има повеќе смисол иако како што напомнав во официјалниот аикидо курикулум во школите по светот удари не се учат. Сепак можно е одредени мајстори како надополнување да ги демонстрираат за своите студенти иако мене таков случај не ми е познат. По втората светска војна одредени ученици задржале дел од предвоените техники (не сите биле согласни со правецот на „мирољубивото“ аикидо) па можно е да си повеќе запознаен со нивниот начин на тренинг додека јас повеќе сум запознаен со линијата на Уешиба.

Убава вештина во секој случај но основната намена секако не и е борба :).
 
Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45
Во ред, ова веќе има повеќе смисол иако како што напомнав во официјалниот аикидо курикулум во школите по светот удари не се учат. Сепак можно е одредени мајстори како надополнување да ги демонстрираат за своите студенти иако мене таков случај не ми е познат. По втората светска војна одредени ученици задржале дел од предвоените техники (не сите биле согласни со правецот на „мирољубивото“ аикидо) па можно е да си повеќе запознаен со нивниот начин на тренинг додека јас повеќе сум запознаен со линијата на Уешиба.

Убава вештина во секој случај но основната намена секако не и е борба :).
Мислам дека на секоја боречка вештина, основната намена не е борба, туку начин на живеење, а потоа самоодбраната. Како и да е, еве ѕирни нешто од стара школа и пресуди сам дали ова би било применливо или не: https://www.youtube.com/watch?v=i0Ate4a3U18, https://www.youtube.com/watch?v=5V7E7vNHUvI, https://www.youtube.com/watch?v=kDkPiuNF2fI

И нешто од „модерново“ аикидо: https://www.youtube.com/watch?v=R7HiR9hr7V0 и ова видео во кое е претставено тоа што спомнав погоре црната варијанта: https://www.youtube.com/watch?v=jeQm1nN6o3w. Во ова видео е претставен новосоздаден систем за самоодбрана за употреба на специјалните единици од страна на Филипинците.

Се најдобро!
 
Фала за видеата, првите се аикидо но вторите не се :). Во оригиналното аикидо нема удари што и се гледа на видеата каде се демонстрираат исклучиво зафатни техники (сосема разбирливо).

Во вторите видеа првото демонстрира имобилизација на вооружен противник со зафат (без удари) каде во одредени случаи при грешка би имало фатални последици додека второто видео дефинитивно не е аикидо (иако се применуваат одредени аикидо техники), нападите се скриптирани и претпоставуваат нетрениран противник за успешна изведба на техниката.

Јас сум повеќе поборник на нескриптиран тренинг и пореални техники но аикидото секако си има своја улога и бенефит :).
 
Секако, да не помислиш дека сум некој аикидо фанатик и го проповедам. Само ја почитувам боречката вештина како таква. Секоја боречка вештина како таква си има свои добри страни и вреди да се посветиш нели? :D
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Секако, да не помислиш дека сум некој аикидо фанатик и го проповедам. Само ја почитувам боречката вештина како таква. Секоја боречка вештина како таква си има свои добри страни и вреди да се посветиш нели? :D
Се согласувам, колку луѓе толку вештини, за секого се наоѓа по нешто. Патот на боречките вештини е интересна авантура која е премногу интересна за откривање :).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom