Кумство и црквата

  • Креатор на темата rymz
  • Време на започнување
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Деновиве една познаничка се мажи, и паднавме во мала дискусија, то ест ми кажа еден детаљ кој ми беше непознат.

Доколку има венчање во црква, тогаш и кумот треба да биде крстен...Тоа некако мене не ми е логично. Зашто кумот да мора да биде крстен. Тој да кажеме не е верник. Зарем влез во куќа господова им е дозволен само на верници?

Еве еден пример. Двајца најдобри другари, кои што цел живот се заедно. Едниот од нив ќе се венча во црква и сака другаров да му биде кум. Арно ама, овој не е крстен, зарем тоа би требало да претставува пречка за да му се исполни желбата на овој за неговиот најдобар другар да му биде кум?
Поради кои причини е потребно и кумот да биде крстен? Дали е тоа некаде напишано во библијата, или е само еден обичај кој што поповите го применуваат поради нивни некои си причини.

Баш би сакал да слушнам повеќе детаљи на оваа тема, дека можеби утре јас ќе бидам кум на некој, па нема шанси да се крстам поради тоа.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ова на нас ни се деси и појма неам ни ја зошто е така. Кога сакавме да ја крштеваме постарата ќерка, го земавме за кум еден наш добар другар, кој е католик. Свекор ми, ко што знам, го излажал попот дека ја сум крстена и дека ја и маж ми сме земени у црква за да ни дозволи детето да се крсти (мене лично не ми беше битно, али желба беше на маж ми и татко му). Кога стигнавме у црква и све требаше да почне, попот праша што вера е кумот и кога дозна дека не е православен ни кажа дека не може он да биде „прв” кум. Така да, моравме да тражиме од старите луѓе доброволци кој сака да биде кум, тука у црквата, одма пред да почне церемонијата. Глупости живи според мене.
Тоа у српска православна црква (свекор ми е србин). А истиот другар бил кум на македонци и попот наш не направил никаков проблем што он е католик, а не православен.
Појма немам од каде ги вадат овие правила.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Не знам што ти е необично, може ли немуслиманин да биде сведок при исламска венчавка?

Во принцип секој треба да е крстен, безразлика дали е кум дали обичен.
И христијанството и исламот итн. не се демократии, па да бара човек права зошто сум дискриминиран, едноставно такви се работите и треба да бидат почитувани.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
1.044
Поени од реакции
2
па подетално на темата за крштевање имаш тука a кумот најверојатно треба да е крстен оти венчавката е уште една од светите тајни на христијанската религија, па ваљда и сите кои се присутни на венчавката (немислам на гостите, туку на кум,невеста,....) треба да се крстени односно да и се простени гревовите од претходниот живот.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
short1 напиша:
Ова на нас ни се деси и појма неам ни ја зошто е така. Кога сакавме да ја крштеваме постарата ќерка, го земавме за кум еден наш добар другар, кој е католик. Свекор ми, ко што знам, го излажал попот дека ја сум крстена и дека ја и маж ми сме земени у црква за да ни дозволи детето да се крсти (мене лично не ми беше битно, али желба беше на маж ми и татко му). Кога стигнавме у црква и све требаше да почне, попот праша што вера е кумот и кога дозна дека не е православен ни кажа дека не може он да биде „прв” кум. Така да, моравме да тражиме од старите луѓе доброволци кој сака да биде кум, тука у црквата, одма пред да почне церемонијата. Глупости живи според мене.
Тоа у српска православна црква (свекор ми е србин). А истиот другар бил кум на македонци и попот наш не направил никаков проблем што он е католик, а не православен.
Појма немам од каде ги вадат овие правила.
Ако разбрав добро, пошто моите не се земени во црква и татако ми нее крстен неможам ни јас да се крстам (Уште не сум крстен)?
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Bacillus gagous напиша:
Ако разбрав добро, пошто моите не се земени во црква и татако ми нее крстен неможам ни јас да се крстам (Уште не сум крстен)?
Можеш. Тоа што твоите водат грешен живот, не те осудува и тебе по автоматизам.
Но фино би било и тие да се покрстат, никогаш не е доцна.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Bacillus gagous напиша:
Ако разбрав добро, пошто моите не се земени во црква и татако ми нее крстен неможам ни јас да се крстам (Уште не сум крстен)?
Можеш кога сакаш да се крстиш,еве на пример моја другарка се крсти на 29 години!Па и татко ти може да се крсти кога сака!Ако се крстите заедно може ќе добиете и фамилијарен попуст!(мала шала)
 
