Директорот на Дирекцијата за заштита на културнуто наследство, Археолог Паско Кузман има двојни аршини кога се работи за археолошки локалитети, нормално спрема место положбата на истите, јавува порталот ОхридСкај.
„Познато е дека Пако Кузман одобрува ископувања низ целата држава , нарекувајќи ги концесионери , т.е. трагачи по закопано злато. Паско Кузман иако сака да се прикаже како заштитник на археолошките објекти, заедно со неговата дирекција издале одобрение за градба во Струга , поточно на индивидуална стамбена зграда во Струга , која треба да се гради врз темели на ранохристијанска базилика , а за која стружани со години се борат и протестираат токму поради градбата која требаше да се изврши врз темелите на ранохристијанската базилика . Колку за напомена стружани на оваа место поставија Параклис и бараа од надлежните локални власти да издадат одобрение за градба на Црква . Со ваквата одлука на Паско Кузман ,де факто и по издавањето на дозволата за градба од страна на Општина Струга на инвеститорот , Паско Кузман и покрај сугестијата од Министерството за транспорт и врски и од ресорниот Министер Јанакиевски , не го поништува издаденото одобрение , постапка која може повторно во струга да создадат меѓу верски проблеми .Но на Паско му се може?!“ - се вели во текстот објавен на ОхридСкај.
Извор : Sky MK