Кузман Паско одобрил градба во Струга врз темели на ранохристијанска базилка?

Член од
18 септември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
22
Директорот на Дирекцијата за заштита на културнуто наследство, Археолог Паско Кузман има двојни аршини кога се работи за археолошки локалитети, нормално спрема место положбата на истите, јавува порталот ОхридСкај.
„Познато е дека Пако Кузман одобрува ископувања низ целата држава , нарекувајќи ги концесионери , т.е. трагачи по закопано злато. Паско Кузман иако сака да се прикаже како заштитник на археолошките објекти, заедно со неговата дирекција издале одобрение за градба во Струга , поточно на индивидуална стамбена зграда во Струга , која треба да се гради врз темели на ранохристијанска базилика , а за која стружани со години се борат и протестираат токму поради градбата која требаше да се изврши врз темелите на ранохристијанската базилика . Колку за напомена стружани на оваа место поставија Параклис и бараа од надлежните локални власти да издадат одобрение за градба на Црква . Со ваквата одлука на Паско Кузман ,де факто и по издавањето на дозволата за градба од страна на Општина Струга на инвеститорот , Паско Кузман и покрај сугестијата од Министерството за транспорт и врски и од ресорниот Министер Јанакиевски , не го поништува издаденото одобрение , постапка која може повторно во струга да создадат меѓу верски проблеми .Но на Паско му се може?!“ - се вели во текстот објавен на ОхридСкај.

Извор : Sky MK
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
на паско кузман дедому да не беше базиликата -.-
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.866
sky.mk? Сепак ќе почекам рекација од Паско Кузман.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Плацот е на некоја што има врска со ДУИ.:mad: Цело време го кршеа крстот и не даваа да се направи црква.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
1.875
Поени од реакции
4.540
Ликот и делото на Паско Кузман го поистоветувам како еден од најголемите ****** во државава, еден господ знае што се има "откриено", поготово кога ќе слушне за некој нов "локалитет". Не е далеку од оној што откопува гробови во кочанско, односно е официјално "лице" со одобрение на "див копач". На ваков уште да му дадеш одобрение да издава дозволи за вакви археолошки локалитети немам зборови. Сигурно од локалитетот нема повеќе што да се "ископа". Него камења и темели не го интересираат, освен метал или во случајов до "хартијата" ќе е.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.611
alek_95, што мајка бара "темава" во подфорум ИСТОРИЈА..?!?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.181
Поени од реакции
3.070
Никогаш нема да дозволиме да се изгради било каков објект на таа локација .... како што можеа браќава на кале да ја стопираат изградбата на црквата така ние стружаните не прифаќаме никаква градба ( освем црква ) да биде изградена на таа локација
 

Kajgana Shop

На врв Bottom