T

trilobite

Гостин
Првичната улога на кумот не е како што се мисли вообичаено да се искористи за именување на младенчето,туку на прво место има духовна димензија.
Колку што ми е мене познато(од православната традиција)кумовите биле оние кои ги насочувале уште од мали,единките во основите на Христијанската вера и се грижеле за нивниот духовен раст(покрај улогата на родителите).Се водело сметка кумот да биде духовно зрела личност.Затоа останала и толкавата почит према кумството до ден денес,но за жал сега од некои други причини.
Сега ова што се прави нема врска со првичната намена,можеш да викнеш човек онака ради реда,од Гренланд нпр.,привремено колку да се истера адетот и да има кој да му даде име на детето,после тоа дали ќе го види во живот некогаш прашање е..
Основната намена на кумството е благородна,и ја почитувам,а одлуката на црквата донекаде е логична(не велам разумна или правилна или Библиска)ама не може според црковни правила да се даде таква чест на "некрстeн"(тоа значи атеист или нерешителен или потенцијален верник) и притоа да ја оправда основната улога на кумот во животот на детето & семејството.
Инаку директно да одговорам на прашањето на авторот:нема никакви податоци од Библијата за кумство,таа е најверојатно превземена и модифицирана од улогата на духовниот ментор кој се спомнува низ страниците на Новиот Завет.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Абе, вие или не сакате да ја сватите поентата на постот, или стварно не знам...
Не ми терајте муабети дали немуслиман може да биде сведок при муслиманска венчавка (иако може). Исто така не ми треба да знам која е улогата на кумот, туку само причината зашто да не може кумот да биде од друга религија. Со кое право поповите мене да ми кажат дали можам да бидам кум на 24 годишен другар. Дали тоа некаде во библијата го пишува, дека лично на црква и на попои не им верувам дека не ми се релевантни како извор на религија. Или како што веќе кажав, доколку го нема тоа во библијата, сепак е измишљотина од попои и црквата.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
rymz напиша:

Со секое право, со правото кое чинот на венчавање според христијански закони го има.
Во матично никогаш нема проблем да ти направат, не мора да е секој брак озаконет црковно нели? Може да биде само граѓански.
Ако сакаат младите да е црковен, тогаш нека следат правила.
Не е се во Библијата исто ко и што не е се во сурите. Има собори каде се донесуваат закони за помали работи, како на пример, дали кумот треба да биде крстен:)
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
rymz ете трилчо во последниот дел од неговиот пост објасни дека причината да поповите така одлучуваат лежи во нивниот начин на интерпретирање на стариот edit: новиот (мое извинување за грешката) завет. Така да за да јас да можам да му бидам кум на другар ми треба да се крстам, мене во основа и не ми прави некоја разлика ама во твојов случај е малку комплицирана ситуација.
 
T

trilobite

Гостин
rymz напиша:
Абе, вие или не сакате да ја сватите поентата на постот, или стварно не знам...
Не ми терајте муабети дали немуслиман може да биде сведок при муслиманска венчавка (иако може). Исто така не ми треба да знам која е улогата на кумот, туку само причината зашто да не може кумот да биде од друга религија. Со кое право поповите мене да ми кажат дали можам да бидам кум на 24 годишен другар.
Тогаш не барај дозвола од :pop: за кумство,што да ти кажам.?!
Во секој "дом" се почитува и куќен ред,знаеш...
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Никола напиша:
Со секое право, со правото кое чинот на венчавање според христијански закони го има.
Во матично никогаш нема проблем да ти направат, не мора да е секој брак озаконет црковно нели? Може да биде само граѓански.
Ако сакаат младите да е црковен, тогаш нека следат правила.
Не е се во Библијата исто ко и што не е се во сурите. Има собори каде се донесуваат закони за помали работи, како на пример, дали кумот треба да биде крстен:)
Така е, разлика има и во сурите, разлика толку драстична што некои луѓе се повеќе наликуваат на животни...затоа јас си ги следам сурите наводно кажано, така и верувам дека луѓето треба да ја следат и библијата...дека ако така гледаме на попови и црква, самите попови не ги следат 10те божји заповеди, јадат ко стоки дебели се сите, на англиски е "glutony" не ми текнува точно зборот на македонски...и тако даље. Баци, знам бе ман, затоа и ми е чудно зашто тоа да биде така. Кога се работи за странски министри ти реков ми рече, поповите со раширени раце ги чекаат, оти биле странци, влегуваат во куќа господова и што ти ја знам што друго, исто и јас можам да влезам, и факт е дека преку матично пак ќе бидам кум, ама зашто да не можам и да бидам кум, да му ја исполнам желбата на еден долгогодишен другар...

Нели сепак, сите сме луѓе? Лично мислам дека религиите како такви не се наменети за поделба на луѓето, туку за зближување...
 
ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
И ако сме луѓе , венчавката е во црква , господова куќа и има еден чин кај што како кум( то со вртење круни 3 пати ) го крунисваш бракот и даваш благослов за то да го направиш треба да си крстен , симпле ас дат .
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Да но зарем навистина за да држиш круна ти треба да си крстен? Дали има некој воопшто информација дали ова го практикувале и со стариот завет? Или само новиот завет кој што е модифициран го бара ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom